Тилна коска (Os occipitale)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Тилна коска
Occipital bone animation.gif
Латински os occipitale
Греева 36 153

Тилната коска (Os occipitale) го гради задниот дел од покривот и задниот дел на черепот.
На средината на коската се наоѓа голем тилен отвор (foramen magnum).
Отворот ја дели коската на четири делови:

  • Преден дел (базиларен)
  • Два бочни делови
  • Заден дел (squama occipitalis)

Делови[уреди]

Преден дел[уреди]

Предниот дел уште е познат како базиларен дел.Тој се наоѓа пред големиот отвор, а неговата горна страна е вдлабната во надолжна бразда каде што лежи продолжениот мозок и мозочниот мост.

Бочни делови[уреди]

Бочните делови на долната страна поседуваат по едно зглобно испакнување наречено тилен кондил кој се зглобува со првиот вратен прешлен (atlas).

Заден дел (squama occipitalis)[уреди]

Задниот дел се наоѓа зад големиот отвор кој што ограничува четири јами во кои лежат одделни делови на малиот и големиот мозок.
Централниот дел од крстот претставува внатрешно тилно испакување (protumberantia occipitalis interna).
На средината од надворешната страна се наоѓа надворешно тилно испакнување (protumberantia occipitalis extera).
Бочно од него тргнуваат коскени гребени за поврзување на задните вратни и грбни мускули.

Повеќе фотографии[уреди]

Надворешна страна  
Внатрешна страна  
Облик на тилната коска