Тања Андрејева

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Тања Андрејева
Лични податоци
Име Тања Андрејева
Роден на 17 јуни 1978 (1978-06-17) (35 г.)
Роден во  Скопје, Република Македонија
Висина 1.75 м
Тежина 71 килограм
Позиција Голман
Клуб
Сегашен клуб Македонија ЖРК Металург
Број 16
Национален тим 1
Македонија Македонија 96 (2)


1 National team caps and goals correct
as of 1 јуни 2012.

Тања Андрејева (родена на 17 јуни 1978) е македонска ракометарка. Таа игра за ЖРК Металург и за Женската ракометна репрезентација на Македонија.[1]

Игра на позицијата голман.

Тања започнача да тренира ракомет на 14 годишна возраст во малдинскиот тим на Ѓорче Петров. На 19 години во сезоната 1997/98 таа станала член на првиот тим на Кометал Ѓорче Петров. подоцна таа го напуштила клубот и играла за клубовите на РК Тутунски Комбинат од Прилеп и за РК Кале Кичево од Кичево. Во сезоната 2007/08 се вратила во Кометал Ѓорче Петров и со клубот ја освоила двојната круна. Следната сезона Тања направила трансфер во Србија во клубот на ЖРК Кикинда.[2] По една година повторно се вратила во Македонија, во клубот на ЖРК Металург.[3] Со ЖРК Металург успеала да ја освои Македонската лига и Македонскиот куп три пати по ред, од 2009 до 2012 година.


Наводи[уреди]