Тврдо дрво

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Буката е типично тврдо дрво од умерените климатски зони
Слики на СЕМ прикажуваат присуство на пори кај тврдото дрво (даб, горе) и нивно отсуство кај мекото дрво (бор, долу)

Тврдо дрво е дрво (како материјал) од широколисни (главно листопадни, но ова не важи апсолуно кај тропските дрва) или пак скриеносемени дрва. Наспроти тврдото имаме меко дрво, кое го добиваме од четинари. Воглавно тврдите дрва се со поголема густина и тврдина отколку меките дрва, но постојат значителни варијации во обете класи, како и доста преклопувања; некои тврди дрва (како балсамовото дрво) се помеки од највеќето меки дрва, додека пак тисата е пример за тврдо меко дрво. Трдите дрва имаат широки лисја и прикачени ореви или семиња како желади. Често виреат во суптропски региони како Африка но и во Европа и други предели како Азија.

Видовите на тврди дрва се поразнообразни од меките. Постојат околу 100 пати повеќе видови тврди, отколку меки дрва. Проводите значително им варираат во големина, облик на перфорација како и структурата на клеточниот ѕид.

Тврдите дрва имаат огомен дијапазон на примена како градежништво, мебел, паркети, покуќнина и тн.

Овој вид дрво е многу поотпорен на разјадување од меките дрва и затоа наоѓа примена надвор.

Од неодамна палмовото дрво се вбројува во тврди дрва. Ова ѝ припаѓа на монокотиледонската група растенија промовирана одржлива алтернатива на сѐ помалите залихи на „конвенционални“ тврди дрва.

Најтврдо (најгусто) дрво на светот е lignum vitae („дрво на животот“) кое се добива од дрвото Guaiacum officinale.

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

  • Schweingruber, F.H. (1990) Anatomie europäischer Hölzer—Anatomy of European woods. Eidgenössische Forschungsanstalt für Wald, Schnee und Landscaft, Birmensdorf (Hrsg,). Haupt, Bern und Stuttgart.
  • Timonen, Tuuli (2002). Introduction to Microscopic Wood Identification. Finnish Museum of Natural History, University of Helsinki.
  • Wilson, K., and D.J.B. White (1986). The Anatomy of Wood: Its Diversity and variability. Stobart & Son Ltd, London.