Тилери (дворец)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Дцорецот Тилери која гледа накај дворот на Каруселот околу 1865. Од лево кон десно : јужно крило, павилонот Флор, северно крило, Театарскиот павилјон, Галеријата на машините, Марсановиот павилјон.

Тилери (француски: Palais des Tuileries — некогашен дворец во ценатрот на Париз чија изградба започнала во 1564 г. на барање на Катерина де Медичи, на местото каде порано стоела една од трите циглани изградени во 1372 г, и кои се наоѓале пред Лувр. Зголемувана во тек на подоцнежните кралски владеења, располагала со огромна фасада (долга 266 м) и станала кралска резиденција на многу кралеви (Анри IV, Луј XIV, Луј XVI и воедно на Луј XVIII), а потоа и царска резиденција на (Наполеон I и на Наполеон III) сé до нејзиното уништување од пожар во мај 1871. Урнатините биле расчистени во 1883

Време на Стариот режим[уреди]

На местото каде се наоѓала палатата во 13 век имало фабрики за тули (циглани). Во 14 век, ректорот на Париз, Пјер Дезесар (Pierre des Essarts) тука поседувал имот, наречен „Дом на цигланите“ ((француски)Hôtel des Tuileries), и четириесет акри обработливо земјиште. Во 1500, Никола де Нефвил од Вилроа, кралски секретар за финансии, на ова место изградил дом каде живеела Лујза Савојска. Во 1518, кралот Франсоа I од Франција го купил домот за својата мајка.

Првата изградба[уреди]

Планот на Тилери проектиран од Делорм, и градините
Старата поставеност на палатата обележана со црвено.

Комплексот градби го купила Катерина де Медичи која сакала да го напушти дворецот Турнел каде умрел Анри II. Таа ги срушила фабриките и ги ангажирала архитектите Филибер Делорм, и по неговата смрт во 1570, Жан Билан, да изградат палата западно од палатата Лувр. Првичниот проект бил амбициозен: две големи паралелни градби околу Сена, споени со четири покуси крила кои содржат три внатрешни двора. Но на крајот била изградена само западната зграда која ќе биде наречена Палата Тилери (односно, Палатата на цигланите).

Зградата содржела еден централен павилјон врз кој имало купола, која се сметала за ремек-дело. Околу павилјонот имало две крила. Јужното крило завршувало со павилјон, наречен павилјонот на Билан (конструиран во 1570) додека северното крило не било завршено. Впрочем, Катерина де Медичи, мошне суеверна, одбила да живее во Тилери и живеела во еден дворец (отпрвин наречен дворец на кралицата, а потоа дворец Соасон, денешната париска берза) кој набрзина го изградила во 1574 близу до црквата Сент-Есташ. Легендата вели дека нејзиниот астролог Руџери и претскажал дека ќе умре близу Сен-Жермен » а палатата се наоѓала во близина на црквата Сен-Жермен Локсероа.

Во времето на Шарл IX, изградбата на Тилери постепено престанала. Анри III во палатата направил неколку прослави, но не живеел во неа ; тој побегнал од Париз преку градината на Тилери на 12 мај 1588, во текот на денот на барикадите.

„Големиот цртеж“[уреди]

На почетокот на 17 век, Анри IV решил да ја поврзе палатата Лувр со палатата Тилери изградувајќи една долга галерија долж реката Сена. Тоа го викале „Голем Цртеж“. Оваа Голема галерија (која сé уште постои) била градена од 1607 до 1610 од страна на Жак II Андруе ди Серсо. Во истиот момент, паалатата Тилери била продолжена накај јужниот дел со крило наречено Мала Галерија, кое требало да го поврзе павилјонот на Билан со Големата Галерија: на вкрстувањето на двете згради бил изграден еден павилјон, наречен павилјон на Реката (и прекрстен во Павилјон Флор во 1669). Оттогаш, палатата Лувр и Тилери биле меѓусебно поврзани.

Тилери, Лувр и Големата Галерија во 1615. Планот на Меријан.
Палата и градина Тилери, на крајот на 17 век

По смртта на Анри IV, во 1610, палатата повторно била напуштена еден подолг период.

Потоа, кралот Луј XIV решил да ја продолжи изградбата. Палатата Тилери била дисиметрична: Малата Галерија градена за време на Анри IV не била довршена на северната страна. Меѓу 1659 и 1666, Луј Ле Во и Франсоа Дорбе изградиле еден павилјон наречен „Театарски павилјон“, потоа една галерија наречена „Галерија на Машините“,потоа и еден павилјон наречен „Помонин павилјон“, потоа „Марсанов павилјон[1].

Палатата ја добила својата симетрија и била комплетирана на северниот дел. Сепак, поминале повеќе децении меѓу изградбата на зградите ситуирани на југ од централниот павилјон и на оние ситуирани на север. Градбата на архитектонски план била мошне хетерогена. Затоа кралот наредил истата да биде видоизменета од страна на Ле Во. Централниот павилјон наречен „Часовнички павилјон“) бил целосно реконструиран во класичен стил: поширок, повисок, со голема купола.

