Сeрен Кјеркегор

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Сeрен Кјеркегор
Западна филозофија
Филозофија на XIX век

Кјеркегор на цртеж (~1840)
Цело име Серен Аби Кјеркегор
Роден 5 мај 1813
Копенхаген, Данска
Починал 11 ноември 1855(1855-11-11) (на 42 год.)
Копенхаген, Данска
Школа Данско златно доба, предвесник на т.н. „континентална филозофија“,[1] егзистенцијализам (агностички, атеистички, христијански), егзистенцијална психологија, апсурдизам, дијалектичка теологија и мн. др.
Главни интереси христијанство, метафизика, епистемологија, естетика, етика, психологија, филозофија
Значајни идеи Се смета за татко на егзистенцијализмот, егзистенцијален очај, три сфери на човековото постоење, витез на вербата, бесконечна квалитативна разлика, скок на вербата
Потпис Kierkegaard sig.png

Серен Оби Кјеркегор (дански: Søren Aabye Kierkegaard; 5 мај 181311 ноември 1855) — дански филозоф од XIX век, се смета за воспоставувач на основите на eгзистенцијализмот, филозоф на личноста, постмодернист, хуманист, идеалист и христијански мислител.

Биографија[уреди]

Кјеркегор е роден во Копенхаген. Татко му го воспитувал во религиозен дух. Кјеркегор уште од рана возраст бил измачуван со тегобност од исчекување на неодредена казна, поради гревот на неговиот татко од младоста.[2] Тоа се одразило врз животот на Кјеркегор и неговата филозофија. Тој студирал теологија и филозофија, а докторирал со тезата за иронијата и нејзината примена кај Сократ [3]. Во Берлин со воодушевување студирал кај Шелинг, но се разочарал и се вратил дома. Во Копенхаген се посветил на филозофијата. Во животот се вљубил само еднаш, но ја нашуштил вереницата затоа што сметал дека таа нема да биде среќна со него како филозоф кој е постојано незадоволен од себе и од светот [4]. Во родниот град на јавните места ги подучувал луѓето на вистината и етичкиот живот. Кјеркегор бил против официјалното христијанство и стоел пред портите на црквата и ги одвраќал верниците да влегуваат внатре (слично како и Мартин Лутер), од друга страна тоа го предизвикал гневот кај цркованата херархија. Кјеркегор од своја страна пак ја презирал толпата и немал контакти со социјалните движења на своето време. Исцрпен од своите внатрешни демони и спротивставувањата во животот, истоштен паднал на улица и умрел релативно млад.

Филозофијата[уреди]

Филозофски, Кјеркегор ги поврзува Хегеловата филозофија и подоцнежниот егзистенцијализам. Кјеркегор силно ги отфрла и Хегел и она што тој го смета за празни формалност во данската црква. Многу од неговите дела се расправаат со религиозни проблеми како што природа на верата, институцијата на христијанската црква, и христијанските етика и теологија. Заради ова, делото на Кјеркегор некогаш се класифицира како христијански егзистенцијализам (спротивно на егзистенцијализмот на Жан Пол Сартр или праегзистенцијализмот на Фридрих Ниче, двата изградени врз изразено атеистичка основа). Делото на Кјеркегор е често нејасно за интерпретација, заради тоа што голем дел од неговото рано творештво излегува под разни псевдоними и често овие псевдо-автори коментираат на делата на раните псевдо-автори.

Против Апсолутниот дух на Хегел и систематската филозофија[уреди]

Кјеркегор се спротиставува на тогаш општоприфатената филозофија на Хегел за Апсолутниот дух, првенствено Кјеркегор го критикува филозофскиот систем[5] [6], кој сака сите идеи и сите негови делови да направи компактна целина, од тука произлегува и дека човекот треба да се потчини на идејата. Кјеркегор го претпочитува личниот однос на човекот кон светот, за него, основниот проблем на човекот е егзистенцијата како единично постоење во светот. Егзистенцијата е еднократна и неповторлива, таа е конкретно постоење, испреплетена со апсурди и парадокси, со кои човекот како единка е оставен да се бори сам со себе и со задача со нив да се избори. Никаква рационалност не може да му ја објасни на човекот, егзистенцијата, ниту како да живее во светот исполнет со парадокси.

