Телема

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Телема е филозофија на живеењето која се заснова врз правилото или законот „Прави што ти е волја“. Идеалот поврзан со „Прави што ти е волја“ и со зборот Телема е на Рабле, но целосно е развиен од страна на Алистер Кроули кој врз овој идеал основал религија наречена Телема.[1][2] Самиот збор потекнува од јазикот коине, со значење „волја“. Раните христијански писатели го користеле овој збор за да ја означат волјата на Бога, волјата на човекот, а понекогаш и волјата на противникот на Господ - ѓаволот.[3]

Во 16 век, Франсоа Рабле го употребил зборот Телема како име за измислената опатија во неговата позната книга Гаргантуа и Пантагруел[4] Единственото правило во таа опатија било „Прави што ти е волја“. Ова правило било запишано на вратата од една опатија во Медменхем, Англија, во вистинскиот живот кон средината на 18 век.[5][6]

Истото правило било употребено во 1904 година од страна на Алистер Кроули[7] во неговата Книга на Законот. Терминот Телема Кроули го зел како име на философскиот, мистичниот и религиозниот систем кој самиот тој го развил. Овој систем содржи идеи од окултизмот, јога, од западниот и источниот мистицизам, и посебно од Кабала.[8]

Наводи[уреди]

  1. Алистер Кроули како гуру во Хаос Интернејшнл, бр. 17.
  2. Greer, John Michael. The New Encyclopedia of the Occult, p. 478. Llewellyn Worldwide, 2003. ISBN 1-56718-336-0
  3. Рабле, Опатијата Телема, retrieved 20 јули, 2006.
  4. Rabelais, François. Gargantua and Pantagruel, бесплатно на Проектот Гутенберг.
  5. Encyclopedia Britannica (1911). Buckingham.
  6. "Francis Dashwood, who revived the Rablelais 'Abbey of Thelema'..." Adams, Ron. Екуменија Телема во Ashé Journal, Бр. 4, 2004, стр. 71-78
  7. Skinner, Stephen (ed). The Magical Diaries of Aleister Crowley: Tunisia 1923, p.149, n. 12. Weiser, 1996. ISBN 0-87728-856-9
  8. Crowley, Aleister.Liber XIII vel Graduum Montis Abiegni: A Syllabus of the Steps Upon the Path, retrieved 7 јули, 2006.

Извори[уреди]

  • Слободна енциклопедија на Телема (2005). Телема. 12 март 2005.
  • Телемапедија. (2004). Телема. 15 април 2006.

Литература[уреди]

Препорачано за читање[уреди]

  • Frater Choronzon, THE HELLFIRE CLUB AND OTHER SWINGERS
  • Del Campo, Gerald. Rabelais: The First Thelemite. The Order of Thelemic Knights.
  • Melton, J. Gordon (1983). "Thelemic Magick in America." Alternatives to American Mainline Churches, ed. Joseph H. Fichter. Barrytown, NY: Unification Theological Seminary.
  • Starr, Martin P. (2004) A Hundred Years Hence: Visions of a Thelemic Future (Conference Paper presented at the Thelema Beyond Crowley )
  • Starr, Martin P. (2003). The Unknown God: W.T. Smith and the Thelemites. Bolingbrook, IL: Teitan Press.
  • van Egmond, Daniel (1998). "Western Esoteric Schools in the Late Nineteenth and Early Twentieth Centuries." in van den Broek, Roelof and Hanegraaff, Wouter J. Gnosis and Hermeticism From Antiquity To Modern Times. Albany: State University of New York Press.
  • Voxfire, Thomas (2004). "Something from Nothing: the Essence of Creation" in Essays for the New Aeon. Retrieved April 5 2005.

Надворешни врски[уреди]


Портал:Религија

Portal.svg

 

Телема списанија[уреди]

Подкаст[уреди]