Таблица на вистинитост
Од Википедија
Таблицата на вистинитост е математичка таблица која се употребува во логиката, особено во Буловата алгебра, Буловите функции и логичките искази за да се пресмета функционалната вредност на логичките изрази на секој од нејзините функционални аргументи, а тоа е секоја комбинација од вредности дадена за нејзините логички променливи. Освен тоа, таблицата на вистинитост може да се користи за да се каже дали еден логички исказ е вистинит за сите можни вредности, што ја претставува валидноста.
Содржина |
[уреди] Вовед
Според некои докази, таблиците на вистинитост биле Фрегеви, Персови и Шредерови од 1880 година. Таблиците биле значајни во литературата од 1920 (Лукасиевич, Пост, Витгенштајн) (Квајн, 39). Луис Керол ги создал таблиците на вистининтоста порано од 1894 година за да реши неколку проблеми, но неговите ракописи со неговата работа над предметот не биле откриени се до 1977 година [1]. Во Витгејнштајновиот Логико-философски трактат логичките функции се поделени во серии. Големото влијание на ова дело довело до брзо ширење на примената на логичките таблици.
Таблиците на вистинитост се применуваат во пресметувањето на вредностите на логичките изрази како ефективен начин, којшто понекогаш е познат како проблем на одлучување. Логичкиот израз е или атомска формула, логичка константа, логичка променлива или логичка функција (на пр. Px или P(x)) или составено од атомските формули со значење на логичките операции, како на пример И (
), ИЛИ (
), НЕ (
). На пример,
е логички израз.
Почетната колона на таблицата на вистинитост ги покажува (i) логичките функции со и/или променливите и (ii) вистинито-функционален израз составен од овие логички функции или променливи и операции. Редиците покажуваат дека секоја можна вредност на T или
се стреми до (i) и (ii). Со други зборови секој ред е точно определен за (i) и (ii).
Таблиците на вистинитост за класичната логика се ограничени на Буловите логички системи, во кои само две логички вредности се можни, точно или неточно, често претставени со Т и
, или понекогаш со 0 и 1.
[уреди] Логички операции
[уреди] Логичка негација
Негацијата е операција над една логичка вредност, обично вредност на исказ, кој има вредност точно, ако е невистинит и неточно, ако е вистинит.
Таблицата на вистинитост за ¬p (~p) е следнава:
| p | ![]() |
|---|---|
| T | F |
| T |
[уреди] Логичка конјункција
Логичката конјункција е операција над една логичка вредност, обично вредност на исказ, кој има вредност точно само ако и двата искази се вистинити.
Таблицата на вистинитост за p ∧ q (p и q или p
q) е следнава:
| p | q | p . q |
|---|---|---|
| T | T | T |
| T | ||
| T | ||
Кога и двата искази, p и q се вистинити, тогаш конјункцијата p ∧ q е точна. Во сите други случаи логичката вредност за исказите p и q, конјункцијата p ∧ q е неточна.
Може да се рече, ако p, тогашp ∧ q е q или обратно, p ∧ q е p.
[уреди] Логичка дисјункција
Логичката дисјункција е операција над една логичка вредност, обично вредност на исказ, кој има вредност неточно ако и само ако и двата искази се невистинити.
Таблицата на вистинитост за p или q ( p ∨ q, p || q или p + q) е следнава:
| p | q | p + q |
|---|---|---|
| T | T | T |
| T | T | |
| T | T | |
Ако p, тогаш p ∨ q е p и обратно, p ∨ q е q.
[уреди] Логичка импликација
Логичката импликација е операција над една логичка вредност, обично вредност на исказ, кој има вредност неточно само во случај кога првиот исказ е вистинит, а вториот невистинит.
Таблицата на вистинитост за материјалниот услов не само p туку и q (со симболи p → q) и логичката импликација p имплицира q (со симболиp ⇒ q) е следнава:
| p | q | p → q |
|---|---|---|
| T | T | T |
| T | ||
| T | T | |
| T |
[уреди] Логичка еквиваленција
Логичката еквиваленција е операција над една логичка вредност, обично вредност на исказ, кој има вредност точно само во случај кога и двата искази се вистинити или невистинити.
Таблицата на вистинитост за p ↔ q ( p = q или p ≡ q) е следнава:
| p | q | p ≡ q |
|---|---|---|
| T | T | T |
| T | ||
| T | ||
| T |
[уреди] Исклучителна дисјункција
Логичката еквиваленција е операција над една логичка вредност, обично вредност на исказ, кој има вредност точно само ако еден, но не и двата искази е вистинит.
