Сѐ за мојата мајка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
„Сѐ за мојата мајка
Todo sobre mi madre“
All about my mother.jpg
Постер од филмот
Режирано од Педро Алмодовар
Продуцент Агустин Алмодовар
Мишел Рубен
Сценарист Педро Алмодовар
Настапуваат види подолу
Музика Алберто Иглесијас
Кинематографија Алфонсо Беато
Монтажа Хосе Салседо
Дистрибутер Шпанија
Ворнер Брос
Премиера Шпанија 16 април 1999
Времетраење 101 мин
Држава  Шпанија
Јазик шпански
Бруто заработка 67,964,530 долари (на светско ниво)

Сѐ за мојата мајка (шпански: Todo sobre mi madre) е филм на шпанскиот режисер Педро Алмодовар снимен во 1999 година. Филмот обработува комплексни теми како сида, сексуален идентитет, пол, религија и егзистенцијализам.

Дејството во филмот потекнува од еден претходен филм на Алмодовар, „Цветот на мојата тајна“, во кој студенти по медицина се учат како да убедат една ожалостена мајка да даде согласност органите на син ѝ да бидат донирани за трансплантација.

Сиже[уреди]

Мануела е медицинска сестра која живее и работи во Мадрид со синот тинејџер Естебан, кој сака да биде писател и никогаш го нема запознаено својот татко.

Една вечер, по театарската претстава „Трамвај наречен желба“, Естебан сака да земе автограм од глумицата Ума Рохо, која ја игра главната улога во претставата, Бланш Дубоа, но го удира кола и умира. По оваа несреќа, Мануела оди во Барселона да го најде таткото на Естебан, трансвеститот Лола кој работи како проститутка, за да го извести дека имал син. Додека е во Барселона, Мануела ќе се најде и со стар добар пријател, трансвеститот Слатка. Исто така, ќе ја запознае сестрата Роса, млада и бремена калуѓерка која го познавала поранешниот сопруг на Мануела, а ќе се здружи и со Ума Рохо, актерката која син ѝ ја обожуваше.

Алмодовар го завршува филмот со посвета: „За сите актерки кои глумеа актерки, за сите жени кои глумат, за мажите кои глумат и се претвораат во жени, за сите луѓе кои сакаат да бидат мајки. За мајка ми“.

Улоги[уреди]

Критики[уреди]

Сѐ за мојата мајка е општо-прифатен како најзрелиот филм на Алмодовар досега. [1][2][3][4][5][6][7] [8] Доби Оскар за најдобар странски филм во 1999, Награда за најдобра режија на Канскиот филмски фестивал, седум Гоја награди вклучувајќи Најдобар филм, Најдобра режија и Најдобра женска главна улога за аргентинката Сесилија Рот. Ричард Шикел од магазинот Тајм, како и други критичари го прогласија за најдобар филм на годината.

Белешки[уреди]

  1. David Ansen, "The Man of La Mancha." Newsweek 5 Dec. 1988;
  2. Celestine Bohlen, "Spain's Freest Spirit Gives Maturity a Try." The New York Times 18 Jan. 1998
  3. Richard Corliss, "Pedro on the Verge of a Nervy Breakthrough." Time 30 Jan. 1989
  4. Richard Corliss, "Loving Pedro." Time 15 Nov. 1999
  5. Lynn Hirschberg, "The Redeemer." The New York Times Magazine 5 Dec. 2004
  6. Brendan Lemon, "A Man Fascinated by Women, as Actresses." The New York Times 19 Sep. 1999
  7. Alan Riding, "Almodovar Takes the Pulse of Spain in Transition." The New York Times. 11 Feb. 1990'
  8. Jonathan Van Meter, "Man of Many Women." The New York Times Magazine 12 Sept. 1999.

Надворешни врски[уреди]