Тениско игралиште

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Внатрешно тениско игралиште во Англија

Тениско игралиште е местото каде се игра тенис. Тоа е тврда правоаголна површина со ниска мрежа поставена на средина. Истата подлога може да се користи и за натпревари во поединечна конкуренција и за натпревари во парови.

Димензии[уреди]

Димензии на тениско игралиште.

Тенис се игра на рамна правоаголна подлога, најчесто од трева, земја, бетон (игралишта со тврда подлога) или синтетика. Игралиштето е долго 78 стапки (23,78 m), по 39 стапки на секоја страна. За натпревари во поединечна конкуренција, ширината на игралиштето изнесува 27 стапки (8,23 m), а за натпревари во парови 36 стапки (10,97 m). Линијата за сервис е оддалечена 21 стапка (6,40 m) од мрежата. Околу игралипштето треба да има дополнителен слободен простор широк 60 стапки (18,3 m), а 120 стапки (36,7 m) долг, за да можат играчите да ги возвратат посилните удари. Должината на мрежата е еднаква со ширината на игралиштето. Таа е поставена паралелно со основните линии и го дели игралиштето на два еднакви дела. Мрежата е висока 3 стапки и 7 инчи (1,07 m) на краевите, а во средината е 3 стапки (0,914 m).

Поставеност[уреди]

Надворешните игралишта најдобро е да бидат поставени во насока север-југ за да се избегне блесокот на сонцето кога изгрева или заоѓа.

Видови тениски игралишта[уреди]

Постојат четири главни видови игралишта во зависност од материјалот од кој е направена подлогата: игралишта со земјена подлога, со бетонска подлога (тврди игралишта), трева и синтетика. Секоја подлога има свои карактеристики кои влијаат врз начинот на играње.

Од Грен Слем турнирите, Отвореното тениско првенство на САД и Отвореното тениско првенство на Австралија имаат тврди игралишта (иако во минатото имале тревни игралишта, а Отвореното тениско првенство на САД имало земјени игралишта од 1975 година до 1977 година), Отвореното тениско првенство на Франција се игра на земја (иако пред 1928 година се играло на трева), а Вимблдон секогаш се игра на трева.

Земјени тениски игралишта[уреди]

Земјените тениски игралишта се направени од издробен шкрилец, камен и тула. Црвената земја е побавна од зелената, Har-Tru, „северноамериканска‟ земја. Отвореното првенство на Франција се игра на земја за разлика од останатите три Грен Слем турнири кои се одржуваат секоја година.

Земјените тениски игралишта ја забавуваат топката, а нејзиното отскокнување е повисоко во споредба со тврдите и тревните тениски игралишта. Тоа е затоа што кога ќе падне топчето врз подлогата се создава поголемо триење кое влијае врз хоризонталната патека на движење на топчето и како резултат на тоа се намалува неговата брзина, а се зголемува отскокнувањето. Поради таа причина, земјените игралишта ја одземаат предноста на добриот сервис, создавајќи им потешкотии на играчите кои имаат добар сервис да доминираат на подлогата. Поевтино е да се изгради тениско игралиште од земја во споредба со другите видови тениски игралишта, но трошоците за одржување се поголеми од оние за тврди игралишта. Земјените игралишта мора да се набиваат со валјак за да остане површината рамна. Количеството вода на игралиштето мора да се балансира. Најчесто, зелените игралишта мора да бидат косо поставени за да истекува водата.

Земјените тениски игралишта почесто ги има во Европа и во Латинска Америка отколку во Северна Америка и од нив најголема полза имаат играчите на основната линија.

Тревни тениски игралишта[уреди]

Тревните тениски игралишта се најбрзиот вид игралишта кои најчесто се употребуваат (Астро Турф е побрз бусен, но главно се користи само за приватни игралишта). Тие се направени од трева израсната на многу набиена земја, што создава една дополнителна непостојаност: отскокнувањата зависат од тоа колку е здрава тревата, колку често се коси и од оштетувањето од последната игра. Поените најчесто се многу брзи затоа што брзите и ниски отскокнувања се причина за кратка размена на удари, а сервисот игра поважна улога во споредба со другите подлоги. Тревните тениски игралишта се во полза на сервис-волеј тенисерите како што се Џон Мекенро и Стефан Едберг меѓу мажите и Мартина Навратилова и Јана Новотна меѓу жените. Меѓународната тениска сала на славата во Њупорт е составена од тревни игралишта. Во споредба со тврдите терени, површината не е толку цврста и е полизгава. Поради тоа топчето се лизга и пониско отскокнува и играчите мора да бидат побрзи за да го стигнат. Сервис-волеј играчите ја користат подлогата преку сервирање на топчето (најчесто слајс сервис поради неговата ефикасност на трева) и потоа трчаат до мрежата за да го скратат враќањето на сервисот притоа оставајќи му на нивниот противник малку време за да го стигне брзото топче кое ниско отскокнува. Ударите на играчите најчесто се ниски за да се зголеми моќта и да му се овозможи на топчето да се движи побрзо пред и откако ќе ја допре земјата.

