Сузан Бојл

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Сузан Бојл
Сузан Бојл во 2013
Сузан Бојл во 2013
Основни информации
Родено име Сузан Магдалејн Бојл[1]
Роден(а) 1 април 1961 (1961-04-01) (53 г.)
Потекло Блекберн, Шкотска
Жанр поп[2]
Занимање пејачка
Инструмент вокал
Активност 2009 –
Издавач Syco, Columbia
Мреж. место susanboylemusic.com

Сузан Бојл (англ. Susan Boyle) е шкотска пејачка и црковен доброволец која го привлече вниманието на пошироката светска јавност на 11 април, 2009 година,[3] кога се појави како кандидат-натпреварувач на шоуто Britain's Got Talent (или Британија има талент).[4] Бојл ја стекна славата кога ја испеа песната "I Dreamed a Dream" од мјузиклот Les Misérables, во првиот круг од натпреварот.[5]

Пред да ја испее песната, публиката и жирито изразија скептицизам, кој го основаа првенствено на нејзиниот надворешен изглед. Меѓутоа, поради нејзината вокална изведба, таа стана позната во Британија како "Жената која го заќуте Сајмон Коуел"[6]. Таа доби стоечка овација од публиката, како и позитивни коментари од Коуел и Аманда Холден, како и "најголемото да кое сум го дал на било кој" од страна на Пирс Морган.[7] Аудицијата се одржа во јануари 2009 година во Клајд Аудиториумот во Глазгов, Шкотска[8] и најпрво беше емитувана во сабота, 11 април, 2009 во Велика Британија.

Спротивноста на тоа како првично беше прифатена од публиката и жирито со нејзиниот глас даде светски интерес. Се појавија статии за неа во сите светски весници, а бројот на гледаност на видеото со нејзината аудиција постави онлајн рекорд.[9]

Наводи[уреди]

  1. Susan Boyle: Albums, Songs, Bios, Photos - Amazon.com
  2. „Susan Boyle“. Allmusic. http://www.allmusic.com/artist/p1145744. конс. 14 септември 2009. 
  3. Smith, Mark. „What's the story with ... Susan Boyle?“, „The Herald“, 11 април 2009 (конс. 15 април 2009).
  4. Talent show singer is online hit“, „BBC News“, 15 април 2009 (конс. 15 април 2009).
  5. Jordan, Mary. „The Scot Heard Round the World“, „The Washington Post“, 14 април 2009, стр. A-8 (конс. 16 април 2009).
  6. The Woman Who Shut Up Simon Cowell“, „ABC News“, 14 април 2009 (конс. 19 април 2009).
  7. Wylie, Ian. „Dreaming The Dream“, „Manchester Evening News“, 11 април 2009 (конс. 23 април 2009).
  8. 'Fox news, Simon Cowell interview'“, 16 април 2009 (конс. 16 април 2009).
  9. „Scottish Singer's Audition Video Sets Online Record“. „The Washington Post“. 19 април 2009. http://www.washingtonpost.com/wp-dyn/content/article/2009/04/19/AR2009041900508_pf.html. конс. 19 април 2009.