Сјај за усни

Од Википедија — слободната енциклопедија
Сјај за усни се нанесува со лесно нанесувачка четка за усни.

Сјајот за усни е производ кој пред се, се користи за да на усните им даде нежен сјај и понекогаш суптилна боја. Се дистрибуира како во течна така и во мека состојба (но не треба да се помеша со помада за усни (лабелото) , која најчесто има медицинска функција. Тој може да биде целосно чист, проѕирен или со различни сенки на непроѕирност, вклучувајќи мат, светкав, сјаен или метален завршен изглед.

Историја[уреди | уреди извор]

Сјајот за усни е откриен од Макс Фактор (Max Factor) во 1930. Тој сакаше да направи производ за усни за во филмови кој ќе ги прави усните сјајни и свткави. Фактор направи шминка за филмската индустрија. Тој ја разви шминката специјално за глумиците кои учествуваа во црно-бело филмовите. Жените беа инспирирани од филмските глумици и сакаа исто така шминка. Првата реклама за достапен сјај за усни беше X-Rated на Max Factor која беше лансирана во 1932. Оригиналната формула беше откупувана до 2003 кога Procter и Gamble го повлекоа производот. Сјајот за усни најчесто се користи како козметика,но сепак некои сјаеви се корисни за навлажнување или заштита од надворешни влијанија. Сјаот за усни кои содржи заштита од сонце првпат беше рекламиран од глумицата Лилиан Гиш ( Lillian Gish). Во 1973, Бони Бел (Bonne Bell) го претстави првиот ароматизиран сјај за усни Lip Smackers ( уснени целувки). Lip Smackers беа најпопуларни меѓу тинејџерите. Lip Smackers се продаваа во две големини: мали и големи. Малите можат да се чуваат во џебот, а големите имаат врвка за да се стават на врат. Се веруваше дека пред состанок треба да одбереш соодветна арома затоа што тоа ќе биде нејзиниот прв вкус на состанокот кога тој ќе ги бакне нејзините усни. Козметичките компании постигнаа напредок во создавањето на сјајот за усни со главно природни состојќи освен за заштита.

Видови[уреди | уреди извор]

Како и помадата за усни (лабелото) и сјајот за усни постои во повеќе форми и може да биде користен на повеќе начини. Тој може да биде пакуван во мало цилиндрично шише и да се нанесува со кружен или кос апликатор, да се нанесува со вметната четкичка за усни или во мала тубичка дизајнирана за да може да се нанесува со прст. Цврстите сјаеви се во кутии или тубички,а понекогаш не се прави разлика меѓу сјај за усни и лабело. Нови типови на “набабрувачки” сјаеви за усни содржат состојки кои прават усните да изгледаат помеки и пополни. Овие се евтини,лесни и безболни замени за collagen(колаген), restylane (рестилан) и Juvederm(млада кожа) и/или големи инекции, но често не се толку ефикасни.. Ефектите се привремени и краткотрајни. Сјајот за усни често го користи личност која сака да нејзините усни да бидат обоени, но не сака тоа да биде интензивно како што би изгледало со кармин за усни. Сјајот за усни исто така често се користи како вовед во шминкањето. Често го користат предадолесцентки или млади тинејџерки кои сакаат да носат шминка, но се премногу млади за да користат појако обоени кармини.