Теогност Киевски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Теогност Киевски
Митрополит на Киев и цела Русија
Ракоположен1328
Службата завршила1353
ПретходникПетар Киевски
НаследникАлексеј Московски во Москва
Теодорит Киевски
во Киев
Лични податоци
Починал11 март 1353

Теогност Киевски е христијански светец и митрополит на Киев во периодот од 1328 до 1353 година.

Грк по потекло и преeмник на Петар Киевски. Според христијанската традиција тој страдал многу во монголската орда од Џинибек, затоа што бил наклеветен кај монголскиот цар наводно оти не му плаќал на царот никаков данок за својот чин. Кога царот го повикал и го прашал за тоа, тој рекол: “Христос нашиот Бог ја искупи Црквата Своја од незнабожците со чесната своја крв. Зошто сега да им плаќаме данок на незнабожците?” По ова бил пуштен на слобода. Управувал со црквата 25 години. Починал во 1353 година[1]. Неговите мошти се наоѓаат во Катедралата на Успението во Москва. Од страна на Руската православна црква во текот на 19 век бил прогласен за светец и маченик.

Православната црква неговиот ден го чествува на 14 март.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Охридски пролог“ стр. 107