Суитс (ТВ серија)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Суитс е телевизиска серија-драма режирана од Арон Корш, а во главните улоги играат Патрик Џ. Адамс како Мајкл `Мајк` Рос и Габриел Махт како Харви Спектер. Серијата која е сместена во измислената правна фирма Пирсон Хардман во Њујорк, го следи Рос откако влета на интервју за работа кај Спектер, кој е во потрага по нов соработник. Рос е несомнено најдобриот кандидат за позицијата, позиција која ја добива без да има диплома по право. Првата сезона од 12 епизоди, дебитирала на 23 јуни 2011 година со 90-минутна премиера.[1][2] На 11 август, 2011 година била продолжена со втора сезона од 16 епизоди, која имала премиера на 14 јуни, 2012 година а крајот на средината на сезоната била на 23 август, 2012 година. Останатите 6 епизоди од сезона 2 почнале да се емитуваат на 17 јануари, 2013 година на „USA“ и на 23 јануари на „Bravo Canada“. На 12 октомври 2012 година „USA Network“, ја продолжи „Suits“ со трета сезона, составена од 16 епизоди. Премиерата на Сезона 3 ќе биде на 16 јули, 2013 година.

Краток Преглед[уреди]

Сезона 1 (2011) Мајк Рос (Патрик Џ. Адамс) е брилијантен отпадник од колеџ. Со неговата природна интелигенција и едетична меморија, тој заработува за живот со тоа што полага приемен тест за адвокати и LSAT за други. За да дојде до пари за да ја задржи неговата баба во приватна болница за стари луѓе, тој се согласува да испорача торба со марихуана за неговиот најдобар другар Тревор Еванс (Том Липински). Харви Спектер (Габриел Махт) е еден од најдобрите корпоративни адвокати во Њујорк и е унапреден во постар партнер во Пирсон Хардман –правна фирма која вработува само дипломирани студенти на Правиот Факултет Харвард. Политиката на компанијата го принудува да вработи адвокат-соработник. Мајк откива дека пратката со дрога е наместена и бега од полицијата и тогаш по грешка влегува на интервју кај Харви. Харви е импресиониран од брзата досетливост на Мајк, од енциклопедиското знаење на правото и искрената желба да биде адвокат; тој го вработув Мајк и се преправа дека е дипломиран на Правниот факултет на Харвард. Само Дона Пулсен (Сара Раферти),правната секретарка и доверливо лице на Харви ја знае тајната. Во фирмата, помладиот партнер Луис Лит (Рик Хофман), љубоморниот ривал на Харви и директен надзорник на соработниците, се сомнева во акредитивното писмо на Мајк од Харвард. Во меѓувреме Мајк се бори да се одалечи од Тревор, кој престана да се занимава со дрога но не може да го избегне своето минато. Кога Тревор заминува од државата, Мајк почнува да се гледа со Џени Грифит(Ванеса Реј),поранешната девојка на Тревор.Мајк во канцеларијата се спријателува со приправничката Рејчел Зејн(Меган Маркл), и набргу се развива привлечност помеѓу нив и тоа ја комплицира неговата врска со Џени.Тревор се враќа во Њу Јорк само за да дознае дека Мајк е во врска со Џени. Во знак на одмазда тој и кажува на Џесика Пирсон( Џина Торес), главниот партнер на фирмата дека Мајк нема диплома.

Сезона 2[уреди]

