Тезаурус
Тезаурус (од грч. θησαυρός - благо, ризница) е референтно дело слично на речник, но наместо дефиниции и изговори, содржи синоними и понекогаш, антоними. Според библиотекарот Верица Петровска, тезаурус е „класификациски систем на семантички и генерички поврзани термини за поими од одредено стручно подрачје“[1].
Првиот пример од овој жанр е „Рожев тазаурус“ (Roget's Thesaurus), составен во 1805 од Питер Роже, а издаден во 1852. Записите во Рожевиот тезаурус се подредени идејно наместо азбучно.
Иако тезаурусот доржи синоними и антоними, записите во едно такво дело не треба да се сметаат за нивна листа. Записите се предвидени и за разликување помеѓу слични зборови и тој помага при прецизното избирање на вистинскиот збор. За разлика од речникот, тезаурускиот запис не го дефинира зборот.
Во информатиката, тезаурусот претставува база на податоци или листа на семантички ортогонални тематски пребарувачки клучеви. Во полето на вештачката интелигенција, тезаурусот понекогаш се нарекува онтологија.
Тезауруските бази на податоци, создадени по меѓународни стандарди, обично се подредени хиерархиски, по предмети и теми. Ваквиот тезаурус го става секој поим во контекст, па така корисникот може да различи помеѓу „биро“ како канцеларија/установа и „биро“ како мебел. Тезаурус од овој тип често служи како основа за индекс на он-лајн материјали. На пример, Тезаурусот на уметност и архитектура се користи за индексирање на државни бази на податоци за музеи, Артефакти Канада, во сопственост на Информатичката мрежа на канадското културно наследство (Canadian Heritage Information Network) (CHIN).
Содржина |
Дефиниција [уреди]
Формалната дефиниција за тезаурус предвиден за индексирање и пристапување кон информации е следната:
- листа на секој важен поим (еднозборовен или повеќезборовен) во рамките на даден домен на знаења; и
- збир поврзани поими за секој поим во листата.
Примери [уреди]
Англиски [уреди]
- Thesaurus of English Words & Phrases (едиц. P. Roget); ISBN 0-06-272037-6, видете: Рожев тезаурус.
- The Synonym Finder (едиц. J. I. Rodale); ISBN 0-87857-236-8
- Webster's New World Thesaurus (едиц. C. Laird); ISBN 0-671-51983-2
- Oxford American Desk Thesaurus (едиц. C. Lindberg); ISBN 0-19-512674-2
- Random House Word Menu од Стивен Глејзиер; ISBN 0-679-40030-3, мешавина од тезаурус, речник и глосар.
Македонски [уреди]
- Тезаурус на македонски јазик на Европската дигитална мрежа на културно наследство (HEREIN) Објаснение
- Контролиран речник (тезаурус) на предметниот каталог (Библиотекарско друштво на Македонија)
Видете исто така [уреди]
Наводи [уреди]
Надворешни врски [уреди]
- www.thesaurus.com — Англиски тезаурус (англиски)
- www.online-thesaurus.net — Повеќејазичен тезаурус (англиски)