Танос Петрелис

Од Википедија — слободната енциклопедија
Танос Петрелис
Θάνος Πετρέλης
Родено имеТанос Петрелис
Роден(а)27 септември 1975, Грција
ПотеклоГрција Грција
ЖанровиГрчка модерна народна музика
ЗанимањаПејач/Текстописец
Период на активност2004-
СоработнициФивос

Танос Петрелис (грчки: Θάνος Πετρέλης) е познат грчки пејач. Стана познат во рамките на пошироката (воглавно помладата) јавност преку телевизискиот натпревар на музички таленти „Fame Story“ (Фејм Стори, Φέιμ Στόρι) на телевизиската станица „ΑΝΤ1“. Во 2004 излезе првиот негов албум насловен „ихе то хрома ту урану“ (грчки: Είχε το χρώμα του ουρανού - ја имаше бојата на небото) со композиции на Фивос (грчки: Φοίβος). Голем хит од овој диск стана песната „то ема му“ (грчки: Το αίμα μου - мојата крв).

Во мај 2005 беше пуштен во оптек од „Heaven“ албумот насловен „тимизис кати апо елада“ (грчки: Θυμίζεις κάτι από Ελλάδα - потсеќаш на нешто од Грција) со потпис на Фивос по втор последователен пат. Тоа беше една долго-очекувана дискографска соработка со единаесет песни. Претходеше соучеството на Танос во скорешната дискографска работа на Деспина Ванди и на Фивос „стин авли ту парадису“ (грчки: Στην αυλή του παραδείσου - во дворот на рајот), каде што ја пееше во дует со Деспина Ванди омилената песна „канто ан магапас“ (грчки: Καν' το αν μ' αγαπάς - направи го тоа ако ме сакаш).

Други негови песни кои станаа хитови од вториот негов албум се „пос ксехњете капја сан есена“ (грчки: Πώς ξεχνιέται κάποια σαν εσένα - како се заборава некоја како тебе), „месанихта ќе кати“ (грчки: Μεσάνυχτα και κάτι - полноќ и нешто), „мета апо есена ксаназо“ (грчки: Μετά από εσένα ξαναζώ - после тебе повторно живеам), „хроња иха еци на естанто“ (грчки: Χρόνια είχα έτσι να αισθανθώ), и други.

Дискографија[уреди | уреди извор]

  • 2004 Είχε το χρώμα του ουρανού (ихе то хрома ту урану)
  • 2005 Θυμίζεις κάτι από Ελλάδα (тимизис кати апо елада)
  • 2006 Ευτυχώς (cd single) (ефтихос)
  • 2007 Είμαι ακόμη ελεύθερος (име акоми елефтерос)