Основачот Даниел Хардман се враќа во фирмата, а Џесика и Харви стравуваат дека тој сака да се врати на својата поранешна позиција како главен партнер. Поради ова Џесика му дозволува на Мајк да продолжи да работи и покрај тоа што ја откри неговата тајна. Во меѓувреме Џени се соочува со Мајк за неговите чуства кон Рејчел и кога Мајк се двоуми за одговорот Џени ќе ја прекине врската со него. Во фирмата Тревис Танер(Ерик Клоус) го обвинува Харви за затајување докази и е решен да му ја одземе адвокатската лиценца на Харви.Дона го наоѓа исчезнатиот документ и сфаќа дека таа го потпишала и потоа го изгубила; таа паничи и го уништува документот. По кратко време Џесика ја отпушта. Хардман е во можност да го уцени Танер да се откаже од одзимањето на лиценцата на Харви во спогодбата, а одлуката на Хардман за спогодба и одлуката на Џесика да се оди на судење се ставени на гласање.Партнерите се еднакво поделени а Харви го има одлучувачкиот глас,кога сфаќа дека судскиот процес ќе ги доведе во опасност сите во фирмата и тој гласа за спогодба и без да сака застанува на страната на Хардман наместо на Џесика само за да може фирмата да стави крај на тужбата. Ова предизвикува Хардман да повика гласање за партнерството и да ја предизвика Џесика за позицијата главен партнер. Бргу потоа Хардман го назначува Луис за постар партнер,а и двајцата Харви и Џесика дефинитивно не успеваат да ја добијат подршката од Луис. Хардман станува главен партнер но за кратко, бидејќи Мајк и Харви дознаваат дека Хардман го фалсификувал и го подметнал документот кој наводно Дона и Харви го затаиле. Изгласано е тој да си замине од фирмата и Џесика поврорно се враќа на позицијата. Веднаш по смрта на баба му, Мајк пробува да започне врска со Рејчел но таа не е подготвена. Тогаш Мајк влегува во романтична сплетка со неговата прва љубов и пријателка од детството Тесс (Елизабет Хауер), која сега е мажена жена и е дојдена во градот за погребот. Рејчел која сега одлучи дека сака да започне врска со Мајк, ги разоткрива дека се заедно. Мајк и става крај на сплетката.Една недела откако работите се смирија по инцидентот со Хардман, Мајк се обиде да го поправи својот однос со Рејчел но новиот покренат случај го погоди Мајк. Тој треба да се справи со борбата дека тој е адвокат кој брани случај во кој возачот на моторно возило избегал од местото на несреќата, случај кој е премногу сличен на оној од неговото детство во кој ги загубил своите родители. Луис Лит кој ужива во својата нова титула Постар Партнер,и сака да си го вработи својот прв соработник од прва година, кој веднаш би можел да направи проблеми околу Мајк и неговото време на Харвард. Харви сфаќа дека вработениот на Луис би можел да го открие Мајк и оди кај Џесика. Џесика тогаш му забранува на Луис да си вработи соработник, со изговор дека има „замрзнување на вработување“. Хардман тогаш се враќа да се бори против неговата стара фирма работејќи како адвокат на договор за татко и на Рејчел, познатиот адвокат Роберт Зејн. Во тоа време Рејчел аплицираше за упис на Правниот Факултет на Харвард. Хардман ги цеди уште повеќе и онака малите финансиски средства на Џесика со тоа што таа и Харви се принудени да покренат повеќе тужби за полова дискриминација против Folsom Foods на различни локации. Скоти се враќа откако украде некои од тужбите за дискриминација на фирмата.На крајот Харви ги убедува Скоти и Џесика дека заедно треба да се борат против 45 случаи за дискриминација.Исто така на Џесика и се нуди можност за договор за соединување со друга фирма од Њујорк,која ја управува Роберт Зејн,познатиот адвокат и татко на Рејчел; кој подоцна ја повлекува понудата откако дознава од Џесика дека Даниел ги држи сите карти да ја уништи нејзината фирма со случаите за Folsom Foods. На крајот изгледа дека Џесика почнува да прифаќа друга можна понуда која е да се соединат Пирсон и фирмата на Скоти, чие седиште е во Обединетото Кралство. Со таквото соединување Џесика конечно ќе стави крај на нападот на Даниел. Ова е затоа што британскиот партнер се закани дека ќе го открие минатото на Даниел.Тоа нема да биде непочитување на неговиот договор со Џесика,затоа што според закон мора да му ги покаже финансиските документи на можниот партнер. Харви чија цел е титулата да биде именуван во партнер да ја добие поради заслугите,а не поради олеснителни околности, се лути на новостите за претстоечкото соединување, а неговите плановие за иднината со Џесика се уриваат. На крајот соединувањето се случува со Харви на позиција на Постар Партнер, со цел да сфати дека може да биде контролиран. Рејчел откако дозна дека не ја примиле, го принудува Мајк да и казже дека тој не студирал на Харвард.