Егзистенцијата[уреди]

Егзистенцијата е секогаш она единичното, апстракното не егзистира, субјективноста е реалност. Да се заклучува од мислењето кон постоењето е противречно, бидејќи мислењето навистина од реалноста го одзема постоењето и го мисли така што го укинува и го преведува во апстаркција. Човекот како човек, сам по себе е егзистенција, и таквата егзистенција е несигурна, случајна, минлива, неповторлива и конечна единичност. Егзистенцијата на човекот е еднократна во својата можност. Човекот е суштество на можности, на слободата и има лична одговорност за тоа што ќе стане, какава ќе биде неговата судбина и што ќе биде тој. Со овој пристап Кјеркегор ги преставува одговорноста и потресеноста од егзистирањето. Егзистенцијата е непредвидлива, таа е парадокс, а тоа е така зошто егзистенцијата во себе содржи противречности кои се исклучуваат меѓу себе. Поради тоа човекот се наоѓа на раскрсница на доживување на тие противречности, меѓу конечното и бесконечното, смислата и безсмисленоста, смрта и бесмртноста, човечкото и боженственото. Противречностите го доведуваат човекот да мора да се соочи со својата егзистенција како вистина, преку стравот што произлегуваат од личното соочување со животот и смрта. Кјеркегор истакнува дека човекот е суштество болно на смрт, а смрта кај човекот доведува до небидниина, и затоа само смрта може да биде сигурна за човекот. Човекот е постојано во грижа за својата егзистенција и постојано се наоѓа во ситуација на или - или, да избира, и да незнае што да прави и како тоа да го направи, и тоа кај човекот предизвикува вина, очај и грев. Поради тоа човекот се наоѓа во безизлезна ситуаација и во неможност да се определи, со оглед дека му е сигурна само смрта.

Егзистенциојален избор[уреди]

При таквата егзистенција и таквите можности за избор, на човекот му остануваат само очајот или лудилото или верата. Според Киркекор решението од ништото е изборот на верата која е она вистинското. Но верата е реткост, бидејќи се однесува на вистинската, автентична егзистенција, која што луѓето ја избегнуваат. На патот на автентичната егзистенција се разликиуваат три стадиуми. Егзистенцијата ги поминува стадиумите во форма на развој, што не се одвива постепено, туку со нагли премини од еден во друг стадиум. Естетски живот. Првиот стадим е кога личноста им се препушта на сетилата, фантазијата, на задоволставата од мигот, на неповторливоста во моментот на уживањето. Идеалот на таквиот живот е Дон Жуан. Етички живот. Вториот стадиум е кога личноста постапува според должностите, во согласност со животниот повик, дејствување со етичка обврска кон другите и кон општеството со надминување на несигурноста. Идеалот на овој стадиум е Сократ. Религиозен живот. Третиот стадиум е кога животот се поставува во реалација со Апсолутот, со Бога, кога човекот се откажува од себеси, се негира себеси со тоа што потиснува се што во него е световно и се стопува со Бог. Идеалот е Исус Христос.

Теологијата на Кјеркегор и критика врз Црквата[уреди]

Според Кјеркегор личниот однос кон Бога е најзначаен. Верата е единствен спас на човекот. А само со вистинаската, лична вера во Бога се надминува стравот од минливоста. Овој премин кон Бога е придружен со болка и страдање, а со тоа и промена на целокупниот живот на човекот. Луѓето многу ретко го достигнуваат тоа, затоа што луѓето многу ретко егзистираат како вистински, слободни и одговорни личности. Кјеркегор истакнува дека секој го промашил својот живот, ако не стане свесен дека е дух кои стои пред Бога. Само личниот однос кон Бога како лична вера во Бог е единствениот вистински начин да се најде смисла на егзистенцијата. Верата е приватен, личен однос кон Бога затоа што сите животни проблеми се индивидуални. И секој човек мора да го најде својот личен пат кон верата во Бога. Вистинската религиозност на поединецот се покажува со поимот повторување. Тоа значи дека христијанинот мора да ја повтори самиот во себе целокупната содржина на вистинската вера. Без таков личен, свој пат не може да се биде религиозен, судбината на Спасителот треба секој во себе да ја повтори. Зашто само со повторување може да се негира вредноста на надворешниот свет, без повторувањето единката ќе го изгуби своето Јас и нема да биде сопствена егзистенција и автентичност. Кјеркегор сметал дека црквата и официјалното христијанство се приспособиле на светот и на неговите празни вредности. Со самото тоа, Црквата го изневерило христијанството. Притоа Кјеркегор протестирал дека Црквата наместо да ја воспостави верата, таа понудила сигурност, наместо личното барање на верникот, таа го воспоставила учењето напамет на молитви [7]

Влијанието на Кјеркегор[уреди]

Кјеркегор во 19 век бил заборавен, но 20 век ќе биде откриен како прв филозоф на егзистенцијализмот. Неговото влијание широко се чуствува во литературата (Ибзен, Стриндберк, Рилке и др.), во филозофијата и во современата теологија. Денес Данска го слави како свој најголем филозоф, во протестанската религија е еден од највлијателните современи филозофи на религијата.

