Судско вештачење

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Черепи

Судското вештачење (во потесна смисла наречено „судска медицина“) или форензика опфаќа примена на широк спектар на науки и технологии за да се испитаат и да се воспостават фактите на интерес во врска со кривичниот или граѓанскиот закон." Во римско време, кривична пријава се доставувала пред група на јавни поединци во трибината. И личноста обвинета за криминал и обвинителот давале говори врз основа на нивните страни на приказната. Поединецот со најдобрите аргументи и испорака го решавале исходот на случајот. Ова потекло е извор на две модерни примени на зборот судски - како форма на правни докази и како категорија на јавна презентација.

Во sovremena употреба, терминот "судски" на местото на "судска наука" може да се смета за точен затоашто терминот "судски" е ефикасен синоним за "законски" или "поврзан со судовите". Сепак, терминот е сега толку тесно поврзан со научната област што многу речници го вклучуваат значењето "криминолошки науки" со "судска наука".

Во САД има над 12.000 техничари по судско вештачење, од 2011 година.

Историја[уреди]

Антиката и средниот век[уреди]

На античкиот свет му недостигало стандардизирани практики по судско вештачење, кои што им потпомогнале на криминалците во бегство. Кривичните истраги и судења се потпираа на принудни признанија и сведочења. Сепак античките извори содржат неколку техники кои ги наговестија концептите на науката на судското вештачење која е развиена векови подоцна, како што „еурека“ зборува за Архимед (287-212 п.н.е.). Експозето за Архимед кажува за тоа како тој измислил метод за определување на обемот на објект со неправилна форма. Според Витрувиј, вотивна круна за храмот била направена за кралот Херон II, кој што го снабдувал чистото злато за користење, и Архимед побарал да се утврди дали среброто било заменето од страна на нечесен златар. Архимед морал да го реши проблемот без да ја оштети круната, па тој не можел да ја стопи со цел да се пресмета густината. Првите пишани досиеа за користење на медицина и ентомологија за решавање на кривични случаи се припишува на книгата на Сји Јуен Лу (преведена како „Измивање на неправдите“) напишана во 1248 од кинескиот правник Сунг Це (1186-1249). Во едно од досиеата, случајот на еден човек убиен со срп бил решен од истражувач кој им наложил на сите да го донесат својот срп на едно место. (Тој сфатил дека во прашање е срп тестирајќи различни ножеви на трупови и споредувајќи ги со раната.) Муви, привлечени од мирисот на крв, на крајот се собрале на еден срп. Во контекст на ова, убиецот признал. Во книгата, исто така, нудат совети за тоа како да се направи разлика помеѓу давење (вода во белите дробови) и гушење (скршена вратна 'рскавица), заедно со другите докази од испитување на телата за да се утврди дали смртта била предизвикана од убиство, самоубиство или несреќен случај.

Методи од целиот свет вклучуваат плунка и испитување на устата и јазикот за да се утврди невиност или вина. Во древната кинеска култура, понекогаш осомничените ги терале да ја наполнат устата со сув ориз и да го исплукаат надвор. Во античка култура од Блискиот Исток обвинетиот морал да лиже жешки метални прачки на кратко. И двата методи имале некаква основа бидејќи виновното лице ќе произведе помалку плунка и на тој начин има посува уста. Обвинетиот се сметал за виновен ако оризот му се лепел во устата или ако нивните јазици биле сериозно изгорени поради недостаток на плунка.

Модерна историја[уреди]

Во 16 век европски лекари во армијата почнаа да собираат информации за причината и начинот на смрт. Амброз Паре, хирург на француската армија, систематски ги проучувал ефектите на насилна смрт на внатрешните органи. Двајца италијански хирурзи, Фортунато Фиделис и Паоло Закија , се вградија во темелите на модерната патологија со проучувањето на промените кои се случуваат во структурата на телото како резултат на болест. Во доцниот 18-ти век, пишувања на оваа тема почнаа да се појавуваат. Тука спаѓаат “Расправа за судска медицина” и “Jавно здравство” од страна на францускиот лекар Фодере и “ Системот на полициската медицина” од страна на германски медицински стручњак Јохан Петер Франк.

