Терморегулација

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
BFAL SOTE shade.JPG

Терморегулација е способноста на организмот да ги задржи својата температурата на телото во рамките на одредени граници, дури и кога околната температура е многу различна.

Причини за појава на Терморегулација[уреди]

Кај хомеотермните животни постојат развиени механизми со кои тие можат да ја одржуваат и регулираат својата топлинска хомеостаза, и на тој начин тие имаат постојана телесна температура независно од температурата на надворешната средина. Таа кај човекот изнесува околу 36,6°С, а може да се движи од 36,3 до 37°С. Тоа е поради тоа што топлината е постојан производ на сите хемиски процеси што се одвиваат во сите ткива и клетки на организмот. Токму поради тоа телесната температура кај човекот се менува во текот на 24 часа. Отстапувањето е во рамките на 1°С. Најниска телесна температура е регистрирана меѓу 2 и 4 часот по полноќ, а највисоката меѓу 16 и 19 часот. При одредени услови телесната температура кај човекот може да има поголеми отстапувања, при што таа може да се спушти под нормалната граница и тогаш се јавува хипотермија ( под 36°С), или да се зголеми при една фебрилна состојба, на пример при треска.

Создавање на количество топлина[уреди]

Количеството топлина произвеено од одреден орган , е променливо и зависи од видот ја ткивото и неговата активност. На пример при мирување мускулите моѓат да сооздадар помалкѕу од 25% од целосната телесна топлина, меѓутоа кога голем број мускули се контрахираат, создавањето топлина моше да биде зголемено за сто пати , како последица на засилените метаболитички процеси. При мирување стомачните органи, особено црниот дроб, произведуваат околу 50% од целата телесна топлина, а мозокот произведува 15% од телесната топлина, а при зголемена активност на нервното ткиво се создава многу мало количество топлина. Сепак најголеми количества топлина се произвведуваат во мускулите и жлездите. Иако некои делови на телото произведуваат поголемо количество топлина сепак со циркулацијата на крвта топлината се распределува насекаде подеднакво. Токму затоа вредноста на телесната температура ќе зависи и од местото каде се мери, а е повисока ако се мери под јазикот или во ректумот, а би била уште повисока ако се мери во некои од органите, на пример во црниот дроб, во мускулите итн. Познато е и тоа дека кожата на одделни делови на телото има различна температура, која зависи од повеќе фактори, како што се:

  1. oд циркулацијата на крвта во тој дел ( кожата е потопла и има розова боја ) ;
  2. oд мускулната контракцијана мускулите под кожата ;
  3. oд влажноста и струењето на воздухот ( поголема влажност на воздухот и помало струење овозможува повисока температура ) ;
  4. oд покриеноста на кожата ( со облека или со крзно и пердуви ) ;
  5. oд надворешната температура.

Токму поради тоа влијанието на овие фактори површината на телото секогаш е поладна и со попроменива температура отколку внатрешните органи. Создавањето топлина зависи од повеќе фактори како што се : aктивноста на организмот, создавањето одредени хормони, како и видот на исхраната и возраста на организмот. Хормоните, како што е торксинот од тироидната жлезда и адреналинот од срцевата на надбубрежната жлезда можат да го зголемат степенот на создавање топлина. Внесувањето храна, исто така е придружено со зголемено производство на топлота. Причините за оваа состојба не се целосно јасни, но се познати. Со земањето храна како и да се налева повеке гориво во крвта па затоа организмот го заврзува метаболизмот во клетките. Регулација на Температурата Знаејќи дека телесната температура останува речиси постојана, наспроти големите разлики во степенот на создавање топлина ( термогенеза ) или губењето ( термолиза), мора да постојат механизми за регулирање на температурата. Во тој процес, уцествуваат многу делови на организмот, но најважниот центар за регулиирање на топлината е сместен во мозокот, односно во хипоталамусот. Некои од клетки е во хипоталамусот, го контролираат производството на топлина во телесните ткива, а друга група клетки ја контролираат загубата на топлина. Оваа контрола е во вид на одговор на топлината, што крвта ја носи со себе до мозокот, или одговор на нервните импулси добиени преку терморецепторите во кожата. Ако овие два фактори почнат да укажуваат дека организмот почнал да губи многу топлина, тогаш од хипоталамусот, брзо се праќаат импулси до автономниот нервен систем, кој предизвикува стегање на крвните садови во кожата, со цел да се намали загубата на топлината од периферијата на организмот. Исто така, се испраќаат други импулси до мускулите, кои предизвикуваат нивно треперење, добиено со ритмички контракции на многуте телесни мускули, кое доведува до зголемено производство на топлина. Уште повеќе, производството на адреналин може да биде зголемено ако состојбите го бараат тоа. Адреналинот го зголемува клеточниот метаболизам за краток период со што се зголемува создавувањето на топлина. Исто така, мазните мускули околу корените на влакната се контрахираат, предизвикувајќи ја појавата „гускина кожа“, еден вид реакција што зачувува топлината кај многу животни, но кај човекот тоа зачувување е многу мало. Нормална Телесна Температура За да се одржи хомеотермијата ( нормалната телесна температура ) кај хомеотермите функционираат две компоненти на терморегулирањето: хемиската и физичката. Всушност, хемиската терморегулација претставува промена на интензитетот на метаболизмот во клетките преку кој создавањето топлина во организмот може да биде зголемено на пример во зима. Создавањето топлина може да биде и намалено од друга страна ( во услови организмот е во хепертермија ), иако овој процес многу поретко се случува. Физичката терморегулација е процес при кој се испушта повеќе топлина од организмот. Таа е процес што се активира во услови на висока надворешна температура, или ако организмот е во хипертермија. Во овој процес се активира испуштањето на топлина од организмот на начини што беа споменати:кондукција, евапорација, радијација и конвекција. За човекот големо значење има евапорацијата – испарувањето преку потењето. Таа е полесна при сув и топол воздух, а потешка при влажен и топол воздух. Кај човекот е карактеристично што во процесот на терморегулација учествува и свеста, преку начинот на облекување во зависност од висината на надворешната температура.

Tреска[уреди]

Треската е состојба при која телесната температура е повисока од нормалната. Индивидуата со треска се нарекува фебрилна. Обично, треската е последица на инфекција, но за неа можат да постојат и многу други причини, како што е заболувањето од рак, мозочни оштетувања, токсични реакции, реакции на вакцини и болести што го вклучуваат централниот нервен систем. Понекогаш и емоционалните растројства можат да предизвикаат треска. Не зависно од тоа која е причината, е неопходно повторно да се сообрази телеснио термостат во хипоталамусот.