Сји Џинпинг

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Сји Џинпинг
习近平
Xi Jiping cropped.jpg
Сји Џинпинг во 2012 г.

Во служба
Стапил
15 ноември 2012
Заменик Ли Кечанг (II во ПКП)
Претходник Ху Џинтао

Во служба
Стапил
14 март 2013
Премиер Ли Кечанг
Потпретседател Ли Јуенчао
Претходник Ху Џинтао
Лични податоци
Роден(а) 15 јуни 1953 (1953-06-15) (60 г.)
Пекинг
Партија Комунистичка партија
Сопружник Пенг Лијуен
Деца Мингце
Живеалиште Џунгнанхај
Образование Универзитет „Цингхуа“
Потпис Потпис на

Сји Џинпинг (кинески: 习近平, пинјин: Xí Jìnpíng; р. 15 јуни 1953) — Генерален секретар на Комунистичката партија на Кина (КПК), Претседател на НР Кина и Претседател на Централниот воен комитет. Како генерален секретар, тој е член и на Постојаниот комитет на Политбирото на КПК, дефакто врховен управен орган во земјата.

Сји е син на комунистичкиот првоборец Сји Џунгсјин и политички се издигнал во приморските покраини на земјата. Помеѓу 1999 и 2002 г. бил управник на покраината Фуџен, а помеѓу 2002 и 2007 г. бил управник и партиски началник н на соседната покраина Џеџинг. По отпуштањето на Чен Лиангји, Сји бил префрлен во Шангај, на функцијата партиски секретар, а подоцна истата година (2007) влегол во централната управа, каде го подготвувале за наследник на претседателот Ху Џинтао.

Како водач на петтото поколение на државното водство,[1] ја возобновил масовната борба против корупцијата, продолжил со пазарните реформи и создал отвореност и отчетност во урпавувањето. Сите овие мерки се окарактеризирани со неологизмот „кинески сон“.[2]

Живот и кариера[уреди]

Детство и младост[уреди]

Сји Џинпинг е роден на 15 јуни 1953 г. во реонот Сјиченг, Пекинг, со семејно потекло од околијата Фупинг (денес во Вејнан), Шенсји. Поради тоа што израснал во Пекинг, Сји е првиот водач на партијата што говори чист мандарински без локален акцент.[3] Татко му, Сји Џунгсјин е еден од основачите на комунистичкото герилско движење во Шенсји и бил на функцијата заменик-премиер. Во тоа време, татко му бил Началник на Одделението за пропаганда на КПК, а потоа потпретседател на Националното народно собрание. Кога Сји имал 10 години, татко му бил симнат во чистка и испратен да работи во фабрика во Луојанг, Хенан.[4] Во 1968 г, во текот на Културната револуција, татко му бил осуден и затворен. Останувајќи без поткрепа од татко му, Сји како средношколец бил испратен на работа во Јенчуан, Шенсји. Подоцна станал секретар на партискиот огранок во производната задруга сè до 1975 г.

Од 1975 до 1979 г, Сји студирал на хемиско инженерство на престижниот универзитет „Цингхуа“ во Пекинг. Во 2002 г, на истиот универзитет станал доктор по правни науки, задржувајќи се на марксизмот и идеолошката наобразба.[5] Од 1979 до 1982 г, бил секретар на Генг Бјао, а потоа бил на функцијата заменик-премиер и Генерален секретар на Централниот воен комитет. Служејќи на Воениот комитет, Сји се стекнал со добри познавања од областа на воените работи. Во 1985 г. бил член на делегацијата во Маскатин, Ајова (САД) која имала за цел да го изучува американското земјоделство.[6]

Напредок во кариерата[уреди]

Сји во 1971 г. се зачленил во Сојузот на комунистичката младина на Кина, а три години подоцна стапил во Комунистичката партија.[7] Во 1982 г. бил испратен во Џендинг, Хебеј на функцијата Заменик-секретар околискиот огранок на партијата, а следната година бил назначен за нејзин секретар.[8] Во текот на политичката кариера, служел во четири покраини: Шенсји (1969–1975), Хебеј (1982–1985), Фуџен (1985–2002) и Џеџанг (2002–2007).

Служел на разни функции во подрачниот комитет на КПК во Фуџоу, а во 1990 г. станал претседател на месното партиско училиште. Во 1999 г. бил унапреден во Заменик-управник на покраината Фуџен, а следната година дошол на функцијата управник. За време на ова службување правел напори за да привлече инвеститори од Тајван и да ја унапреди слободната пазарна економија.

Во 2002 г. стапил на високи функции во Џеџанг. Набргу станал покраински партиски началник, а потоа управик на покраината. Потоа стапил во ЦК на КПК и со тоа влегол во државниот врв. Додека бил во Џеџанг, Сји обезбедил поволни стопански услови за голема стапка на развој од 14% годишно, притоа немилосрдно борејќи се против корупцијата.

Во март 2007 г. станал партиски началник на Шангај по симнувањето на дотогашниот началник поради вмешаност во скандал со пензискиот фонд.

