Тие

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Примери
Тие го преведоа тоа дело.

Тие е лична заменка за трето лице множина во македонскиот јазик. Оваа лична заменка се користи да се посочо група луѓе или предмети, која не го опфаќа говорникот[1].

Лични заменки[уреди]

Личната заменка „тие“ се користи како подмет во реченицата, односно да се означат лицата кои го врши дејството и лицата за кого се однесува нешто. Останатите форми за трето лице множина може да се видат во следнава табела, која патем ги наведува сите лични заменки во македонскиот јазик:

Лични заменки
број лице подмет присвојна заменка
и придавка
директен предмет индиректен предмет
без предлози со предлози
долга кратка долга кратка

присвојна

еднина I јас мој/ моја/ мое/ мои мене ме мене ми мене
II ти твој/ твоја/ твое/ твои тебе те тебе ти тебе
III м.р. тој негов/ негова/ негово/ негови него го нему му него
ж.р. таа нејзин/ нејзина/ нејзино/ нејзини неа ја нејзе ѝ неа
с.р. тоа негов/ негова/ негово/ негови него го нему му него
множина I ние наш/ наша/ наше/ наши нас нè нам ни нас
II вие ваш/ ваша/ ваше/ ваши вас ве вам ви вас
III тие нивен/ нивна/ нивно/ нивни нив ги ним им нив


Потекло[уреди]

Старословенската форма еквивалентна на македонската „тие“ е 'они '. Така, оваа македонска лична заменка не е слична со останатите заменки за трето лице множина на останатите словенски јазици, спореди: ony, oni на словачки, oni, ony, ona на чешки, oni, one на полски, woni, wone на лужичкосрпски, oni на словенечки, oni, one, ona на српски, хрватски, босански и црногорски, те на бугарски, они на руски, яны на белоруски и вони на украински.[2] Само во македонскиот, бугарскиот, украинскиот, рускиот и белорускиот нема разграничување на формите на трето лице множина меѓу женски или машки род, жива или нежива именка.

Македонската заменка „тие“ настанала најверојатно од показните заменки во старословенскиот (една од формите на тъ ), одошто од самата заменка. Потсилувањето на старата едносложна заменска морфема била извршена со додадање на гласот 'е', сè со цел да се закрепи нивната изразеност.[3]

Употреба[уреди]

Оваа лична заменка се користи да се посочи група луѓе или предмето, односно повеќе од едно лице без лицето кое зборува.

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

  1. Македонски речник и правопис: тие на makedonski.info
  2. Лични заменки во словенските јазици, на англиски.
  3. Конески, Блаже (1967), Историја на македонскиот јазик, Скопје, стр. 144