Тим

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Тим во работна атмосфера

Тим е група на луѓе кои се стремат заедно кон иста цел. Тимовите се соодветни за извршување на задачи кои имаат висока комплексност и многу меѓузависни подзадачи. Не сите групи се тимови. [1]Тимот е група која што е меѓусебно зависна и одговорна за целокупната изведба. Една група се квалификува како тим само доколку сите членови се фокусирани на меѓусебно помагање за да ја достигнат заедничката цел. Ова не значи дека индивидуата повеќе не е значајна, но значи дека ефективна и ефикасна тимска работа оди подалеку од индивидуални достигнувања. [2] Тимовите вообичаено имаат членови со комплементарни вештини кои генерираат синергија низ координиран напор кој дозволува на секој член да ги максимизира своите силни и да ги минимизира своите слаби страни.

Бизнис теоретичарите кон крајот на 20тиот век го популаризираат концептот на градење на тимови. Постојат различни мислења за ефикасноста на овој нов менаџмент "каприц". Некои гледаат на "тим" како на обичен збор - пречесто користен а премалку корисен. Други го гледаат како лек кој конечно го разбира двожењето на човечките релации и желбата за интеграција кон она што се смета за најдобро за работниците и менаџерите. Други пак верувааат во ефикасноста на тимот, но истовремено го гледаат и како опасен поради потенцијалот за експлоатација на работници - ефективноста на тимот може да е резултат на притисок и надзор од страна на колегите.

Големина и состав на тим[уреди]

Големината и составот на тимот влијаат на процесите и исходите на истиот. Оптималната големина (и состав) на тим е тема на дебати и ќе варира во зависност од задачата која треба да се постави. Според некои студии, за решавање на проблеми оптималната големина на групите е четири членови. Други задачи бараат тим со оптимална големина од 5 до 12 поединци. Помалку од 5 членови резултира со намалени перспективи и скратена креативност. Доколку пак има повеќе од 12 членови, тоа би можело да резултира со зголемен конфликт и зголемена можност за формирање на подгрупи. David Cooperrider предлага дека колку е поголема групата, толку подобро. Ова е поради тоа што поголема група е способна да ги согледа грижите на целиот систем. Така, додека голем тим може да биде помалку ефективен во изведба на одредена задача, Cooperider предлага дека треба да се земе предвид важноста на таа задача бидејќи пред да се одлучи дали тимот е ефективен или не, најпрво треба да се идентификува она што треба да се постигне. Во однос на составот, сите тимови имаат елемент на хомогеност и хетерогеност. Колку е похомогена групата, толку по кохезивна ќе биде истата. Колку е похетерогена, толку поголеми разлики во перспективите, и зголемен потенцијал за креативност, но и за конфликт. Членовите на тимот вообичаено имаат различни улоги, како тим лидери или агенти. Големите тимови може да се поделат и на под-тимови, според потребите. Многу тимови проаѓаат низ циклус на промени, идентификувани од Bruce Tuckman како: формирање, внатрешен конфликт, нормирање, извршување и распуштање (Forming, Storming, Norming, Performing & Adjourning).

Видови тимови[уреди]

Независни и внатрешно зависни тимови[уреди]

Од особена важност е и концептот на различни типови тимови. Постои разлика помеѓу независни и внатершно зависни тимови. Внатрешно зависниот тим:

  • Нитуедна значајна задача не може да се постигне без помош на било кој од членовите;
  • Членовите вообичаено се специјализирани за различни задачи;
  • Успехот на секоја индивидуа е непосредно врзан со успехот на целиот тим.

Од друга страна, кај независниот тим:

  • Дејствието е водено од различни индививуи или партнери, во одреден период;
  • Секој член во основа ги изведува истите дејствија;
  • Победата или загубата на еден од членовите нема директен импакт на следниот кој ќе го води дејствието;

Само-управувачки тим[уреди]

Вообичаено менаџер дејствува како лидер на тимот и е одговорен за дефинирање на целите, методите и функционирањето на тимот. Хиерархискате модели на контрола најчесто не се најдобри за справување со внатрешните зависности и конфликти помеѓу различни делови на една организација. Само-управувачките тимови користат јасни граници за да созадат слобода и чувство на одговорност на ефикасен начин. [3]

Проектен тим[уреди]

Тим кој постои на однапред дефинирано време, и за одделна конкретно дефинирана цел.

Виртуелен тим[уреди]

Виртуелен тим претставува група на луѓе кои работат завсжисно еден од друг, со заедничка цел, низ просторот, времето и организациските ограничувања, користејки технологија да комуницираат и соработуваат. Виртуелни тимови можат да бидат лоцирани низ една земја или светот воопшто, ретко се сретнуваат лице во лице и вклучуваат членови од различни култури. [4]

Интердисциплинарни и мултидисциплинарни тимови[уреди]

Мултидисциплинарни тимови вклучуваат неколку професионалци кои независно третираат неколку сегменти на проблемот, фокусирајќи се на сегментот кој е нивна специјалност. Проблемите кои се третираат може но и не мора да се поврзани со другите проблеми на кои се фокусирани останатите членови на тимот. Кај интердисциплинарни тимови, чести се промените во улогите на членовите од суштинскиот тим, кои можат да преземат задачи обично исполнети од други членови на тимот. [5]

