Темјанушковидни

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Темјанушковидните (науч. Violales) се ред на цветни растенија наречен по фамилијата Темјанушки (Violaceae) што ја содржи. Фигурира во неколку системи, со тоа што некои го користат називот Parietales за слични групирања. Во постариот, но влијателен Кронквистов систем (верзија 1981), редот Темјанушковидни бил сместен во поткласата Дилении (Dilleniidae) и се состоел од долунаведените фамилии. Системот на Групата за истражување на филогенијата на скриеносемените растенија (APG)[1] воопшто не го признава овој ред.[2] Темјанушките се сместени во редот Малпигиовидни (Malpighiales), а другите фамилии се распоредени по разни други редови (укажани подолу).

Наводи[уреди]