Суводол (Порече)

Координати: 41°31′13″N 21°14′20″E / 41.52028° СГШ; 21.23889° ИГД / 41.52028; 21.23889
Од Википедија — слободната енциклопедија
Суводол

Поглед кон селото Суводол

Суводол во рамките на Македонија
Суводол
Местоположба на Суводол во Македонија
Суводол на карта

Карта

Координати 41°31′13″N 21°14′20″E / 41.52028° СГШ; 21.23889° ИГД / 41.52028; 21.23889
Регион  Југозападен
Општина  Македонски Брод
Област Порече
Население 197 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 6530
Повик. бр. 045
Шифра на КО 03043
Надм. вис. 560 м
Суводол на општинската карта

Атарот на Суводол во рамките на општината
Суводол на Ризницата

Суводол — село во Општина Македонски Брод, во областа Порече, во околината на градот Македонски Брод.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Патоказ за влез во селото

Селото се наоѓа во областа Порече, во јужниот дел на територијата на Општина Македонски Брод, од десната страна на реката Треска.[2] Селото е рамничарско, на надморска височина од 560 метри.[2]

Атарот зафаќа површина од 8,8 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 770 хектари, а на обработливото земјиште отпаѓаат само 40 хектари.[2]

Историја[уреди | уреди извор]

Во XIX век, Суводол било село во Поречката нахија на Кичевската каза на Отоманското Царство.

Само 1 жител на оваа населба е заведен како жртва во Втората светска војна.[3]

Стопанство[уреди | уреди извор]

Селото нема изразена стопанска функција.[2]

Население[уреди | уреди извор]

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948113—    
1953106−6.2%
1961123+16.0%
1971116−5.7%
1981152+31.0%
ГодинаНас.±%
1991171+12.5%
1994188+9.9%
2002207+10.1%
2021197−4.8%

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Суводол имало 112 жители, сите Македонци.[4] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Суводол имало 136 жители.[5]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Соходол се води како чисто македонско село во Кичевската каза на Битолскиот санџак со 10 куќи.[6]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 50 Македонци.[7]

Суводол е мало, населено со македонско население. Во 1961 година броело 123 жители, а во 1994 година 188 жители.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Суводол имало 207 жители, сите Македонци.[8] Во Суводол се бележи благо зголемување на бројот на жителите, благодарение на близината со градот Македонски Брод.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 197 жители, од кои 191 Македонец, 1 Албанец и 5 лица без податоци.[9]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 210 160 113 106 123 116 152 171 188 207 197
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]

Родови[уреди | уреди извор]

Суводол е македонско село.

Според истражувањата од 1926 година, родови во Суводол се:

  • Доселеници: Колимагаровци (6 к.) најголем род во селото. Потекнуваат од двајца браќа кои дошле како робови од Русија, тука тие пораснале служејќи му на шеикот. Пред смртта шеикот ги викнал и им рекол дека бил задоволен со нив, па пред смртта сакал да ги осигура. И ги прашал каде би сакале да се населат, а тие му одговориле дека со задоволство би се населиле на Барбарешка Река, и така тие го основаат Суводол; Карлуковци (1 к.), Србиновци (2 к.) и Близнаковци (1 к.), доселени се од блиското сега раселено село Барбарос.[14]

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Поглед кон подрачното основно училиште
Главната селска црква „Св. Никола“, изградена во 1967 година

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото влегува во рамките на Општина Македонски Брод, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната Општина Самоков. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Македонски Брод.

Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Брод, во која влегувале селата Брод, Девич, Дреново, Латово, Сланско, Суводол и Требино.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Брод, во која покрај селото Суводол се наоѓале селата Брод, Грешница, Девич, Дреново, Латово, Сланско и Требино.

Во периодот 1955-1957, селото било дел од тогашната општина Брод.

Во периодот 1957-1965, селото се наоѓало во некогашната општина Брод.

Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Брод.

Избирачко место[уреди | уреди извор]

Во селото постои избирачко место бр. 0231 според Државната изборна комисија, кое е сместено во основното училиште.[16]

На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 160 гласачи.[17] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 156 гласачи.[18]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Цркви[19]

Личности[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 290. Посетено на 9 ноември 2017.
  3. „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF).
  4. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 257.
  5. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 156-157.
  6. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 35.
  7. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  8. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 9 ноември 2017.
  9. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  10. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  11. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  12. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  13. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  14. Јовановиќ, Петар (1935). Порече. Белград: Српски етнографски зборник.
  15. „ПУ Суводол“. македонски: ОУ „Св. Климент Охридски“ - Македонски Брод. Посетено на 8 ноември 2017.
  16. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 16 октомври 2017.
  17. „Локални избори 2017“. Посетено на 16 октомври 2017.
  18. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 5 мај 2019. Посетено на 5 мај 2019.
  19. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  20. . Крајчески, Цуте (2017). Порече (1943 - 1945). Скопје: Државен Архив на Република Македонија. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]