Танас Калојанов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Танас Калојанов
Роден 1918
село Нестрам
Починал 16 ноември 1947
Грамошта
Познат партизан

Танас Калојанов — роден во селото Нестрам, Костурско во 1918 година. Македонски национален деец од Егејскиот дел на Македонија, борец за националните права на Македонците под Грција. Припадник е на работничкото движење од 1936 година, а е член на КПГ од 1937 година. Во 1942 година е уапсен и затворен од Италијанците во Атинскиот затвор Авероф. Во почетокот на следната 1943 година успеал да се ослободи и веднаш стапил во ЕЛАС. Таму е комесар на одред, а подоцна и на чета. По Варкиза е прогонуван од монархофашистичките власти поради што е принуден да емигрира во Југославија. Во октомври 1946 година влегува во ДАГ, во која служи како комесар на чета и баталјон. Херојски загива на 16 ноември 1947 година на Грамошта.

Литература[уреди | уреди извор]

  • Егејска Македонија во антифашистичката војна 1941-1943 година, Том VII, Книга 1, Скопје 1985.