Сезона 3[уреди]

На 13 Октомври 2012 година USA Network, ја продолжи Suits со трета сезона, составена од 16 епизоди. Премиерата на Сезона 3 ќе биде на 16 Јули, 2013 година.

Улоги[уреди]

Главни Улоги[уреди]

Габреил Махт во улога на Харви Реџиначд Спектер корпоративен адвокат, кој дипломирал 5ти во неговиот клас на Правниот факултет на Харвард и сега е најдобриот завршувач во Њујорк. Во пробната епизода Харви е унапреден во постар партнер и е себичниот и негрижлив ментор на Мајк, кој полека се разоткрива дека се грижи за неговите блиски луѓе. Тој е поранешен помошник на јавниот обвинител. Тој емотивно стои на дистанца од клиентите и за да добие случај е подготвен да направи се освен да ја измени вистината. Малку се знае за семејството на Харви. Таткото на Харви до епизодата кога тој е унапреден во помлад партнер е веќе починат 5 години. Харви има брат, кој во навиките е многу сличен на Мајк, што ги зголемува заштитничките инстинкти на Харви кон својот соработник. Харви со години не разговара со мајка му.

Патрик Џ. Адамс во улога на Мајкл `Мајк` Рос, адвокат кој нема завршено правен факултет, но има енциклопедиско знаење на правната наука, помогнато од неговата едетична меморија. Тој го имресионира Харви со неговиот поттик да стане добар адвокат и во пробната епизода е вработен како адвокат соработник. Неговата наивност и сочуство за клиенти(а понекогаш и противници) го доведуваат до несогласување со Харви,кој пробува да остане емотивно одвоен од неговите случаи.

Рик Хофман во улога на Луис Марлоу Лит, првично помлад партнер, кој ги надгледува сорабаотниците кои се прва година во фирмата и е ривал на Харви и колега од Харвард.Тој е вознемирен од очигледиот фаворизам на Џесика кон Харви и нејзиниот презир кон Луис, иако Луис работи понапорно и е подоверлив од Харви. Откако Даниел Хардман се врати во фирмата, Луис е наклонет кон Хардман, а не кон Џесика.Во втората сезона во епизодата “Asterisk”, Луис е унапреден во Постар Партнер. Во “Blood in the Water” Луис речиси дава отказ од фирмата за да влезе во Pratt&Hewitt како помлад партнер, но Харви го премислува. Меган Маркл во улога на Рејчел Зејн, приправник која му поммага на Мајк подоцна станува негов љубовен интерес.Таа се стреми да стане адвокат, но нејзината вознемиреност од тестови ја спречува да постигне достојни бодови на LSAT за Харвард, но не ја примаат на Харвар, затоа што има премногу квалификувани апликанти. Нејзиниот татко е познатиот адвокат Роберт Зејн.

Сара Раферти во улога на Дона Пулсен, правната секретарка и блиска пријателка на Харви. Таа работи со него од неговата прва година како помошник јавен обвинител и е крајно лојална кон него. Џина Торес во улога на Џесика Лурд Пирсон, основачки и главен партнер на Пирсон Хардман, а Даниел Хардман ја менторирал кога била соработник и самошто дипломирана на Правниот факултет на Харвард. Таа со Харви има близок однос, кој започнал со набљудување и спонзорирање на развојот на Харви во фирмата, како и плаќањето на неговото школување на Правниот факултет на Харвард. Таа била мажена еднаш, за извршниот директор на една од најдобрите водечки фармацевтски компании во земјата.

Периодични Улоги[уреди]

Аманда Шул во улога на Катрина Бенет, соработник од 5 година, која Харви неодамна ја вработи. Таа претходно работела во канцеларијата на јавниот обвинител.

Ерик Клаус во улога на Тревис Танер, партнер во правна фирма со канселариее во Њујорк и Бостон. Тој чувствува омраза кон Харви, откако Харви го надмудри во “Undefeated”. Во втората сезона тој станува Постар Партнер во неговата фирма, се префрла во канцеларијата на својата фирма во Менхетен и го обвинува Харви за затајување доказ, со надеж дека ќе му ја одземат адвокатската лиценца на Харви.