Сепак, тревните тениски игралишта на Вимблдон, најпознатиот турнир на трева, од 2001 година се побавни. Играчите велат дека игралиштата на Вимблдон станале побавни и потешки и топчето на нив повеќе отскокнува. Во 2001 година организаторите на Вимблдон ја замениле тревата со 100 % повеќегодишна трева која ја засадиле на потврда и позбиена почва за да се овозможи повисоко отскокнување на топчето. Тенисерот со најголем број победи на трева, Тим Хенман, во 2002 година јавно проговори против оваа промена изјавувајќи: „Што се случува овде? Јас сум на тревно тениско игралиште и ова е најбавното на кое сум играл оваа година‟. Како резултат на тоа, сервирањето и волеј ударите ретко носат поени на Вимблдон и доминантни играчи на основната линија како што се Роџер Федерер, Рафаел Надал, Венус Вилијамс и Серена Вилијамс ги освојуваат неодамнешните титули.

Тревните тениски игралишта некогаш биле помеѓу најчесто употребуваните подлоги, но сега се поретки поради високите трошоци за одржување, затоа што мора често да се наводнуваат и да се косат и во споредба со тврдите игралишта потребно е подолго време за да се исушат по дожд.

Тениски игралишта со тврда подлога[уреди]

Тениските игралишта со тврда подлога се многу брзи видови тениски игралишта, каде играчите со силни удари имаат мала предност. Тврдите тениски игралишта може да варираат во брзина. Тие се побрзи од земјените, но не се толку брзи колку тревните игралишта. Забавувањето на топчето зависи од количеството песок што се додава во бојата и кое е многу променливо. Се смета дека овие игралишта нудат еднакви услови за сите стилови на играње. Отвореното тениско првенство на САД се игра на тврда акрилна подлога, додека Отвореното тениско првенство на Австралија се игра на синтетичка тврда подлога. Основната разлика помеѓу синтетичка тврда подлога и вистинска тврда подлога е нивото на цврстина. Топчето кога отскокнува на оваа подлога е побрзо отколку на другите подлоги, ако во горниот слој боја нема многу песок. Количеството песок употребено во горниот слој боја и големината на песокот исто така ја определуваат брзината. Повеќе песок предизвикува помала брзина, а поголеми честички песок ќе ја намалат брзината на играта. Триењето исто така може да се менува и поголемо триење ќе предизвика ефект на земјено тениско игралиште каде најчесто се користи топспин. Составот на игралиштето и триењето се спротивставуваат на ефектот на лизгање на топчето и тој отпор го принудува топчето да го промени своето вртење. Подлогата која има својство да го спречи лизгањето на топчето, дава отпор на движењето на играчот и може да предизвика повреда.

Тениски игралишта со синтетичка подлога[уреди]

Синтетичка подлога е подлога за игралиште која може да се вади. Во Азија најчесто се употребува синтетичка трева, а за да се зголеми нејзината тежина се додава песок. Затворените спортски арени чуваат ролни од гумиран тепих и привремено ги поставуваат како подлоги за тениски игралишта.

Затворени тениски игралишта[уреди]

Тврдите тениски игралишта најчесто се затворени. Побавни гумирани подлоги кои овозможуваат повисоко отскокнување се користат за ублажување на ударите. Земјените тениски игралишта се прават затворени со поставување на подземни водоводни системи. Патувачките актери ги одржувале театарските претстави на ленено платно поставено врз дрвени игралишта за кошарка, сѐ до крајот на шеесеттите години на XX век.

Помали тениски игралишта[уреди]

Целта на кампањата Играј и остани на ИТФ е да се зголеми бројот на луѓе кои тренираат тенис насекаде низ светот, преку подобрување на начинот на кој почетниците се запознаваат со играта. Кампањата ја промовира употребата на помали игралишта со побавни црвени, портокалови и жолто-зелени топчиња кои им овозможуваат повеќе време на играчите и им даваат поголема контрола за да можат да сервираат, да разменуваат удари и да освојуваат поени од првиот тренинг.