Таблицата на вистинитост за p ИЛЛИ q ( p + q, p ⊕ q или p ≠ q) е следнава:
| p | q | p ⊕ q |
|---|---|---|
| T | T | |
| T | T | |
| T | T | |
За два искази, ИЛЛИ може да се запише како (p = 1 ∧ q = 0)∨ (p = 0 ∧ q = 1).
[уреди] Шеферова црта
Шеферовата црта е операција над една логичка вредност, обично вредност на исказ, кој има вредност неточно ако и само ако и двата искази се вистинити. Со други зборови, исказот има вредност точно ако и само ако најмалку еден од исказите е невистинит.
Таблицата за вистинитост за p НИ q (p | q или p ↑ q) е следнава:
| p | q | p ↑ q |
|---|---|---|
| T | T | |
| T | T | |
| T | T | |
| T |
Ова доста се применува за да се изрази логичката операција како пресметковна операција која е составена од други операции. Многу состави се можни, зависно од операциите кои се земени за основни или „примитивни“ и операциите кои се земени како сложени или „изведени“.
Во случајот со Шеферовата црта, јасно изразливо е како пресметка на НЕ и И.
Негацијата од конјункцијата
и дисјункцијата од негациите
се претставени во табелата:
| p | q | ![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
|---|---|---|---|---|---|---|
| T | T | T | ||||
| T | T | T | T | |||
| T | T | T | T | |||
| T | T | T | T |
[уреди] Заедничка негација
Заедничката негација е операција над една логичка вредност, обично вредност на исказ, кој има вредност точно ако и само ако и двата искази се невистинити. Со други зборови, исказот има вредност неточно ако и само ако еден од исказите е вистинит.
Таблицата на вистинитост за p НИЛИ q (p ⊥ q или p ↓ q) е следнава:
| p | q | p ↓ q |
|---|---|---|
| T | T | |
| T | ||
| T | ||
| T |
Негацијата од дисјункцијата
и конјункцијата од негациите
се претставени во табелата:
| p | q | ![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
|---|---|---|---|---|---|---|
| T | T | T | ||||
| T | T | T | ||||
| T | T | T | ||||
| T | T | T | T |
Прегледот на табеларните изведувања НИ и НИЛИ, под секое одредување на логичката вредност за функционалните аргументи
and
дава идентични примери за функционални вредности за
as for
и за
како за
. Освен првите и вторите изрази, во секој пар има логички еквивалент и може да биде заменет со секој друг во сите контексти кои припаѓаат единствено на нивната логичка вредност.
Оваа еквиваленција е една од Де Моргановите закони.
[уреди] Примена
Таблиците за вистинитост може да се употребуваат за да се докажат многу логички еквиваленции. На пример, набљудувајќи ја следнава таблица на вистинитост:
| p | q | ¬p | ¬p ∨ q | p → q |
|---|---|---|---|---|
| T | T | T | ||
| T | T | T | T | |
| T | ||||
| T | T | T | T |
Ова гоп потврдува фактот дека p → q е логичка еквиваленција за ¬p ∨ q.
[уреди] Таблицата за вистинитост за најупотребуваните логички оператори
Ова е таблица на вистинитост за шесте најприменувани од шеснаесетте можни вистинитосни функции за 2 бинарни променливи (P,Q се Булови променливи):
| P | Q | ![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
|---|---|---|---|---|---|---|---|
| T | T | T | |||||
| T | T | T | T | ||||
| T | T | T | T | ||||
| T | T | T | T | T | T | T |
- T = точно,
= неточно
= И (логичка конјункција)
= ИЛИ (логичка дисјункција)
= ИЛЛИ (исклучителна дисјункција)
= НИЛИ (исклучителна негација)
= импликација „ако-тогаш“
= импликација „тогаш-ако“
двојната импликација или „ако и само ако“ е логичка еквиваленција за
: НИЛИ (исклучителна негација).
Џонстоновите дијаграми, слични на Веновите дијаграми и Ојлеровите дијаграми, обезбедуваат начин за создавање на таблица на вистинитоста. Интерактивниот Џонстонов дијаграм ја илустрира таблицата на вистинитост на LogicTutorial.com
[уреди] Кондензирани таблици на вистинитост за бинарни оператори
За бинарните оператори, се употребува кондензираната форма на таблица на вистинитостo, каде воведните редови и колони се однесуваат на исказите, а таблицата дава специфични резултати. На пример, Буловата логика користи кондензирана таблица на вистинитост:
|
|
Оваа нотација е корисна, особено ако операциите се комутативни, иако една може дополнително да наведе дека редовите се првиот исказ, а колоните вториот. Оваа кондензирана нотација е делумно корисна во претставувањето на повеќевредносните опсези на логиката, како што значително го пресекува на комбинаторната експлозија на бројот од редовите кој е потребен. Тоа исто така обезбедува за брзо препознатливите карактеристики „облик“ на пренесувањето на вредностите во табелата, што може да му помогне на читателот да ги сфати правилата за кратко време.
