Тим Бернерс-Ли

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Тим Бернерс – Ли)
Тим Бернерс-Ли

Тим Бернерс-Ли (англиски: Tim Berners Lee; р. 1955) — англиски информатичар кој, во Европската лабораторија за јадрена физика во Швајцарија CERN, пишува предлог за изработка на единствен хипертекстуален програм за расределба на податоците помеѓу луѓето, т.е. сѐ уште само на научниците бидејќи 1989 г. сè уште немало голем број на домашни сметачи и имало многу мал број на корисници на семрежјето (интернетот).

Овој англиски научник на Божиќ во 1990 г. ја воспоставил првата врска помеѓу HTTP-клиент и опслужувач преку семрежјето, со што влезе во историјата како творец на World Wide Web. Сер Бернерс е и еден од основачите на W3C, телото кое го надгледува развојот на WWW. Вработен е на MIT, најценетиот технички универзитет во САД, а иднината на семрежјето ја гледа во семантичкиот веб-паметен систем на организација на податоците на семрежјето, кој на машините ќе им овозможи подобро сфаќање на човековите потреби, а со самото тоа и ќе даде подобар одговор на нив.