Теудерик III

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Теудерик III
Крал на Франките
[[File:Theuderic III.jpg|frameless|alt=]]
Владеење 679-691
Претходник Дагоберт II (Обединување на сите кралства на Франките)
Наследник Клодовик IV
Сопруга Клотилда
Деца Клодовик IV
Хилдеберт IV
Клотар IV
Династија Меровинзи
Татко Клодовик II
Мајка Батилда

Теудерик III е крал на Франките од Неустрија во 673 и од 675 до 679, потоа крал на сите Франки од 679 до 691.

Биографија[уреди]

Роден околу 657, последниот син на кралот Клодовик II и на кралицата Батилда, го наследува својот брат Клотар III во 673. Неговиот мајордом, Еброин, не направил едногласност кај Франките и избувнала завера против нив двајцата. Теудерик и Еброин биле ошишани и испратени во манастир. Теудерик бил сменет од брат му Хилдерик II, крал на Австразија. Две години подоцна, Хилдерик бил убиен од страна на благородниците.

Враќање на титулата крал[уреди]

Теудерик бил викнат од манастирот Сен-Дени и бил прогласен за крал на Франките во Сен-Клод. Тогаш и Еброин излегува од неговиот манастир и бара да биде повторно мајордом на Неустрија. Тој го убил мајордомот кој бил на функција и за крал на Австразија го прогласил младиот Клодовик, синот на починатиот Клотар III. Гледајќи дека нема доволна поддршка, Еброин се откажува од поддршката што ја давал на Клодовик III во замена за функцијата мајордом на Неустрија. Теудерик му простил на својот поранешен советник и му дал целосна моќ. Во 678, Теудерик свикал синод на владиците за да му се суди на владиката Леже од Отен кого Еброин го обвинил за убиство на кралот Хилдерик II. Иако немало ниеден доказ против него, владиката бил деградиран од страна на владиците и осуден на смрт од страна на кралот. Во 679, Австразијците кои се побуниле против тиранијата на Еброин биле поразени во битката кај Боа-ди-Фе. Во 680, со убиството на Еброин се разнишува моќта на Неустрија. Водачот на Австразијците, богатиот Пипин Хересталски тоа го искористува за на функцијата мајордом да го постави својот пријател: Варатон.

Кралот под Пипин Хересталски[уреди]

По неговата смрт мајордомството се префрлило на неговиот зет Беркер. Овој ги прекинал сите врски со Австразија, и одново и дал независност на Неустрија. Но,Пипин Хересталски не го прифаќа тоа и ги праќа своите трупи против Беркер. Тој го поразил во 687 во битката кај Тертри. Неустријците се дефинитивно победени. Кралот Теудерик паѓа во рацете на Пипин Хересталски. Овој го лишил од секоја моќ на донесување одлуки. Теудерик умрел неколку години подоцна, во 691. Тој имал 34. Оставил зад себе три сина Клодовик, Хилдеберт и Клотар. Го наследил неговиот најстар син Клодовик.

Брак и деца[уреди]

Се оженил со Клотилда, ќерка на Ансегизел и света Бега Ланденска.

Тие ги имале децата:

Се оженил со Амалберга (Св. Амалберга) пред 674, ќерка на Вандрегизис и Фарахилда. Веројатно имале ќерка:

  • Кротлинда, родена околу 670, која се омажила за грофот Ламберт.

И веројатно:

Извори[уреди]

  • Животот на Св.Леже владика од Отен (околу 680) :

Додека траеше таа работа, кралот Клотар, повикан од Господ, го напушти овој живот. Еброин требаше да ги повика сите големци и да го подигне на престолот Теудерик брат на кралот ; но, [...] тој не сакаше да ги собере [...]. Тие зедоа некое си дете, за кое тврдеа дека е син на Клотар, и го прогласија за крал на Австразија [...]. Колку луѓе измамени од оваа измама поверуваа дека Теудерик е мртов и дека Клодовик му е син на Клотар ! [...].


- * Животот на Св.Леже владика од Отен (околу 680) :


[...] Толку имаше страв од тиранијата на Еброин. Сите значи му го нудеа на Хилперик кралството Неустрија, како и она на Бургундија [...]. Хилдерик наредил да му го донесат брат му, за да се сретне со него; но некои луѓе кои се сметале за први во кралството и кои сакале да му се допаднат на Хилперик ласкајќи му, се осудиле да му ја исечат косата на својот господар и така да го донесат пред брат му. Кралот го прашал што сака да се случи со него; Теудерик одговорил дека неправедно бил протеран од неговото кралство и дека посакува само Бог да му пресуди. Тогаш му наредиле да оди во манастирот Сен-Дени ; тој таму живеел безбедно [...].


Теудерик III
Роден(а): 650s Починал(а): 691
Претходник
Хилдерик II
Крал на Неустрија и Бургундија
675–691
Наследник
Клодовик IV
Претходник
Дагоберт II
Крал на Австразија
679–691
Незаземено
Title last held by
Хилдерик II
Крал на Франките
679–691