Тарасиј Константинополски
| Тарасиј Константинополски | |
| Патријарх на Константинопол | |
![]() |
|
| Црква | Црква на Константинопол |
|---|---|
| Од | 784 |
| До | 806 |
| Претходник | Павле IV Константинополски |
| Наследник | Никифор I Константинополски |
| Лични податоци | |
| Роден | 730 Константинопол |
| Починал | 25 февруари 806 [[]], Константинопол) |
| Деноминација | Православие |
| Седиште | Цариградска патријаршија |
| Занимање | Патријарх |
| Игнатиј (појаснување) Тарасиј | |
Тарасиј Константинополски бил Патријарх на Константинопол во периодот од 784 до 806 година.
Неговиот претходник, патријархот Павле, тајно успеал да го напушти престолот и да замине во некој манастир. Во тоа време, на императорскиот престол биле Константин VI и Ирина. Во 783 година, според советот на Павле, за патријарх бил избран царскиот советник и сенатор Тарасиј.
Тој многу брзо ги поминал сите црковни чинови и станал патријархТарасиј имал завршено високо образование. Чинот патријарх на Константинопол го примил неволно, но во име на победата на Православието над ересите, особено над иконоборството. Под него бил свикан Седмиот Вселенски собор во Никеја во 787 година, каде што ереста била осудена, а се вратило и се утврдило почитувањето на светите икони.[1]
Кога царот Константин ја избркал својата законска жена Марија и зел некоја своја роднина па живееше со неа барајќи од патријархот благослов да се венча, Свети Тарасиј не само што не му дал благослов туку најпрво го посоветувал, потоа го изобличил и најпосле го одлачил од Причест.
Наводи [уреди]
- ↑ „Свети Тарасиј, патријарх Цариградски“ (на Македонски). http://www.mpc.org.mk/Kalendar/prolog.asp?id=1168. проверено на 13 февруари 2011.
- Родени во 730 година
- Родени во Константинопол
- Починати на 25 февруари 806
- Починати во февруари 806
- Починати во 806 година
- Починати во
- Починати во Константинопол
- Византиски светци
- Константинополски патријарси
- Светци од Анадолија
- Римокатолички светци од Анадолија
- Римокатолички светци од Грција
- Грчки светци
- Византијци од 9 век
- Византијци од 8 век
- Архиепископи од 8 век
- Архиепископи од 9 век
- Христијански светци од 9 век
