Тања Царовска

Од Википедија — слободната енциклопедија
Тања Царовска
Роден(а)19 март 1980
ПотеклоМакедонија Битола, Македонија
ЖанровиПоп-музика
ЗанимањаПејачка
ИнструментиГлас

Тања Царовска (родена на 19 март 1980, во Битола, Македонија) — македонска пејачка, која живее и работи во Скопје и во Лондон.

Животопис[уреди | уреди извор]

Царовска завршила средно музичко училиште во Битола, а потоа заминала во Лондон.[1]

Музичка кариера[уреди | уреди извор]

Царовска почнала да пее од рана возраст, кога учествувала на фестивалот „Златно славејче“. Подоцна, таа почнала да настапува самостојно при што првиот настап го имала на Скопскиот фестивал на забавни мелодии, како најмладиот автор (15 години) во историјата на овој фестивал. По преселбата во Лондон, таа почнала да компoнира музика за театарски претстави, за филмови и за телевизиски емисии. Царовска настапувала со голем број музичари и продуценти, како: Габриел Јаред, Џејмс Хорнер, Џон Дебни, Џоселин Пук, Дејвид Фостер, итн. Исто така, таа учествувала на албумот „Импресии“ на американскиот музичар Крис Боти, што ја добил наградата „Греми“ во 2013 година. Таа ја пее песната „По друм одам“ од филмот „Мајки“ на Милчо Манчевски, а соработувала и со Дуке Бојаџиев на неговиот проект „Сон, верба, љубов“.[1]

Понатаму, Царовска пеела со Џош Гробан во песната „Сети се на мене“ (Remember Me), која е дел од филмот Троја. За оваа песна, Царовска била номинирана во категоријата „најдобра оригинална песна напишана за филм“ во 2004 година (World Soundtrack Awards), заедно со Џејмс Хорнер (музика), Синтија Вејл (стихови) и Џош Гробан (изведувач).[2][3] Исто така, таа била главниот вокал на музиката за филмот Страдањата на Христос.[4]

Како самостоен автор, Царовска дебитирала со албумот „No record of Wrong“.[1]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 Македонска филхармонија, Murder Ballads. Скопје, 2018.
  2. „Tanja Tzarovska - Awards“. IMDb. Посетено на 2010-05-04.
  3. „Best Original Song Written for a Film - 2004 Nominees“. World Soundtrack Academy. Архивирано од изворникот|archive-url= requires |url= (help) на 2010-05-04. Отсутно или празно |url= (help)
  4. „The Passion of the Christ (2004) - Full cast and crew“. IMDb. Посетено на 2010-05-04.