[уреди] Таблици на вистинитост во дигиталната логика
Таблиците на вистинитост се користат и во функционирањето на хардверските look-up табели во дигиталната електроника. За n-влезниот LUT, таблицата на вистинитост има 2^n вредности (или редови во горниот табеларен формат), целосно наведувајќи ја Буловата функција за LUT. Со претставуцвање на секоја Булева вредност како бит во бинарен број, вредностите во таблицата на вистинитост може да бидат успешно шифрирани како цел број во EDA софтверот. На пример, 32-битен цел број може да биде шифриран со таблицата на вистинитост за LUT со 5 влеза.
При користењето на цел број претставен во таблицата на вистинитост, влезната вредност на LUT може да се добие со пресметување на битниот индекс k, кој се наоѓа на вредноста на влезот на LUT, во кој случај вредноста на влезот на LUT е kти бит на цел број. На пример, за да се вреднува вредноста на влезот LUT даден на низата од n Буловите влезни вредности, индексот на битот на влезната вредност во таблицата на вистинитост може да биде пресметан на следниот начин: ако iтиот влез е вистинит, нека Vi = 1 и нека Vi = 0. Тогаш kтиот бит од бинарното претставување на таблицата на вистинитост е влезната вредност на LUT, каде k = V0*2^0 + V1*2^1 + V2*2^2 + ... + Vn*2^n.
Таблиците на вистинитост се едноставни и лесни за да се шифрираат Буловите функции, и покрај дадениот експоненцијален раст во обем како број на зголемување на влезовите, тие не одговараат за функции со голем број на влезови. Други успешни претставувања се текстуалните равенки и бинарниот дијаграм на одлучување.
[уреди] Примена на таблиците на вистинитост во дигиталната електроника
Во дигиталната електроника (информатиката, полиња на инженерството со примена на логика и математика), таблиците на вистинитост може да се применат за да се намалат основните Булови операции до едноставни корелации меѓу влезовите и излезите, без употребата на логички порти или шифри. На пример, бинарниот додаток може да биде претставен со таблица на вистинитост:
A B | C R 1 1 | 1 0 1 0 | 0 1 0 1 | 0 1 0 0 | 0 0 каде A = прв исказ B = втор исказ C = изведување R = резултат
Оваа таблица на вистинитост се чита од лево кон десно:
- Вредноста на парот (A,B) е еднаква со вредноста на парот (C,R).
- Или за овој пример, A + B = R + C.
За одбележување е дека ова не ги опишува логичките операции потребни за воведување на оваа операција, отколку што е едноставно наведена функцијата меѓу вредноста на влезот и излезот.
Во овој случај, може да се употребува само за монгу едноставни влезови и излези, како 1 и 0, но ако бројот на видови на вредности на влезови се зголеми, големината на таблицата на вистинитост ќе се зголеми.
На пример, во додатна операција, се јавува потребата од два искази, А и B. Секој може да има една од двете вредности, нула или еден. Бројот на комбинации од овие две вредности е 2x2, односно 4. Па, резултатот е 4 можни излези за C и R. Ако еден се користеше со основа 3, тогаш големината би се зголемила на 3x3, односно 9 можни излези.
Првиот „додавач“, примерот горе е наречен полудодавач. Целиот додавач е кога изведувањето од претходната операција е обебедено како влез до следниот додавач. Освен тоа, таблицата на вистинитост од осум редови треба да се опише како логика на целосен додавач:
A B C* | C R 0 0 0 | 0 0 0 1 0 | 0 1 1 0 0 | 0 1 1 1 0 | 1 0 0 0 1 | 0 1 0 1 1 | 1 0 1 0 1 | 1 0 1 1 1 | 1 1 Исто како претходно, но ... C* = изведување од претходниот додавач
[уреди] Видете исто така
|
|
[уреди] Референци
[уреди] Користена литература
- Quine, W.V. (1982), Methods of Logic, IV издание, Harvard University Press, Cambridge, MA.
[уреди] Надворешни врски
- Генератор на вистинитосни таблици (англиски)
- Интернет генератор на вистинитосни таблици (англиски)
- Моќен логички погон (англиски)
- Вреднувач на булови изрази, создава вистинитосни таблици (Јава) (англиски)
|
|||||||||||||||||||










)
)
)
)
)
)
)
)
)