Приклучување кон Постојаниот комитет и потпретседателство[уреди]

Сји Џинпинг на средба со македонскиот премиер Никола Груевски во 2013 г.
Сји Џинпинг и рускиот претседател Димитриј Медведев во 2010 г.
Сји Џинпинг на средба со американскиот секретар за одбрана, Леон Панета во септември 2012 г.

По назначувањето за партиски секретар на Шангај, Сји во 2007 г. бил изгласан за член на Постојаниот комитет. Таму се котирал над Ли Кечанг, што значи дека имал најголеми изгледи да стане следниот претседател на државата. Покрај ова, Сји членувал во врвот на Секретаријат на ЦК и поради неговите достигнувања, XI Национално народно собрание во 2008 г. го изгласал за Потпретседател на Кина.[9]

Откако стапил на функцијата, Сји имал најразлични задолженија и портфолија. Бил надлежен за опширните подготовки на Летните олимписки игри 2008 во Пекинг и играл улога на најзначаен фактор во односите на централната управа со Хонгконг и Макао. Станал и претседател на Централното партиско уличиште, установа за образовно-идеолошка подготовка на кадри на партијата. По Сечуанскиот земјотрес во 2008 г, Сји ги посетил погодените подрачја во Шенсји и Гансу. Во јуни 2008 г. ги остварил првите посети во странство како потпретседател, и тоа во Северна Кореја, Монголија, Саудиска Арабија, Катар и Јемен.[10] По завршувањето на олимпијадата, бил назначен на чело на комитетот задолжен за организирање на одбележувањето на шеесетгодишнината од основањето на НР Кина. Го предводел и т.н. „Проект 6521“ за обезбедување на политичка стабилност во немирите во 2009 г.[11]

Сји ужива значаен углед кај странските државници, кои ја ценат неговата отвореност и прагматичен пристап. Меѓу другите позитивни оценки, највпечатлива е онаа на поранешниот премиер на Сингапур, Ли Куан Ју, кој изјавил дека Сји е „промислен човек што минал низ многу маки и неволји во животот.“[12] Ли исто така се искажал дека: „Како човек, јас би го ставил во класата на Нелсон Мандела. Човек со многу голема емотивна стабилност што не дозволува личните несреќи и страдања да му го загрозат расудувањето. Со други зборови, импресивна личност“.[13]

Турнеи како потпретседател[уреди]

Во февруари 2009 г, како потпретседател, Сји Џинпинг направил турнеја низ Латинска Америка, посетувајќи го Мексико,[14][15] Јамајка,[16][17] Колумбија,[18][19] Венецуела[20][21] и Бразил[22][23] за да ги унапреди врските и соработката на Кина во регионот, со особен осврт на глобалната финансиска криза. На враќање ја посетил и Малта.[24][25]

Партиски челник и врховен командант[уреди]

На 15 ноември 2012, XVIII ЦК на КПК го изгласал Сји за Генерален секретар на Комунистичката партија и Претседател на Централниот воен комитет, со што тој се издигнал на врвот на партијата.[26][27][28][29] Списокот на најмоќни луѓе во светот на „Форбс“ во 2012 г. го оценил Сји како деветти најмоќен човек на светот.[30]

Во следниот период, како челник на партијата, Сји ја посетил покраината Гуангдунг за да му оддаде почит на поранешниот премиер Денг Сјаопинг, при што одржал говори, повикувајќи на силни економски реформи и зајакнување на војската, што го нарекол „кинескиот сон“.[31]

Претседателствување[уреди]

На 14 март 2013 г. Сји бил назначен за Претседател на Кина, со речиси апсолутно мнозинство на гласачите на XII Национално народно собрание,[32] доаѓајќи на местото на Ху Џинтао, кој заминал во пензија со истекот на неговите два мандата.[33] Во истата прилика, за потпретседател на државата е избран либералниот реформист Ли Јуенчао, кој со ова станал првиот потпретседател што не членува во Постојаниот комитет од времето на Жонг Јижен (1998) наваму.[34]

Веднаш по стапувањето на функцијата, Сји го потврдил пријателството на земјата со Пакистан[35] и заминал во посети на Русија, Танзанија, ЈАР и Република Конго.[36]

Кон средината на годината, Сји остварил и средби со македонскиот премиер Никола Груевски и шефот на МНР, Никола Попоски во состав на кинеската иницијатива за инвестиции и соработка со земјите од Централна и Источна Европа.[37]

