Суперкуп на Италија 2002

Од Википедија — слободната енциклопедија
Суперкуп на Италија 2002
Датум25 август 2002
СтадионСтадион 11 Јуни, Триполи, Либија
Играч на
натпреварот
Алесандро Дел Пјеро (Јувентус)
СудијаСтефано Фарина
2001
2003

Суперкупот на Италија за 2002 година било 15-тото издание на Суперкупот на Италија, традиционален фудбалски натпревар во кој се среќаваат победниците од претходната сезона во Серија А и Купот на Италија. Натпреварот се одиграл на 25 август 2002 година, на стадионот 11 јуни во Триполи, Либија.

Во Суперкупот на Италија 2002, се сретнале Јувентус шампионот во Серија за сезоната 2001-2002, и Парма победник во Купот на Италија 2001-2002. Ова бил петти настап за Јувентус (2 победи во 1995 и 1997), и четврти за Парма (победа во 1999). Двата клуба веќе еднаш се соочиле во Суперкупот, во 1995 година, кога Јувентус победил со 1-0.

Јувентус победил со 2-1 со головите на Алесандро Дел Пјеро и стигнал до својата трета титула во Суперкупот на Италија, додека стрелец на единствениот гол за Парма бил Марко Ди Вајо.

Натпреварот[уреди | уреди извор]

Прегед на натпреварот[уреди | уреди извор]

Првиот гол во натпреварот го постигнал капитенот на Јувентус, Алесандро Дел Пјеро во 38-мата минута по прекрасната асистенција на неговиот партнер во нападот Марсело Салас. Во 64-тата минута од натпреварот Парма израмнила на 1-1, со прекрасен погодок на Марко Ди Вајо со удар од 18-тина метри во спротивниот агол. Во 73-тата минута замената кај Јувентус, Марсело Залајета успеал да се ослободи од одбраната на Парма и да ја сврти топката во петерецот каде Дел Пјеро го постигнал својот втор гол во натпреварот со кој му ја донел победата на Јувентус и третиот Суперкуп во историјата на клубот.

Детали од натпреварот[уреди | уреди извор]

25 август 2002
21:00 ЦЕВ
Јувентус Јувентус 2 – 1 Парма Парма Стадион 11 јуни, Триполи
Гледачи: 40,000
Судија: Стефано Фарина
Дел Пјеро гол 38', гол 73' Извештај гол 64' Ди Вајо
Јувентус
Парма
Јувентус Јувентус
GK 1 Италија Џанлуиџи Буфон
DF 21 Франција Лилијан Тирам
DF 13 Италија Марк Јулиано добил жолт картон
DF 4 Уругвај Паоло Монтеро
DF 24 Италија Емилијано Морети заменет 69'
MF 16 Италија Мауро Каморанези добил жолт картон заменет 46'
MF 3 Италија Алесио Такинарди
MF 20 Италија Давиде Бајоко
MF 11 Чешка Павел Недвед
FW 9 Чиле Марсело Салас заменет 72'
FW 10 Италија Алесандро Дел Пјеро
Резерви:
GK 12 Италија Антонио Кименти
DF 15 Италија Алесандро Бириндели влегол во игра 69'
DF 2 Италија Чиро Ферара
DF 6 Италија Салваторе Фрези
MF 14 Италија Кристијан Ѕенони
MF 27 Италија Матео Бриги влегол во игра 46'
FW 25 Уругвај Марсело Залајета влегол во игра 72'
Тренер:
Италија Марчело Липи
Парма Парма
GK 1 Франција Себастијан Фреј
DF 2 Италија Аимо Дијана добил жолт картон
DF 21 Италија Матео Ферари
DF 5 Италија Даниеле Бонера добил жолт картон
DF 3 Италија Џанлука Фалсини
MF 7 Италија Марко Маркиони
MF 8 Франција Сабри Ламуши
MF 29 Италија Масимо Донати заменет 62'
MF 10 Јапонија Хидетоши Наката
FW 20 Италија Марко Ди Вајо
FW 9 Бразил Адријано заменет 46'
Substitutes:
GK 22 Бразил Клаудио Тафарел
DF 28 Италија Паоло Канаваро
DF 16 Бразил Жуниор
DF 24 Италија Себастијано Сивиља
MF 6 Италија Симоне Бароне влегол во игра 62'
MF Бразил Матузалем
FW 11 Италија Емилијано Бонацоли влегол во игра 46'
Тренер:
Италија Чезаре Прандели

Судии на натпреварот

  • Асистент судија:
  • Четврти судија:

Правила на натпреварот

  • 90 минути игра.
  • 30 минути продолжение ако е потребно.
  • Изведување на пенали ако се заврши нерешено.
  • Седум повикани резерви
  • Три можни замени.

Екипа победник[уреди | уреди извор]


Јувентус
Победник на Суперкупот на Италија 1997
3. титула

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

  • „Italy Super Cup Finals“ (англиски).