Теудерик II (крал)

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Портрет на Теудерик II, медаља во бронза, Жан Дасе (1720)

Теудерик II исто така нарекуван и Теодорик II (587 - 613) е крал на Бургундија (595 - 613) и на Австразија (612 - 613). Тој е син на Хилдеберт II и на кралицата Фалеба, и внук на Брунхилда (543 - 613).

Биографија[уреди]

Пораснат во Алзас потоа именуван за крал на Бургундија по смртта на неговиот татко, не успева во обидот да ја земе Австразија, кралството на неговиот постар брат Теодеберт II (585-612), поради што во 610 меѓу нив започнува братоубиствена војна.

Откако кралицата Брунхилда била избркана од дворецот на Австразија, тој ја земал под негова заштита заедно со неговата помлада сестра Теодилана.

Во 607 се оженил со ќерката на визиготскиот крал Витерик, принцеата Ерменберга, со којашто се развел и му ја вратил на татко и. Добил четири сина од неколку негови конкубини, Сигеберт, Корбус, Хилдеберт и Меровех по што бил осуден од страна на Св. Коломбан кој одбил да ги благослови неговите деца под изговор дека биле "родени од проститутки".

Теудерик II го победил својот постар брат во битката кај Тул и кај Толбијак во 612, по што го освоил кралството на Австразија убивајќи го брата си и неговиот син Меровех.

Но тој умрел една година подоцна, во 613, или од отров или од дизентерија[1], оставајќи го своето кралство на синот Сигеберт II кој воопшто не владеел бидејќи бил заробен со брат му Корбус а потоа и двајцата биле убиени по наредба на Клотар II. За судбината на Хилдеберт не се знае додека последниот од синовите, Меровех, по наредба на Клотар II, бил затворен во некој манастир до крајот на неговиот живот.

После елиминацијата на синовите на Теудеберт II и погубувањето на старата кралица Брунхилда во 613, Клотар II кралствата на Австразија и на Бургундија ги припоил кон Неустрија станувајќи на тој начин единствен крал на Франките.

Извори[уреди]

  1. Les personnages historiques - Moyen Âge Les Mérovingiens

Надворешни извори[уреди]

Les rois des Francs - LES MEROVINGIENS (481 - 639)


Теудерик II (крал)
Роден(а): 587 Починал(а): 613
Претходник
Хилдеберт II
Крал на Бургундија
595–613
Наследник
Сигеберт II
Претходник
Теодеберт II
Крал на Австразија
612–613