Во 1773 шведски хемичар Карл Вилхелм Шеле смислил начин за откривање на арсен оксид во трупови, иако само во големи количини. Оваа истрага била проширена, во 1806 година, од страна на германскиот хемичар Валентин Рос, кој научил да го открива отровот во ѕидовите на стомакот на жртвата, и од англиски хемичар Џејмс Марш, кој користел хемиски процеси за да потврди арсен како причина за смрт во судскиот процес за убиство во 1836. Двајца рани примери на англиската наука по судско вештачење во поединечни правни постапки покажуваат зголемување на употребата на логика и методи во кривичните истраги. Во 1784, во Ланкастер, Џон Томс беше суден и осуден за убиство на Едвард Кулшо со пиштол. Кога мртвото тело на Кулшо беше испитувано, затка од пиштол (згмечена хартија , користена за да се задржат прав и топки во цевката) биле најдени во раната на неговата глава и совршено одговарале со искинатиот весник пронајден во џебот на Томс. Во Ворвик во 1816 година, еден работник на фарма бил суден и осуден за убиството на една млада слугинка. Таа била удавена во плиткиот базен и имала знаци од насилен напад. Полицијата пронашла траги и отпечаток од кадифени панталони со зашиено делче од ткаенина во влажната земја во близина на базенот. Имало, исто така расфрлани пченични зрна и плева. Панталоните на еден работник на фарма во близина кој имал пченица биле испитани и одговарале токму на отпечатокот во земјата во близина на базенот. Полицијата почнала да користи отпечатоци од прсти за докази кога Хуан Вучетиќ го решил убиството во Аргентина со отсекување на дел од вратата со крвави отпечатоци на неа. Подоцна во 20-от век неколку британски патолози, Бернард Спилсбери, Френсис Кемпс, Сиднеј Смит и Кит Симпсон први вовеле нови методи во судското вештачење во Велика Британија. Во 1909 Родолф Арчибалд Рајс го основал првото училиште за судско вештачење во светот: " Институт за судска Наука" на Универзитетот во Лозана (UNIL).

Науката по судско вештачење е поттикната од голем број национални органи на судско вештачење, вклучувајќи ја Американската академија за криминалистички науки (основана 1948; издавачи на списанието за криминалистички науки), на канадското друштво на науката по судско вештачење (основана 1953; издавачи на весник на Канадското друштвото за судско вештачење), Британската академија за криминалистички науки (основана 1960; издавачи за вештачење, наука и законот (списание)) и австралиската академија за криминалистички науки (основана 1967 година; издавачи на австралискиот весник за криминалистички науки) .

Поделби[уреди]

