Сју Гарднер

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Сју Гарднер
Sue Gardner

Сју Гарднер во 2008
Роден(а) 1967 (age 46–47)
Живеалиште Сан Франциско, САД
Националност Канаѓанка
Алма матер Рајерсон
Звање Извршен директор на Фондацијата Викимедија (2007–)
Сју Гарднер со Меир Шитрит на Викиманија 2011 во Хаифа

Сју Гарднер (англ. Sue Gardner, р. 1967)[1] е тековниот извршен директор на Фондацијата Викимедија во Сан Франциско и поранешен директор на мрежно место и е-издаваштвото на Канадското радиодифузно претпријатие (Canadian Broadcasting Corporation, CBC).

Почетоци во новинарството[уреди]

Гарднер е родена во Порт Хоуп, Канада како ќерка на англикански свештеник и управник на училиште.[1] Дипломирала новинарство на универзитетот Рајерсон.[1] Кариерата ја започнала во 1990 во радиото на CBC, во емисијата As It Happens. Повеќе од една деценија била продуцент, репортер и документарист за актуелности во CBC Radio и новинар за Newsworld International, осврнувајќи се на поп-културата и општествени проблематики.[2]

Во март 2006, го наследила Клод Галипо како виш директор на новиот 150-член отсек на мрежното место CBC.ca.[3][4]

Работа во Викимедија[уреди]

Во мај 2007, Гарднер го напуштила CBC и станала посебен констултант на Фондацијата Викимедија за операции и управување.[5]

In December 2007, Фондацијата Викимедија ја назначува за нејзин извршен директор.[6] Во текот на следниве две години работела како раководител на развојот на кадровскиот капацитет, воведувајќи посебна екипа задолжена за прибирање средства и менувајќи го седиштето од Тампа во Сан Франциско.

Во октомври 2009, Huffington Post ја прогласува за една од десетте личности на годината што ја менуваат медиумската игра, и тоа и тоа за влијанието на нејзината работа во Викимедија врз новите медиуми.[7]

Наводи[уреди]

  1. 1,0 1,1 1,2 Википедијанците работат од љубов. Навистина. - Globe and Mail, 26 јули 2010 (англиски)
  2. Профил на Сју Гарднер - Lavin Agency (англиски)
  3. „Како CBC почна на интернет“ - Toronto Star, 19 јули 2006 (англиски)
  4. Дали CBC.ca раководат самите со себе? (англиски)
  5. Извештај за печат на Фондацијата Викимедија, 27 јуни 2007 (англиски)
  6. „Сју Гарднер назначена за извршен директор“ - Извештај за печат на Фондацијата Викимедија (англиски)
  7. From the series of slides for the 10 Менувачи на играта: Кој е највлијателниот менувач медиумската игра? – Сју Гарднер, Huffington Post (англиски)

Надворешни врски[уреди]