Суецки канал

Од Википедија

Скокни на: навигација, барај
Сателитска снимка на Суецкиот канал

Суецкиот канал е вештачки канал долг 163 километри меѓу Средоземно и Црвено море, кој ги разделува африканскиот од азискиот континент. Тој е најблиската поморска врска меѓу западната и источната Земјина Хемисфера. Големата стратешка важност на Суецкиот канал за Западот станува уште појасна ако се земе предвид најважниот танкерски воден пат за снабдување на Европа со блискоисточна нафта.

Суецкиот канал името го добил по градот Суец кој се наоѓа во регионот. Суец (арапски لسويس ) е град-пристаниште со околу 497.000 жители. Се наоѓа во Египет, во заливот. Градот бил потполно уништен и напуштен за време на Арапско-израелскиот конфликт во 1967 година. Повторно е изграден и отворен за сообраќај во 1975 година.