Таен централен бугарски комитет

Од Википедија — слободната енциклопедија

Тајниот централен бугарски комитет (ТЦБК) била бугарска емигранска политичка организација, основана во Букурешт, Романија во пролетта 1866 година.

Ноќта, помеѓу 10 и 11 јуни 1866 година во Букурешт бил извршен државен удар и кнез Јован Александар Куза бил соборен од престолот. Со тоа бил прекршен договорот со Османлиското Царство која го признала обединување на Влашка и Молдавија во 1858 година. Османлиското Царство инсистирала на резделување на двете кнежевство и почнала да собира сили на Дунав[1].

Новата романската влада побарала поддршка од бугарската емиграција. Како резултат на преговорите помеѓу двете страни, бил постигнат договор за заеднички активности против Османлиското Царство, бил потпишан и "Закон за света коалиција меѓу Романија и Бугарија", а во декември 1866 е основан Тајниот централен бугарски комитет. За раководител на комитетот бил избран Иван Касабов[1]. Комитетот имал за цел формирање на бугарска држава, а притоа се дозволувало да биде зависна од Високата порта или дел од една поширока конфедерација со соседните народи. За постигнување на целта не се исклучувало и вооружено востание. Во статутот и програмата на Комитетот, било предвидено изградба на организациона мрежа на територијата на Романија, Србија, Јужна Русија и Бугарија. ТБЦК сметал на финансиска помош од романската влада.

По надминувањето на противречностите помеѓу Романија и Османлиското Царство, романските претставници се повлекле од соработка со Комитетот, а ТЦБК ги продолжил своите активности, како самостојна организација. Во Комитетот се оформиле две крила - умерено (Пандели Кисимов, Иван Грудов, Иван Аџенов) и радикално (Иван Касабов, Киријак Цанков)[2].

Комитетот извршил неколку пропагандни акции, со цел промоција на Бугарското политичко прашање. Во декември 1866 година била издена брошурата "Бугарија во Европа", во март 1867 бил подготвен и доставен еден мемоар до султанот Абдул Азис. Во мемоарот било побарно создавање на бугарско-турска држава, по примерот на неодамна создадената Австроунгарија. Со неколку дополнувања, мемоарот бил испратен и до рускиот император Александар II, францускиот император Наполеон III, прускиот крал Вилхелм I, прускиот канцелар Ото фон Бизмарк и до редакциите на влијателни европски весници со барање за помош за разрешување на бугарското прашање[3]. Комитетот издавал и свој весник „Народност" (1867-1869).

ТЦБК е создаден без знаење и одобрение на Георги Раковски, кој има потценувачки однос кон него[1]. Во 1868 година, Комитетот ја прекинал својата работа.

Извори[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 „Записки на Христо Н. Македонски (1852-1877)“. Архивирано од изворникот на 2012-04-25. Посетено на 2012-05-11.
  2. „Начало на организирано националноосвободително движение“. Архивирано од изворникот на 2010-08-24. Посетено на 2012-05-11.
  3. [http://liternet.bg/publish4/bgyrdev/istoria/dualizam.htm Борислав Гърдев - Несполучилият дуализъм