Тема (византиска административна единица)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Карта на која е прикажана Византиската империја од 600 до 900 година со поделбата на теми
Византиски теми во Анадолија, во периодот околу 650 година
Византиски теми во Мала Азија во периодот околу 780 година
Византиски теми околу 950. година

Теми или Темата (грчки: θέματα; еднина θέμα тема) на Византиската империја биле административни и воени единици воспоставени после реформата на императорот Хераклиус во седмиот век.

Опис на темата[уреди]

Поимот тема е повеќезначен, означува форма на воена управа но исто така и административна поделба на територијата. Тема претставува подрачје/регион од империјата кое било дадено на војниците за обработка. Војниците и понатаму технички биле дел од воените формации, под команда на стратезите. Тие не ја поседувале земјата која ја обработувале. На тој начин императорот планирал да ги намали трошоците за војската. Со прифаќање на условите на императорот, војниците се согласувале дека нивните наследници исто така ќе служат на војската и ќе работат во темата.

Командантот на темата, не само што командувал со неговите војници, туку тој имал и цивилна јурисдикција над територијата која му била доверена.

Причини за реформите на Хераклиус[уреди]

При крајот на шестиот и почетокот на седмиот век, Византиската Империја често пати била мета на напади. Од југ нападите доаѓале од Сасанидската Империја, од исток нападите доаѓале од Сирија, Египет и Анадолија. Словените и Аварите навлегувале на Балканот. Ломбардите напаѓале во северна Италија. Моќта на Империјата била намалена а генералите често се бунтувале против Империјата. Под овие околности, Хераклиус бил приморан да спроведе реформи со цел зачувување на Империјата.

Резултати од реформите[уреди]

Новиот систем на населување на воените трупи на необработуваната земја и зајакнувањето на лојалноста на локалното население придонело во голема мера за зајакнување на Византиската Империја. Во следните декади, Сасанидите биле поразени, нападите на Словените и Аварите биле амортизирани, а бунтувањата на генералите не биле толку чести. Новата воена структура ја спасило Империјата од пропаст и и овозможило да опстане со векови. Но за тоа морало да се плати одредена цена, во смисла на зголемена милитаризација на опшеството и оддалечување од цивилните институции и цивилната култура. Од овие причини, појавата на темите се смета за крај на доцната антика и почеток на Средниот век на Источното Римско Царство.

Системот на теми, во тоа време, создал аристократски фамилии кои цврсто ги контролирале доделените подрачја со свои приватни војски кои биле лојални повеќе на нив отколку на императорот. Овие фамилии биле финансиски независни и често пати биле над царскиот авторитет.

Поврзано[уреди]

Литература[уреди]

  • Treadgold, Warren (1997). „A History of the Byzantine State and society“. 
  • Treadgold, Warren. „Byzantium and Its Armies, 284-1081“.