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

  1. „deckblatt-ca-data sup-form.pdf“ (PDF). http://www.giga-hamburg.de/dl/download.php?d=/content/ias/archiv/cds/cds_0905.pdf. конс. 20 октомври 2010. 
  2. „Xi Jinping calls for a Chinese dream, Daily Telegraph“. http://www.telegraph.co.uk/news/worldnews/asia/china/9935609/Xi-Jinping-calls-for-a-Chinese-Dream.html. конс. 20 март 2013. 
  3. Johnson, Ian. „New Chinese Leader Offers Few Hints of a Shift in Direction“, „The New York Times“, 15 ноември 2012 (конс. 15 ноември 2012).
  4. Bouée, Charles-Edouard, China's Management Revolution: Spirit, Land, Energy, (Palgrave Macmillan, 15 декември 2010), стр. 93; via Google Книги. консултирано на 15 февруари 2012
  5. Xi Jinping“, 30 март 2010.
  6. China's Vice-President revisits youth with a trip to the Midwest to meet farming family he stayed with on exchange tripAssociated Press, 15 февруари 2012
  7. Ranade, Jayadva. „China's Next Chairman - Xi Jinping“, Centre for Air Power Studies, 25 октомври 2010 (конс. 27 мај 2012).
  8. Xi Jinping“, GlobalSecurity.org, 7 ноември 2011 (конс. 27 мај 2012).
  9. "Hu Jintao reelected Chinese president", Xinhua (China Daily), 15 март 2008
  10. „Vice-President Xi Jinping to Visit DPRK, Mongolia, Saudi Arabia, Qatar and Yemen“. Mfa.gov.cn. 5 јуни 2008. http://www.mfa.gov.cn/eng/wjdt/wsrc/t462294.htm. конс. 20 октомври 2010. 
  11. Michael Wines. 'China's Leaders See a Calendar Full of Anniversaries, and Trouble'The New York Times, 9 март 2009
  12. Ansfield, Jonathan (22 декември 2007). „Xi Jinping: China’s New Boss And The ‘L’ Word“. „Newsweek“. http://www.newsweek.com/id/81558. конс. 20 октомври 2010. 
  13. China's Nelson Mandela“, „Time“, 19 ноември 2007.
  14. Chinese vice president in Mexico to boost trade“, Channel NewsAsia, 11 февруари 2009.
  15. Chinese Vice President Xi Jinping speaks during a news conference in Mexico City, 10 февруари 2009. Jinping is on a two-day official visit to Mexico.“, 10 февруари 2009.
  16. Photo Gallery of the Official Visit of the Vice President of the People's Republic of China and the State Visit of the King and Queen of Spain“, Jamaica Information Service, 12 февруари 2009.
  17. China, Jamaica vow to enhance friendly partnership“, Централна кинеска телевизија (CCTV), 13 февруари 2009.
  18. Mu Xuequan. „Chinese vice president concludes official visit to Colombia“, 17 февруари 2009 (конс. 4 ноември 2012).
  19. China Names Colombia Official Tourism Destination“, „Latin American Herald Tribune“.
  20. Fang Yang. „Chinese VP meets Venezuelan top legislator on parliamentary co-op, bilateral ties“, 19 февруари 2009 (конс. 4 ноември 2012).
  21. Devereux, Charlie. „China Bankrolling Chavez’s Re-Election Bid With Oil Loans“, Bloomberg News, 26 септември 2012.
  22. Министерство за надворешни работи на Бразил. „Посета на потпретседателот на Кина, Сји Џинпинг - 19/2/2008“, YouTube, 9 март 2009.
  23. Chinese VP meets Brazilian president on deepening strategic partnership“, 20 февруари 2009 (конс. 4 ноември 2012).
  24. Xi Jinping visits Malta“, The Embassy of Malta in the People's Republic of China, 23 февруари 2009.
  25. Mu Xuequan. „Roundup: Chinese vice president starts official visit to Malta“, 22 февруари 2009 (конс. 4 ноември 2012).
  26. „China Confirms Leadership Change“. BBC News. http://www.bbc.co.uk/news/world-asia-china-20322288. конс. 15 ноември 2012. 
  27. „Xi Jinping: China's 'princeling' new leader“. http://www.hindustantimes.com/world-news/China/Xi-Jinping-China-s-princeling-new-leader/Article1-959519.aspx. конс. 15 ноември 2012. 
  28. Ending Congress, China Presents New Leadership Headed by Xi Jinping“, „The New York Times“, 14 ноември 2012 (конс. 16 ноември 2012).
  29. „After months of mystery, China unveils new top leaders“. CNN. 16 ноември 2012. http://edition.cnn.com/2012/11/14/world/asia/china-leadership-transition/index.html. конс. 16 ноември 2012. 
  30. „Сји Џинпинг“. Forbes. 18 април 2013. http://www.forbes.com/profile/xi-jinping/. конс. 18 март 2013.  (англиски)
  31. For Xi, a 'China Dream' of Military PowerThe Wall Street Journal, 13 март 2013
  32. BBC News (2012). China confirms leadership change. консултирано на 17 ноември 2012
  33. Demick, Barbara. „China's Xi Jinping formally assumes title of president“, 13 март 2013 (конс. 16 март 2013).
  34. Moore, Malcolm. „Xi Jinping becomes China's president“, The Sunday Telegraph, 14 март 2013 (конс. 16 март 2013).
  35. „Zardari phones, felicitates Chinese president | Pakistan“. Dawn.Com. http://dawn.com/2013/03/17/zardari-phones-felicitates-chinese-president/. конс. 18 март 2013. 
  36. http://www.nytimes.com/2013/03/26/world/asia/chinese-leader-xi-jinping-offers-africa-assurance-and-aid.html?_r=0
  37. Премиерот Груевски денеска на средби со претседателот и со премиерот на Кина“, Нетпрес, 2 јули 2013 (конс. 4 јули 2013).

Надворешни врски[уреди]