Текстура

Од Википедија — слободната енциклопедија

Текстура е надворешна одлика на површината на секоја природна и вештачка материја кој може визуелно да се перцепира:

· природни текстури – на материјалите од природно потекло;

· вештачки текстури – на материјалите создадени од човекот по вештачки пат.

Релјефна имитација на текстура се добива со употреба на разни материјали и видови алатки. Текстура како илузија се применува во ликовната уметност како визуелна текстура на одредена површина, а се добива со разни сликарски техники. Текстурата има големо значење во секојдневниот живот, во дизајнот, ентериерот, архитектурата и уметноста.

Во дизајнот на предмети за секојдневна употреба текстурата се применува и како естетска вредност или како функција. Некои површини мора да бидат рапави (автомобилски гуми, површини на патишта, рачки на садови итн.ќ или мазни (садови, ножеви, прибор за јадење итн.) поради функционални причини – заради полесно одржување на хигиената, заради избегнување на лизгање итн. Во архитектурата, ентериерот и екстериерот, поради декоративна и функционална намена се врши комбинирање на материјали со различна текстура: мазни, рапави, сјајни, или матирани.