Тибериј Клавдиј Балбил

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Тибериј Клавдиј Балбил (Tiberius Claudius Balbillus, Τιβερίος Κλαύδιος Βαλβίλλος) познат и како „Мудриот Балбил“, (20-79) бил египетски и грчки астролог и научник. Роден и израснат во Александрија, Египет. За време на владеењето на римскиот император Калигула се преселил од Рим во Александрија, но се вратил во Римската Империја за време на владеењето на императорот Клавдиј, со кого бил во пријателски односи уште од деца. Го придружувал Клавдиј на неговата експедиција на Британија како офицер во XX легија, а откако се вратиле, бил награден со круна на честа. Балбил бил еден од највисоките судии кои му служеле на Рим.

Бил висок свештеник во храмот во Хермес и управник на Александриската библиотека, па времето го минувал на пат меѓу Александрија и Рим. Ја предвидел еклипсата која се случила на роденден на императорот, а останал како советник на Клавдиј, дури и откако императорот издал едикт со кој ги прогонува сите астролози од Рим. Го избегнал и лошиот крај за време на владеењето на Нерон, кој во 56 година го назначил Балбил за префект на Египет, каде останал до 59 година. Балбил се вратил во Рим за време на владеењето на императорот Веспазијан. После неговата смрт, Веспазијан, кој имал многу исоко мислење за него, му посветил спортски фестивал наречен Балбилски игри.

Балбил бил женет за Гркинка чие име не се знае, а имале само едно дете - ќерка по име Клаудија Капитолина.