На крајот на 17 век палатата Тилери го добила својот лик кој ќе се задржи два века – долга 260 метри, од павилјонот Марсан на север до павилјонот Флор на југ. Западно од палатата се протегала градината Тилери, сé до идниот плоштад Луј XV (денешен Плоштад Конкорд) ; на исток се наоѓал широк двор, наречен двор на Карузелот, и самиот продолжен со плоштад (Плоштад на Карузелот), потоа со еден кварт на стари куќи (кој се наоѓал на местото на денешната стаклена пирамида), и најпосле квадратниот двор на Лувр.

За време на Стариот режим главно во Тилери живееле грофицата од Монтпансие, наречена Големата госпоѓица (од 1638 до 1652), Луј XIV (од 1664 до 1667) и Луј XV (од 1715 до 1722). На 26 август 1728 во Тилери се оддржала ложа на правдата. Палатата потоа била напуштена и во неа главно живееле куртизаните на кралот и некои уметници.

Поради пожар во Пале-Ројал, на 6 април 1763 Операта била преместена во Тилери, во една сала за претстави уредена од страна на Луј XIV во галеријата на Машините, наречена „Сала на машините“ (или „театар Тилери“) ; тука останала до 1770, кога место Операта, тука била сместена Француската Комедија, која останала до 1782, а потоа трупата на „Господинов театар“. Премиерата на „Севилскиот берберин“, на Бомарше, тука се оддржала на 23 февруари 1775.

Револуцијата и конзулатот[уреди]

Заземањето на Тилери

На 6 октомври 1789, Луј XVI, Марија Антоанета и нивните деца се населиле во палатата откако од страна на бунтовниците биле донесени од замокот Версај. За време на Револуцијата, во поранешниот кралски апартман била сместена Марија Тереза од Франција и нејзиниот брат, престолонаследникот Луј. Марија Антоанета била сместена на приземјето, од страна на градината, додека Мадам Елизабет, сестрата на Луј XVI, била сместена на првиот пат на павилјонот Флор. Кралското семејство престојувало 3 години во палатата. На 21 јуни 1791 семејството се обидело да побегне, но било фатено во Варен, и повторно вратено во Тилери.

На 21 август 1792, гиљотината била подигната на плоштадот на Каруселот, источно од палатата.

На 10 мај 1793, Конвенцијата се сместила во Тилери, во Галеријата на Машините. Палатата тогаш била нарекувана Национална палата. Бројни настани тука се одиграле, а воедно и падот на Робеспјер. На 19 февруари 1800, во палатата се населил Наполеон I, првиот конзул. Тој живеел на првиот кат каде што порано се наоѓал кралскиот апартман (тој спиел во собата на Луј XIV, Луј XV и Луј XVI).

Империјата, реставрацијата и Јулската монархија[уреди]

Воено дефиле пред Триумфалната порта на Каруселот 1810

Наполеон I останал во Тилери кој тогаш бил официјалната резиденција на Императорот. Во тоа време палатата била внатрешно декорирана од архитектите Шарл Персие и Пјер-Франсоа-Леонар Фонтен. Плафонот на официјалната трпезарија бил декориран со алегории кои ги претставувале четирите елементи, војната и мирот. Во 1806, истите овие архитекти ја изградиле Триумфална порта на Каруселот. Оваа градба била имитација на портата на Септим Север во Рим, која сé уште постои. На 28 ноември 1804, папата Пи VII, кој дошол во Париз за да го круниса Наполеон, се сместил во палатата, каде престојувал до 4 април 1805, во поранешниот апартман на Мадам Елизабет, на првиот кат на павилјонот Флор. Тука во 1811, се родил и синот на Наполеон и на Марија Луиза, "Кралот од Рим".

Во 1815, Наполеон си заминал од палатата. После него, во палатата дошол да живее кралот Луј XVIII, кој бил единствениот крал на Франција кој умрел во Тилери (1824). Него го заменил Шарл X сé до Јулската револуција во 1830 кога кралот бил избркан од палатата а истата по вторпат во историјата била опљачкана.

Сé до 21 септември 1831, кога во палатата се доселил Луј-Филип со семејството, никој не живеел во Тилери. Кралското семејство живеело во јужното крило. Цела година истата била реновирана и таа операција чинела повеќе од 5 милиони франци. Тогаш палатата го добила својот дефинитивен изглед, според дизајн на архитектите Шарл Персие и Пјер-Франсоа-Леонар Фонтен.

Февруарските настани во 1848 го протерале кралското семејство од Тилери и палатата одново била ограбена. Пред да се претвори во болница за воени инвалиди, палатата станала официјална резиденција на Луј-Наполеон Бонапарта, претседател на Републиката, пред истиот да се прогласи за цар во декември 1852.