Кјеркегоровите дела[уреди]

Или - Или
  • Од делата на Кјеркегор, на македонски јазик е преведена само книгата Дневникот на заводникот, во превод од англиски, од Александар Темков[8]
  • Af en endnu Levendes Papirer. Udgivet mod hans Villie, 1838.
  • Om Begrebet Ironi med stadigt Hensyn til Socrates, 1841.
  • Enten - Eller. Et Livs-Fragment udgivet af Victor Eremita, 1-2, 1843.
  • To opbyggelige Taler, 1843.
  • Frygt og Bæven. Dialektisk Lyrik af Johannes de Silentio, 1843.
  • Gjentagelsen. Et Forsøg i den experimenterende Psychologi af Constantin Constantius, 1843.
  • Tre opbyggelige Taler, 1843.
  • Fire opbyggelige Taler, 1843.
  • Begrebet Angest. En simpel psychologisk-paapegende Overveielse i Retning af det dogmatiske, 1843.
  • To opbyggelige Taler, 1844.
  • Tre opbyggelige Taler, 1844.
  • Philosophiske Smuler eller En Smule Philosophi af Johannes Climacus, udgivet af S. Kierkegaard, 1844.
  • Problem om Arvesynden af Vigilius Haufniensis, 1844.
  • Forord. Morskabslæsning for enkelte Stænder efter Tid og Leilighed af Nicolaus Notabene, 1844.
  • Fire opbyggelige Taler, 1844.
  • Tre Taler ved tænkte Leiligheder,1845.
  • Stadier paa Livets Vei. Studier af Forskjellige. Sammenbragte, befordrede til trykken og udgivne af Hilarius Bogbinder, 1845.
  • Afsluttende uvidenskabelig Efterskrift til de philosophiske Smuler. Mimisk-pathetisk-dialektisk Sammenskrift, Existentielt Indlæg, af Johannes Climacus. Udgiven af S. Kierkegaard, 1846.
  • En literair Anmeldelse. To Tidsaldre, Novelle af Forfatteren til "en Hverdags-Historie", udgiven af J. L. Heiberg, 1846.
  • Opbyggelige Taler i forskjellig Aand, 1847.
  • Kjerlighedens Gjerninger. Nogle christelige Overveielser i Talers Form, 1847.
  • Christelige Taler, 1848.
  • Lilien paa Marken og Fuglen under Himlen. Tre gudelige Taler, 1849.
  • Tvende ethisk-religieuse Smaa-Afhandlinger af H.H., 1849.
  • Sygdommen til Døden. En christelig psychologisk Udvikling til Opbyggelse og Opvækkelse. Af Anti-Climacus, udgivet af S. Kierkegaard, 1849.
  • "Ypperstepræsten - "Tolderen" - "Synderinden", tre Taler ved Altergangen om Fredagen, 1849.
  • Indøvelse i Christendom af Anti-Climacus. Nr. I. II. III, udgivet af S. Kierkegaard, 1850.
  • En opbyggelig Tale, 1850.
  • To Taler ved Altergangen om Fredagen, 1851.
  • Om min Forfatter-Virksomhed, 1851.
  • Til Selvprøvelse. Samtiden anbefalet, 1851.
  • Dette skal siges; saa være det da sagt, 1855.
  • Øieblikket nr.1-10, 1855
  • Synspunktet for min Forfatter-Virksomhed. En ligefrem Meddelelse, Rapport til Historien, skrevet 1848. Udgivet efter S.K.s død i 1859.
  • Dømmer selv. Til Selvprøvelse Samtiden anbefalet. Anden Række, skrevet 1851-52. Udgivet efter S.K.s død i 1876.
  • Bogen om Adler skrevet 1846-47. Udgivet efter S.K.s død i 1916.