Полициска истрага во Англија, каде што се користи шатор за да се заштити местото на злосторството.
Агенти го истражуваат место на злосторството
  • Статистичко вештачење - развојот на алгоритми и софтвери кои им помагаат на испитувањата по судско вештачење
  • Криминалистика е примената на разни науки за да се одговори на прашањата кои се однесуваат на испитувањето и споредбата на биолошки докази, траги, отпечатоци(како што се отпечатоци од прсти, обувки, и од автомобилски гуми), контролирани супстанции, балистика, огнено оружје како и други докази во кривични истраги. Во типичен случај доказите се обработуваат во криминалистичка лабораторија.
  • Дигитално вештачење е примена на докажани научни методи и техники со цел да се вратат податоците од електронски / дигитални медиуми. Специјалисти по дигитална судско вештачење работат на терен, како и во лабораторија.
  • Сметководствено вештачење е проучување и толкување на сметководствени докази.
  • Аерофотографско вештачење е проучување и толкување на воздушните фотографски докази.
  • Судска антропологија е примена на физичка антропологија во законско опкружување, обично за обновување и идентификација на човечки остатоци (во форма на скелет).
  • Археолошка форензика е примена на комбинација од археолошки техники и науки по судско вештачење, обично во спроведувањето на законот.
  • Судска астрономијата користи методи од астрономијата за утврдување на небесните соѕвездија во минатото за судсковештачки цели.
  • Судска ботаника е изучувањето на растителниот свет со цел да се здобијат со информации за можните злосторства.
  • Судска хемија е изучувањето на откривање и идентификација на дроги, користени во подметнување пожари , експлозии и прострелни остатоци.
  • Судска дактилоскопија е изучување на отпечатоци од прсти.
  • Форензичко испитување на документи преглед или прегледување на документ кој е доведен во прашање со користење на различни научни процеси и методи. Многу испитувања вклучуваат споредба на документот кој е доведен во прашање, или компоненти на документот, со низа на познати стандарди. Најчестиот вид на испитување вклучува ракопис, при што испитувачот се обидува да одговори на загриженоста за потенцијално авторство.
  • Судска ДНК анализа ги користи предностите на уникатноста на ДНК на поединецот за да одговори на судските прашања како што татковство / породилно тестирање и поставување на осомничениот на местото на злосторот, на пример, во истрага за силување.
  • Судско инженерство е научно испитување и анализа на градби, постројки и производи поврзани со нивниот неуспех или причина за штета.
  • Судска ентомологија се занимава со испитување на инсекти во, на и околу човечките остатоци за да помогне во утврдување на времето или местото на смртта. Исто така е можно да се утврди дали телото било преместувано после смртта.
  • Судска геологија се занимава со докази во форма на почви, минерали и нафта.
  • Судска геофизика е примената на геофизички техники како што се радари за откривање на предмети скриени под земја или под вода.
  • Судска разузнавачки процес започнува со собирање на податоци и завршува со интеграција на резултатите во рамките на анализа на злосторствата под истрага.
  • Судски распрашувања се изведуваат со користење на науката за професионално користење на стручността за спроведување на различни истражувачки разговори со жртвите, сведоците, осомничените или други извори за да се утврдат фактите во врска со сомневањата, обвинувања или одредени инциденти или во јавниот или приватниот сектор.
  • Судска лимнологијата е анализа на доказите собрани во или околу свежи извори на вода . Испитување на биолошки организми, особено диатомеи, може да биде корисно во поврзувањето на осомничените со жртвите.
  • Судска лингвистика се занимава со прашања во правниот систем кои бараaт јазична експертиза.
  • Судска метеорологија е специфична анализа на временските услови во минатото.
  • Судско забарство е изучување на уникатноста на забната поставеност и отисоците.
  • Судско оптичарство е изучувањето на очила и други помагала за вид во врска со злосторството и кривичните истраги.
  • Судска патологија е област во која принципите на медицината и патологијата се применуваат за да се утврди причината за смрт или повреда во контекст на правна истрага.
  • Судска нега на стопала е примена на проучување на отпечатоци на стапала или траги од обувки за да се анализира местото на злосторот и да се воспостави личен идентитет во испитувањата.
  • Судска психијатрија е специјализирана гранка на психијатријата која се применуваа во и врз основа на научна криминологија.
  • Судска психологија е проучување на умот на индивидуата, со користење на судско -медицински методи. Обично тоа ги одредува околностите зад криминалното однесување.
  • Судска сеизмологија е проучување на техники за да се се направи разлика меѓу сеизмички сигнали генерирани од подземни нуклеарни експлозии од оние генерирани од земјотреси.
  • Судска серологија е изучувањето на телесните течности.
  • Судска токсикологија е проучување на влијанието на лековите и отровите на / во човечкото тело.
  • Судска видео анализа е научно испитување, споредба и оценка на видеото во правните прашања.
  • Вештачење на мобилни уреди е научно испитување и оценување на докази пронајдени во мобилните телефони, на пример, историја на повици и избришани СМС, и вклучува испитување на SIM картичката.
  • Анализа на следење на докази е анализа и споредба на докази, вклучувајќи и стакло, бои и влакна.
  • Судска природоаука се однесува на голем број на научни дисциплини на правни случаи кои вклучуваат нечовечки биолошки докази, за решавање на злосторства, како што се лов, злоупотреба на животните и трговија со загрозени видови.

Значајни вештаци[уреди]

Автопортрет на Алфонс Бертиљон, изумителот на антропометријата
  • Мајкл Баден (1934 -)
  • Вилијам М Бас (1928 -)
  • Џозеф Бел (1837-1911)
  • Алфонс Бертиљон (1853-1914)
  • Сара Б. Бизел (1932-1996)
  • Френсис Кемпс (1905-1972)
  • Елис Р. Керли (1924-1998)
  • Пол Л. Кирк (1902-1970)
  • Клеа Коф (1972 -)
  • Вилтон М. Крогмен (1903-1987)
  • Александар Лакасањ (1843-1924)
  • Хенри Ли (1938 -)
  • Едмонд Локард (1877-1966)
  • Вилијам Р. Неапол (1937-1997)
  • Миклош Ниѕли (1901-1956)
  • Алберт С. Озборн (1858-1946)
  • Скип Палениќ (1946 -)
  • Кит Симпсон (1907-1985)
  • Клајд Сноу (1928 -)
  • Бернард Спилсбери (1877-1947)
  • Огист Амброз Тарду (1818-1879)
  • Пол Ухленхут (1870-1957)
  • Кирил Вехт (1931 -)

Дискутабилни техники[уреди]

Се верувало за некои техники на вештачење, дека се научно точни во времето кога биле користени, за подоцна да се испостави дека имаат многу мали научни заслуги или пак воопшто немаат. Некои такви техники вклучуваат.:

  • Споредбена анализа на оловни куршуми се користела од страна на ФБИ за повеќе од четири децении, почнувајќи од атентатот на Џон Кенеди во 1963 година. Теоријата е дека секоја серија на муниција поседува еден хемиски состав, толку посебен што секој куршум може да се проследи наназад до одредена серија или дури и до одредена кутија. Внатрешни и надворешни истражувања од страна на Националната академија на науките покажале дека техниката е несигурна, и ФБИ се откажале од испитувањето во 2005 година.
  • Судска стоматологија се нашла под знак на прашање. Во најмалку два случаи доказите од трагите од угризување осудиле луѓе за убиство, кои подоцна биле ослободени од ДНК докази. А 1999 испитување од страна на член на американскиот одбор за судско забарство нашле 63 отсто стапка на лажни идентификации и најчесто се повикувале во рамките на вести на интернет и сомнителни мрежни места
  • Научниците исто така покажаа, во последниве години, дека е можно да се произведат ДНК докази, вака"поткопувајќи го кредибилитетот на она што се смета за златен стандард на доказ во кривичните предмети".