Дејвид Костабајл во улога на Даниел Хардман, основачки партнер и поранешен главен партнетр на Пирсон Хардман. Пет години пред настаните во серијата тој бил избркан за проневера со блокирани сметки на клиенти и ги искористил да ја финансира својата афера. Во премиерата на втората сезона тој се враќа во фирмата и тврди дека е променет човек, иако Харви и Џесика не му веруваат. Во пресрет на победата над танерж, тој во “Sucker Punch” бара гласање за партнерство и ја предизвикува Џесика за позицијата на главен партнер. Откако тој победува, Мајк и Харви наскоро откриваат дека Хардман ја испланирал целата афера со Costal Motors заедно со Танер за повторно да ја добие контролата, а тоа ја чинеше фирмата 3 милиони и со тоа дојде до негов крај во фирмата засекогаш. Хардман се одмаздува со тоа што во неколку тужби ќе стане противнички адвокатат на фирмата, се додека Џесика поради соединување не му ги покаже сметководствените книги на Дерби и заедно не му се заканат н Хардман дека ќе ја откријат неговата проневера. Како дел од стандардната клауза за конкуренција на фирмата, на Хардман не му е дозволено да биде дел од ниедна фирма во Њујорк.

Конлет Хил во улога на Едвард Дерби, новоименуваниот партнер на Џесика на крајот на втората сезона.

Том Липински во улога на Тревис Еванс, најдобриот другар на Мајк и дилер на дрога. По пробната епизода, пријателството на Мајк и Тревор се уништува. Во “Bail Out”, Тревор конечно престанува да продава дрога и посакува Мајк повторно да му биде пријател. Сепак, тој дознава дека Мајк излегува со Џени и за одмазда на крајот на првата сезона и кажува на Џесика дека Мајк нема диплома.

Ванеса Реј во улога на Џени Грифит, девојката на Тревор. Таа раскинува со Тревор кога тој не престанува да продава дрога и му станува девојка на Мајк. Сепак таа во “Rules of the game” раскинува со Мајк кога ќе дознае за неговите чувства за Рејчел. Во втората сезона се открива дека Мајк првично бил заинтересиран за Џени, но Тревор излегол со неа наместо него.

Ребека Шул во улога на Едит Рос, бабата на Мајк која го израснала по смртта на неговите родители. Таа живее во дом за стари лица и го тера Мајк да живее според својот потенцијал.Таа умира во втората сезона во епизодата “Asterisk”.

Бен Холингсворт во улога на Кајл Дурант, еден од штитениците на Луис кој во првата сезона честопати е свртен против Мајк.

Марк Топлин во улога на Харолд Јакаовски, кој е неспретен и општествено непријатен. Во втората сезона Луис го отпушти.

Развој и Продукција[уреди]

„SUITS“ во април, 2012 прво се појави на „Usa Network“ под името A legal Mind. Во мај, каналот направи пробен кастинг со пробно сценарио напишано од Арон Корш. Патрик Џ. Адамс беше ангажиран за главната улога на Мајк Рос во јули, 2010 година. Габриел Махт на актерите им се придружи во улогата на Харви Спектер, адвокатот кој го вработува Мајк. Рик Хофман дојде во средината од Август да го глуми ривалот на Харви во правната фирма. Меган Маркл и Џина Торес се приклучија на актерската екипа кон крајот на Август. Торес беше одбрана за улогата на Џесика Пирсон, главен партнер во фирмата, а Маркл за улогата на Рејчел Зејн,приправник кој има енциклопедиско знаење за право.Сара Раферти го пополни главниот лик на Дона, правната секретарка и блиска пријателка на Харви.Пробната епизода е снимена ецента во 2011 година во Њујорк. Каналот даде зелено светло за серијата со нарачка на 12 епизоди на 19 јануари 2011. Снимањето на серијата започна во Торонто, Онтарио на 25 Април, 2011 и заврши на 12 Август, 2011. Главна музичка тема на серијата е “Greenback Boogie” од Ина Робот. На 18 Септември 2010 беше издадена како сингл и се наоѓа на третиот албум на бендот “ Another Man`s Treasure”.

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]