Тимска работа[уреди]

Тимска работа е заедничко дејствие на група луѓе во која секоја индивидуа ги подредува своите индивидуални интереси и мислења на единството и ефикасноста на групата. Негување на тимската работа подразбира креирање на работна култура која ја вреднува соработката. Луѓето кои живеат и функционираат во околина која охрабрува тимска работа веруваат дека размислувањето, планирањето, одлуките и дејствијата се подобри кога се направени кооперативно. Поединците веруваат и ја асимилираат идејата дека "ниту еден од нас не е добар колку сите ние заедно". [6]

Примена[уреди]

Оригинално, концептот првпат започнува да се употребува во групните спортови, со цел да се нагласи важноста на тимот во играта. Сепак, неговото значење набрзо се проширува во сите ситуации каде постои групна работа. Денес најчесто се употребува во бизнис заедницата, и тоа најмногу во менаџментот на човечки ресурси, со што се придава на значење на добрите односи и соработката меѓу вработените како клучен фактор за успешно работење.

Тим билдинг[уреди]

Тим билдинг опфаќа широк спектар на активности, вообичаено во деловен контекст, за подобрување на изведбата на тимот. Тим Билдингот може да се постигне преку широк спектар на практики, почнувајќи од обични вежби за зближување до комплексни симулации и повеќе дневни тим билдинг одмори дизајнирани да изградат тим (вклучувајќи оценување на групата и игри за групна динамика), и вообичаено спагаат некаде помеѓу. Генерално спаѓа помеѓу теорија и пракса на организациски развој, но истотака може да важи и за спортски тимови, училишни групи, и други контексти. Тим Билдингот не треба да се замени со поимот рекреација на тимот кој се состои од активности за тимови кои се строго рекреативни. Тим Билдинг е важен фактор во било која околина, а неговиот фокус и специјалност е да го извади на виделина најдоброто во римот како би се осигурало само-развивање, позитивна комуникација, лидерски вештини и способноста да се работи блиску како тим за да се реши одреден проблем.

Работините околини имаат тенденција да се фокусираат на индивидуалци и лични цели, а со помош на наградии признанија се израмнуваат достигнувањата на индивидуални вработени. one stop.htm "Како да се создава ефективни тимови е предизвик во секоја организација". Тим билдинг може да се однесува и на процесот на селекција или создавање на тим од почеток.

Причини за тим билдинг[уреди]

Причините за Тим Билдинг вбројуваат:

  • Подобрување на комуникацијата
  • Правење на работиниот простор по пријатен
  • Мотивирање на тимот
  • Меќусебно запознавање
  • Подредување на целите и вредностите меќу членовите
  • Подучување на тимот на стратегии за само-регулација
  • Помагање на учесниците да научат повеќе за себеси
  • Подобрување на продуктивноста на тимот
  • Практицирање ба ефективна соработка со членовите на тимот

Што се тим билдинг вежби и каква е нивната намена?

Тим Билдинг вежбите се состојат од најразлични задачи дизајнирани да ги развијат членовите на групата и нивната способност ефективно да работат заедно. Постојат многу типови на тим билдинг активности кои опфаќаат од детски игри до игри кои вклучуваат комплексни задачи и се дизајнирани за специфични потреби. Постојат и покомплексни вежби кои се состојат од повеќе вежби кои траат повеќе од еден ден. Целта на Тим Билдинг активностите е да им се помогне на тимовите да станат кохезивни единици на индивидуалци кои можат да работат и заедно да извршуваат задачи.

Кој има придобивки од тим билдинг задачите?

Тим билдинг задачите се корисни за сите видови тимови. Некои вежби се дизајнирани за помали тимови, некои за поголеми тимови. Некои се дизајнирани за нови тимови, други се фикусираат на специфични области на кои треба да се работи во веќе воспоставен тим. Во прилог на ова, Тим Билдинг вежбите истотака се за различни возрасни групи. Некои од нив се наменети примарно за одредена специфична возрасна група. Можно е некои од активностите дизајнирани за помлади тимови погрешно да се користат со позрели групи, што придонесува за негативна енергија која често се поврзува со Тим Билдинг вежбите.

Извори[уреди]

  1. http://www.1000ventures.com/business_guide/crosscuttings/team_main.html
  2. http://www.ndt-ed.org/TeachingResources/ClassroomTips/Teamwork.htm
  3. Ken Blanchard. pg 7. "Go Team! Take your team to the Next Level." Berret-Koehler publishing Inc. SanFrancisco, CA. 2005
  4. Kimble et al. (2000) Effective Virtual Teams through Communities of Practice (Department of Management Science Research Paper Series, 00/9), University of Strathclyde, Strathclyde, UK, 2000.
  5. Ferrell, Betty; Nessa Coyle (2006). Textbook of Palliative Nursing (2 ed.). Oxford University Press US. p. 35. ISBN 0-19-517549-2
  6. http://humanresources.about.com/od/managementbooks/tp/little_books.htm

Надворешни Врски[уреди]