Наука за литигација[уреди]

Науката за литигација опишува анализи или податоци развиени или произведени посебно за употреба во судскиот процес против оние кои ги произведува во текот на независни истражувања. Се користат демонстративни докази, што е доказ создаден во подготовката на судењето од страна на адвокатите.

Примери во популарната култура[уреди]

Шерлок Холмс, измислениот лик создаден од Артур Конан Дојл во делата произведени од 1887 до 1915, користел вештачење како една од неговите истражувачки методи. Конан Дојл кредитира инспирација за Холмс на својот учител во медицинскиот факултет на Единбуршкиот универзитет, надарен хирург и судски детектив Џозеф Бел. Децении подоцна стрипот Дик Трејси исто така оформил детектив користејќи се со голем број на методи на вештачење, иако понекогаш методите биле понереалени отколку што всушност е можно.

Бери Ален (обичниот облик на Флеш Гордон) е вештак за централното полициско одделение во градот. Правобранителот Пери Мејсон повремено се користел со техники на вештачење, како во романите така и во телевизиските серии. Една од најраните телевизиски серии која се задржувала на научна анализа на докази била “Квинси, ME” (1976-1983), малку базирана врз основа на уште постара канадска серија под наслов Воџек), со главниот лик како медицински испитувач во Лос Анџелес кој решавал кривични дела преку внимателно испитување. Воведната шпица на секоја епизода прикажувала клип на насловниот лик, кој го играл Џек Клугмен, почнувајќи со предавање на група на полицајци со "Господа, сега ќе влезете во најфасцинантната сфера на полициската работа, светот на судската медицина ". Серии со слична тематика ги вклучуваат и “Dexter”, “The Mentalist”, “CSI”, “Cold Case”, “Bones”, “Law & Order”,” Body of Proof”,” NCIS”, “Criminal Minds”, “Silent Witness”, “Case Closed”, “Midsomer Murders” and” Waking the Dead” кои отсликуваат гламурозни верзии на активностите на судските научници на 21-от век. Некои тврдат дека овие телевизиски емисии ги зголемиле очекувањата на поединците за вештачењето, влијание наречено "CSI ефект".

ТВ емисии базирани врз основа на научно-стручна литература како, “Forensic Files”, “The New Detectives”, “American Justice”, и “Dayle Hinman's Body of Evidence” исто така, ja популаризираат судската наука.

Контроверзии[уреди]

Прашања во врска со судска наука, отпечатоци од прсти и претпоставки зад овие дисциплини беа изнесени на виделина во некои публикации, најновото е една статија во “New York Post”. Во статијата се изјавува дека " Никој не ја докажал дури и најосновната претпоставка: Дека секој отпечаток од прст е уникатен ". Во статијата исто така се истакнува дека: " Сега таквите претпоставки се доведeни во прашање - а со тоа може да дојде радикални промени во начинот на кој судска наука се користи од страна на полициските оддели и јавни обвинители "

На 25 јуни 2009 година Врховниот суд издаде 5-во-4 одлука во Мелендез-Дијаз против Масачусетс во која се наведува дека извештаите на криминалистичката лабораторија не може да се користат на судењето против обвинетиот, освен доколку аналитичарите одговорни за нивното создавање не им дадат сведоштво и да се подложат самите себеси на испитување. Врховниот суд во својата одлука ги наведе националните академии за Зајакнување на судската наука во САД. Пишувајќи за мнозинството, Џастис Антонин Скаља му се обрати на Истражувачкиот Националниот совет со неговото тврдење дека "Доказите од вештачењето не се уникатно имуни на ризик од манипулација."

Во 2009 година, научниците покажале дека е можно да се произведат ДНК докази со тоа укажувајќи дека е можно лажно да се обвинат или ослободат лица користејќи фалсификувани докази. Иако судската наука значително ја подобри способноста на истражувачите за решавање на злосторствата, тие имаат ограничувања и мораат да биде прегледани во и надвор од судницата за да се избегнат погрешни пресуди, што се случувало.