Тетро (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Тетро е американски игран филм, во режија на Френсис Форд Копола. Главните улоги во филмот ги толкуваат: Винсент Гало, Алден Аренрајх и Марибел Верду.[1]

Содржина[уреди | уреди извор]

Бени заминува во Буенос Аирес за да го најде изгубениот постар брат, кој своевремено бил надарен писател, а сега е само бледа сенка на својата младост. Кога Бени ќе ја прочита речиси завршената драма на својот брат, тој добива можност да научи повеќе за нивното минато и повторно се зближува со брат му.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Антена, број 823, 4.4.2014, стр. 22.