Тврдина Маглич

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај


Тврдина Маглич
Општи информации
Град Кралево
Земја Србија

Тврдината Маглич е тврдина која се наоѓа во близина на градот Кралево, Србија. Тврдината се наоѓа на врвот од брдото, во близина на реката Ибар. Тврдината била изградена во почетокот на 13 век во времето на српскиот крал Стефан Првовенчани, со цел да се одбранат териториите околу тврдината. По заземањето на тврдината од страна на Османлиите, тврдината го изгубила своето значење.

Целиот комплекс се состои од осум кули и две капии, кои меѓусебно се поврзани со ѕид, и опфаќаат вкупна површина од 2.190 метри. Од трите страни на тврдината се наоѓа реката Ибар, додека од четвртата се наоѓа т.н. североисточен крај кој содржи шанец пресечен од карпа. Зад шанецот се издига првата кула (Донжон). На југозападната страна се сместени напоредно три кули, кои го контролираат патот на реката Ибар. Во тврдината се влегува преку првата капија која се наоѓа на северниот дел, помеѓу првата и втората кула, додека вториот влез се наоѓа кај третата кула.