Тирингиска Шума

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Положба на Тиригиската Шума во Германија

Тирингиската Шума[1] (Thüringer Wald на германски), се протега од северозапад кон југоисток, создавајќи непрекината верига од стари заоблени планини, предизвикувајќи големи потешкотии во сообраќајните рути, овозможувајќи само неколку можни премини во германската покраина Тирингија. Долга е околу 120 километри и 35 километри широка. Највисоката точка е „Гросер Берберг (Großer Beerberg), 982 метри.

Ренштајг (Rennsteig, понекогаш нарекуван Rennweg) е древна патека која ги следи врвовите долж главниот срт. Сега е позната патека за планинарење и ја обележува традиционалната граница помеѓу доминантниот терен на ридови во средишна Германија и поостриот терен во јужна Германија, граница помеѓу средишна/северна Тирингија и Франконија. Дијалектите и традиционалните облеки се различни на секоја страна на Ренштајг. Ренштајг е исто така предмет на обработка во песната Rennsteiglied, неофицијалната химна на Тирингија.

Тирингиската Шума е позната по замокот Вартбург, во близина на Ајзенах (каде Мартин Лутер престојувал некое време во егзил) и целогодишниот туризам, вклучувајќи ги многуте центри за зимски спортови.

Геолошки, Тирингиската Шума е дефинирана како појас на многу возвишенија и деформирани метаморфни и магматни карпи, кои ги делат од релативни рамните седиментни рамнини на Thüringer Becken (на североисток) од сличните карпести форми во долината на Вера (на југозапад). Реката Шварца, следејќи ја оската на антиклиналата на Шварцбург (Schwarzburger Sattel), ја дели Тирингиската Шума од шкрилните ридови на Тирингија и Франконија на југоисток.[2] Рудните богатства имале важна историска важност во развојот на регионот, на пример во Зул[3] и Илменау.[4]

Поглед од Рупберг близу Цела-Мелис
Поглед на дел од Штицербах

Реки и езера[уреди]

Брана Ора

Североисточниот дел на планините припаѓа на сливот на десните притоки на Апфелштет, особено Шмалвасер и левите притоки на Ора, особено Кернвасер, преку Апфелштет, Гера и Унштрут во Зале. Апфелштет се влива во малото вештачко езеро Тамбарц-Дитхарц, а Шмалвасер и Ора во поголеми езера.

Јужниот дел припаѓа на сливот на Асбах, кој се влива во реката Штиле во Шмалкалде и во Хазел, реките и потоците на Шварца,[5] Хезелбах,[6] Лихтенау и Бах аус Албрехтс во Вера.

Планини[уреди]

Главните карпи на Gebrannten Stein (897 метри)
  • Шиценберг (Schützenberg, 904 м, главен срт југозападно од Оберхоф)
  • Грајфенберг (Greifenberg, 901 м, главен срт западно од Оберхоф)
  • Гебрантер Штајн (Gebrannter Stein, 897 м, јужно од Ренштајг, северно од Цела-Мелис)
  • Донерсхаук (Donnershauk, 894 м, главен срт)
  • Шмалкалдер Лојбе (Schmalkalder Loibe, 886 м, главен срт во западниот дел)
  • Гросер Хермансберг (Großer Hermannsberg, 867 м))
  • Рупберг (Ruppberg, 866 м, југозападно страна)
  • Гросер Бухенберг (Großer Buchenberg, 813 м, северно од главниот срт и југозападно од браната Шмалвасер)
  • Кремерод (Krämerod, 765 м, главен срт во крајниот северозапад)
  • Шварцер Копф (Schwarzer Kopf, 749 м, краен југ, југозападно од Цела-Мелис)
  • Зигелберг (Siegelberg, 734 м, краен североисток, југоисточно од Лујзентал)

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

  1. Elkins, T H (1972). Germany (3rd ed.). London: Chatto & Windus, p. 288-9. ASIN B0011Z9KJA.
  2. Bergmanssverein-erfurt.de
  3. Eigenstrasse.de
  4. Ilmweb.de
  5. Шварца е наречена Хазелбах во нејзините горни текови и Шенау во нејзините средни текови
  6. Хезелбах е исто така наречена Dürre Hasel

Надворешни врски[уреди]

Шаблон:Планини во Германија