Сушење на дрво
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Сушење на дрвото е систем од методи и техники за отстранување на непотребната вода (влага) од дрвото. Намалувањето на водата во дрвото се изведува со сушење. За сушење на масивното дрво се користат следниве начини:
- сушење без доведување топлина и
- сушење со доведување топлина (вештачко-термичко сушење).
Во првата група влегуваат: природното (атмосферско), механичкото и биолошкото сушење.
Во втората група влегуваат: конвективното и контактното сушење, сушењето со радијација, со прегреана водена пареа, со високофреквентна електрична енергија, во вакуум, со хидрофобни течности, со сончева енергија и со хемиски средства.
Најголема практична примена имаат природното сушење (на отворен простор, под стреи или комбинација од двете) и конвективниот метод (сушење во специјални објекти – сушилници). Покрај сушењето на масивното дрво, постојат методи и техники за сушење на фурнири и дрвени иверки. Сушењето на фурнирите се врши по вештачки пат во сушилници (кај некои сечени фурнири и по природен пат), додека сушењето на дрвените иверки се врши само по вештачки пат.
Извор [уреди]
Македонска Енциклопедија, проф. д-р Борче Илиев, Шумарски факултет, Скопје, Сушење на дрвото стр. 1460-1461, МАНУ, Скопје, 2009.
