Термички печатач

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Термички печатач (или директен термички печатач) произведува печатена слика со селективно загревање на прекриена термохроматска хартија, попозната како термичка хартија, кога хартијата поминува преку главата на термичкиот печатач. Прекривката се бои црна на местата каде што е загреана, произведувајќи слика. Двобојните директни термички печатачи се способни, покрај црна, да печатат и друга боја (најчесто црвена), со загревање на две различни температури.

Термичко-трансферно печатење е сличен начин на печатење што користи лента чувствителна на топлина, наместо хартија[1].

Неопходни механизми[уреди]

Еден термички печатач се состои од следниве главни делови:

  • Термичка глава — произведува топлина; печати на хартија
  • Подлога — гумен цилиндер околу кој се врти хартијата
  • Пружина — Ја притиска термичката глава, со што предизвикува допир со термохроматската хартија
  • Контролни табли — за контролирање на механизмот

За да се печати нешто, прво се става термохроматската хартија помеѓу термичката глава и подлогата. Печатачот испраќа струја во топлинскиот отпорник на термичката глава, којашто произведува топлина по предодреден образец. Топлината го активира слојот за боење на термохроматската хартија, којашто се бои според образецот. Овој механизам на печатење е познат како термички систем или директен систем.

Во хартијата е вградена цврста смеса од материјал за боење и соодветна матрица. Кога матрицата ќе се загрее над нејзината точка на топење, материјалот за боење стапува во реакција со киселината, се обојува, и се задржува во стабилна состојба кога матрицата повторно се стврднува. Видете термохромизам.

Во контролните табли се вградени микропрограми за да одржуваат механизмите на термичкиот печатач. Овие особини на контролните табли се дизајнирани за повеќе функционалност и спецификации.

Микропрограмите (Firmware) можат да управуваат со повеќе типови на бар-кодови, графика и логоа. Му овозможуваат на корисникот избор од многу фонтови (меѓу кои и некои азиски фонтови) и големина на знаците и буквите.

Контролните табли известуваат кога има малку хартија, кога нема хартија, кога е отворена портата итн, и се достапни со повеќето вообичаени интерфејси.

Користење[уреди]

Термичките печатачи печатат побрзо и почесто од матричните печатачи. Исто така се и поекономични[1], бидејќи им е потребна само хартија. Иако хартијата е поскапа, печатачите побрзо се полнат, речиси без чекање. Термичките печатачи се користат и на бензински пумпи, киосци, самопослуги и слот-машини.

Низ девеесеттите, многу факс-машини ја користат технологијата на термичко печатење. Сепак, кон почетокот на 21 век, термичката технологија е истисната од термичко-трансферната, ласерската, и инкџет-печатарската технологија во факс-машините, за да се печати само на обична хартија.

Гејм-бој печатачот од 1998 година е мал термички печатач што се користел за печатење на некои делови од некои ''Game boy'' игри.

Првите пројави на термо-чувствителни прекривки користени на термичка хартија биле чувствителни на ненадејна топлина, нагризување, триење (што може да создаде топлина и да ја потемни хартијата), светлина (што може да ја осветли печатената слика) и вода. Сепак, модерните термички прекривки имаат голема стабилност. Теоретски, термички печатен текст би требало да остане здрав барем 50 години.

Болниците обично користат термичка хартија за ултразвук на фетусите. Ова може да предизвика проблеми ако родителите сакаат да ја зачуваат сликата со пластифицирање, со што би потемнела целата слика заради топлината. Се препорачува да се тестира пластификаторот на термичка хартија за факс, за да се види што ќе се случи. Друга опција е да се направи копија од сликата со обично мастило, и таа да се пластифицира, а претходно да се провери дали и копирањето може да ја потемни хартијата.

Извори[уреди]

  1. What Are Direct Thermal and Thermal Transfer RFID Printers?, RFID Radio
2. Информации за механизмите на термичките печатачи за медицински, индустриски и POS апликации

Видете уште[уреди]