Второто царство[уреди]

За време на Второто царство Тилери бил царска резиденција. Царот го задолжил архитектот Луј Висконти да ја обнови палатата. За таа цел биле срушени куќите и уличките што се наоѓале меѓу плоштадот на Каруселот и дворот на Лувр. Најважно, царот го довршил Големиот Цртеж нарачан од Анри IV продолжен од Наполеон проширувајќи ја галеријата долж улицата Риволи. Околу 1870, за првпат палатата Тилери и палатата Лувр биле споени формирајќи една иста целина најпространа и една од највеличествените во Европа.

Галерија[уреди]

Пожар и уништување[уреди]

Опожарената палата.
Поглед од градината на опожарената палата.

Комуната(1871) ја претворила палатата Тилери во театар за прослави и концерти. На 10 мај 1871, била организирана уметничка вечер во чест на ранетите од Националната гарда. На 18, биле оддржани три последователни концерти на кои присуствувала голема толпа луѓе.

На 22 и на 23 мај, комунарите во дворот донеле пет фургони натоварени со буриња барут, нафта, катран и терпентин кои ги наредиле кај централниот паввиљон. На 23, триесеттина луѓе по наредба на комунарите поминале по сите апартмани на палатата и ги намачкале ѕидовите и плафоните со нафта. Палатата горела три дена, топејќи ја бронзата и претворајќи го мермерот во прав. На 27 мај, од Тилери останале само исцрнетите ѕидови.

Од 1872, имало бројни петиции и барања за реставрација на палатата, интегрално или делумно. Впрочем палатата можела да биде повторно изградена бидејќи целосно биле уништени само плафоните, таванот и декорот додека ѕидовите стоеле. Осман, Лефуел и Виоле-ле-Дик предложиле проекти за зачувување на остатоците и реконструкција на нова палата. После многу дебати, Пратеничкиот дом сепак одлучил да се уништат остатоците во 1879 така што истото било сторено, и палатата била срамнета со земја во 1883. Останале само павилјоните Флор и Марсан како и две галерии. Оттогаш од градината на Тилери до Лувр се добило една широка површина, откривајќи ја Триумфалната порта изолирана. Дел од остатоците од палатата (столбови, делови од ѕидовите, камења) биле искористени во други градби. Делови од мермер и камен биле продавани како сувенири па дури и за изградба на еден замок на Корзика, близу Ајачо, Замокот де ла Пунта.[2]

Повторна изградба на палатата Тилери?[уреди]

Од 2003, Национален комитет за реконструкција на Тилери (Comité national pour la reconstruction des Tuileries)[3][4] предлага да се изгради нова палата Тилери наведувајќи повеќе причини за истото а меѓу другото и дека Лувр, со својата пирамида од една страна, и оската на Плоштад Конкорд-Елисејски полиња-Триумфална порта од друга страна, не се симетрични, односно не стојат на иста оска.

Во 2006 била направена проценка на трошоците за евентуална реизградба на палатата и истите се процениле на 300 милиони евра (US$ 380 милиони). Тогашниот француски претседател Жак Ширак повикал на јавна дебата. Претходниот претседател Шарл Де Гол исто така ја поддржувал реконструкцијата, велејќи дека тоа би бил "скапоцен камен во срцето на Париз."[5]

Поврзано[уреди]

Библиографија[уреди]

  • Fonkenell, Guillaume, Le Palais des Tuileries, Honoré Clair/Cité de l'architecture et du patrimoine, 2010.
  • Boulant, Antoine, Les Tuileries, palais de la Révolution (1789-1799), imprimerie Bené, 1989.
  • Bresc-Bautier, Geneviève, Caget, Denis, Jacquin, Emmanuel, Jardins du Carrousel et des Tuileries, Éditions de la Réunion des monuments nationaux, 1996.
  • Carmona, Michel, Le Louvre et les Tuileries : huit siècles d'histoire, La Martinière, 2004.
  • Couty, Mathieu, La vie aux Tuileries pendant la Révolution, Tallandier, 1988.
  • Daufresne, Jean-Claude, Louvre & Tuileries, architectures de papier, éd. Pierre Mardaga, Paris, 1987.
  • Daufresne, Jean-Claude, Le Louvre et les Tuileries : architectures de fêtes et d'apparat, Mengès, 1994.
  • Jacquin, Emmanuel, Les Tuileries, du Louvre à la Concorde, Éditions du patrimoine, 2000.
  • Jacquin, Emmanuel, Sainte-Fare Garnot, Nicolas, Le château des Tuileries, Herscher, 1988.
  • Jacquin, Emmanuel (sous la direction de), Les Tuileries au Шаблон:S-, Délégation à l'action artistique de la ville de Paris, 1990.

Дополнителна литература:

  • Paul-Yves Sébillot, Folklore et curiosités du vieux Paris, Éd. Maisonneuve et Larose, 2002.
  • Guide de Paris mystérieux, Éd. Tchou, 1985.
  • Nathalie Tournillon, Légendes et récits de Paris, Éd. Ouest-France.
  • Imbert de Saint-Amand, Les souveraines des Tuileries, Éd. Marne.
  • Histoire du Louvre et des Tuileries, Éd. Jean de Bonnot.

Надворешни врски[уреди]

Наводи[уреди]