Четириноголики

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
Четириноголики
Фосилен опсег: Доцен ран Девон - денес
Основниот тетраподоморф Tiktaalik.
Научна класификација
Царство: Animalia
Тип: Chordata
Подтип: Vertebrata
Класа: Sarcopterygii
Поткласа: Tetrapodomorpha
Ahlberg, 1991
Подгрупи
  • Види во текстот.
Во специјацијата на ‘рбетниците која се одвивала во доцниот Девон, потомците на пелашкиот резноперковиден Eusthenopteron подлегле на неколку последователни адаптации:
  • Panderichthys, приспособен за плитки води со калливи дна;
  • Tiktaalik со ноговидни перки кои се способни за одење по копно;
  • Рани четириношци присутни во мочуришта со силна вегетација, како што се:
    • Acanthostega, која имала стопала со осум прсни ковчиња,
    • Ichthyostega со екстремитети .
Во потомците исто така припаѓале и пелашки резноперки како што се целакантините.

Четириноголиките (науч. Tetrapodomorpha) се гранка (клад) на ‘рбетници кој се состои од резноперките кои имаат карактеристики на четириношците. Примитивните форми, како тикталикот, биле нарекувани „рибоношци“ од страна на нивните откривачи, бидејќи, барем според нивниот изглед, тие поседуваат карактеристики и на риба, но и на четириношци.

Tetrapodomorpha ги содржи вистинските четириношци и неколку групи на сродни резноперкови риби, познати како Osteolepiformes.

Едни од поважните особини кои ги дефинираат четириноголиките се измените на перките, односно појава на рамена коска со конвексна коскена глава која е зглобена со гленоидната фоса (празнината на раменскиот зглоб).

Четириноголиките фосили се познати од раниот Девон па натаму, а ги вклучуваат Osteolepis и Panderichthys.

[уреди] Систематика и филогенија

Според Бентон[1], систематиката на четириноголиките е следната:

[уреди] Наводи

  1. [1]
Лични алатки
Именски простори
Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици