Сундско-сулавески јазици

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Сундско-сулавески
Внатрешни хесперонезиски
Западни малајско-полинезиски
Геог.
распростр.:
јужен Тајланд, јужни Филипини, Брунеј, Малезија, Индонезија и Микронезија
Класификација: австронезиски
Гранки:
15 гранки (провиз.)
Sunda-Sulawesi mk.svg
Сундско-сулавеските јазици (црвено). Не е прикажан чаморскиот. Јазиците во Камбоџа, Виетнам и Хајнан се чамски јазици, а оние на крајбрежна Бурма и Тајланд се мокленски. Во неприкажаните подрачја на Малаја се говорат аслиски јазици, а оние на Борнео и Сулавеси се борнејско-филипински.

Сундско-сулавеските јазици (наречени и внатрешни хесперонезиски јазици) се претпоставена гранка на австронезиското јазично семејство според австралиските лигвисти Ф. Воук и М. Рос.[1] Во гранката влегува најголемиот дел од јазиците на островот Сулавеси и Големите Сундски Острови, како и неколку географски поооддалечени јазици како чаморскиот и палауанскиот јазик.

Според овој предлог, претходно претпоставениот клад на западни малајско-полинезиски (ЗМП), нарчени и хесперонезиски, е разделен на „внатрешен“ клад (сундско-сулавески) и „надворешен“ клад (борнејско-филипински), додека поимот западни малајско-полинезиски е чисто географска претстава.

Најголема јазична разнообразност се среќава на Сулавеси, веројатната прататковина на јадрените малајско-полинезиски јазици. Меѓутоа, историските лингвисти не ги обработуваат како група, а можно е самата сундско-сулавеска група да не претставува генеалошки клад, туку парафилетски јазици што припаѓаат на јадрените МП вон централно-источните малајско-полинезиски јазици (од претпоставка дека ова е исправна група, што не е утврдено).

Не сите јазици на Сулавеси припаѓаат на сундско-сулавеските (внатрешни хесперонезиски) јазици. Дваесетте јазици на северниот полуостров на Сулавеси и околните острови на север се членови на борнејско-филипинскиот клад (надворешни хесперонезиски).

Класификација[уреди]

Постои низа мали групи на јазици од сундско-сулавеската целина чие сродство сè уште не е доразјаснето. Групурајќи ги географски, тие се:

(Среден и јужен Сулавеси)

(Големи Сундски Острови)

(Тихоокеански острови)

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

  1. Fay Wouk and Malcolm Ross (ed.), The history and typology of western Austronesian voice systems. Australian National University, 2002
  • K. Alexander Adelaar and Nikolaus Himmelmann, The Austronesian languages of Asia and Madagascar. Routledge, 2005.