Псевдонимите на Кјеркегор[уреди]

Голем дел од своите дела Кјеркегор ги созадал под псевдоними, особено тоа важи за првата фаза како и првите дела од втората фаза на неговото творештвошто. Тие претставуваат различни начини на размислувања кај самиот Кјеркегор. Кјеркегор пишува на овој начин, со цел да се спречи, неговите дела да бидат третирани како филозофски систем со систематска структура. Кјеркегор притоа истакнува дека:

Во делата со псевдоним , не постои еден единствен збор што е мој. Немам мислење за овие работи, освен како трето лице, без знаење на нивното значење, освен како читател... [9]
  • Виктор Еремите, ИЛИ - ИЛИ
  • Константин Константиус, Повторување
  • Јоханес де Силентио, Страв и трепет
  • Јоханес Климакус, Филозофски трошки
  • Вилијам Афхам, Стадиуми на животниот пат

Користена литература[уреди]

  • Adorno, Theodor W.(1989). Kierkegaard: Construction of the Aesthetic. Minneapolis: University of Minnesota Press. ISBN 0-8166-1186-6
  • Angier, Tom. (2006). Either Kierkegaard/or Nietzsche: Moral Philosophy in a New Key. Farnham, Surrey: Ashgate Publishing. ISBN 0-7546-5474-5
  • Beck, M. (1928). Referat und Kritik von M.Heidegger: Sein und Zeit, in: Philosophische Hefte 1 7 (германски)
  • Bergmann, Samuel Hugo. (1991). Dialogical philosophy from Kierkegaard to Buber. New York: SUNY Press. ISBN 978-0-7914-0623-6
  • Bösl, Anton. (1997). Unfreiheit und Selbstverfehlung. Søren Kierkegaards existenzdialektische Bestimmung von Schuld und Sühne. (германски) Herder: Freiburg, Basel, Wien
  • Cappelorn, Niels J. (2003). Written Images. Princeton: Princeton University Press. ISBN 0-691-11555-9
  • Carlisle, Claire. (2006). Kierkegaard: a guide for the perplexed‎. London: Continuum International Publishing Group. ISBN 978-0-8264-8611-0
  • Conway, Daniel W. and Gover, K. E. (2002). Søren Kierkegaard: critical assessments of leading philosophers. London: Taylor & Francis. ISBN 978-0-415-23587-7
  • Dreyfus, Hubert. (1998). Being-in-the-World: A Commentary on Heidegger's Being and Time, Division I. Cambridge, MA: MIT Press. ISBN 978-0-262-54056-8
  • Dru, Alexander. (1938). The Journals of Søren Kierkegaard. Oxford: Oxford University Press.
  • Duncan, Elmer. (1976). Søren Kierkegaard: Maker of the Modern Theological Mind. Word Books, ISBN 0-87680-463-6
  • Evans, C. Stephen. (1996). "Introduction" in Fear and Trembling by Søren Kierkegaard, trans. by C. Stephen Evans and Sylvia Walsh. Cambridge: Cambridge University Press. ISBN 978-0-521-84810-7
  • Gardiner, Patrick. (1969). Nineteenth Century Philosophy. New York: The Free Press. ISBN 978-0-02-911220-5
  • Joakim Garff|Garff, Joakim]]. (2005). Søren Kierkegaard: A Biography, trans. by Bruce Kirmmse. Princeton: Princeton University Press. ISBN 978-0-691-09165-5
  • Hall, Sharon K. (1983). Twentieth-Century Literary Criticism. Detroit: University of Michigan. ISBN 978-0-8103-0221-1
  • Hannay, Alastair . (2003). Kierkegaard: A Biography (new ed.). Cambridge: Cambridge University Press. ISBN 0-521-53181-0
  • Hannay, Alastair and Gordon Marino (eds). (1997). The Cambridge Companion to Kierkegaard. Cambridge: Cambridge University Press. ISBN 0-521-47719-0

Извори и белешки[уреди]

  1. Оваа класификација е застарена. Кјеркегор бил исклучително уникатен мислител и затоа неговите дела не можат да се сместат во ниедна школа или традиција, дотолку што и самиот не се наоѓал во ниедна од нив. Неговите дела се сметаат за претходница на голем број правци во XX и XI век.
  2. Како дете, таткото на Кјеркегор бил овчар и неможел да го издржи таквиот тежок живот, и затоа еден ден почнал да го навредува Бог, да богохули, и од тука се јавила легендата во неговото семејство, дека сите се проколнати заради богохулењето на таткото
  3. Soren Kierkegaard, The Concept of Irony with Constant Reference to Socrates, Lee M. Chapel, New York, 1965
  4. Sören Kierkegaard, ENTEN ELLER, Forforerens Dabog,Københaven, 1843.
  5. Green, Ronald M. Kierkegaard and Kant: The Hidden Debt. SUNY Press, 1992
  6. Om Begrebet Ironi med stadigt Hensyn til Socrates, 1841.
  7. (Hannay, 2003)
  8. Шест книги за на пуст остров: Александар Темков
  9. (Kierkegaard, 1998a, p. xii)