Сурфактант

Од Википедија — слободната енциклопедија
Шематски дијаграм на мицела кај емулзија на масло во вода. Во овој случај опашките на молекулите од сурфактантот кои се липидорастворливи навлегуваат во маслото, додека водорастворливите глави остануваат во контакт со водената фаза

Сурфактантите (или површниско активни супстанции, ПАС) се соединенија кои го намалуваат површинскиот напон помеѓу две течности или помеѓу течност и цврста површина. Името сурфактант е скратеница од англиските зборови surface acting agent. Сурфактантите можат да делуваат како детергенти, навлажнувачи, емулгатори и др.

Класификација на сурфактантите[уреди | уреди извор]

Сурфактантите се делат на: катјонски, анјонски, нејонски и цвитерјонски.