Субрата Рој

Од Википедија — слободната енциклопедија
Субрата Рој
Роден(а)10 јуни 1948(1948-06-10)
Арарија, Бихар, Индија
Починал(а)14 ноември 2023(2023-11-14) (возр. 75)
ЖивеалиштеЛакнау
НационалностИндиец
НародностБенгалец
Занимањеосновач и директор на групацијата Сахара Индија
Активен период1978 – сѐ уште
Познат(а) посопственик на Pune Warriors India, Grosvenor House, Aamby Valley City, Plaza Hotel, Dream Downtown Hotel
Родно местоЛакнау
СопружникСвапна Рој
Деца2
Страница
sahara.in/saharasri/

Субрата Рој (10 јуни 1948 - 14 ноември 2023)[1] е индиски стопанственик и сопственик на групацијата Сахара Индија.[2][3] Освен оваа компанија, имал сопственички удел и во крикет клубот Pune Warriors India, хотелите „Grosvenor House“ (Лондон) и „Plaza“ (Њујорк), туристичкото одморалиште „Aamby Valley City“, како и пакет акции од 42.5% во Формула 1 тимот Форс Индија.

Весникот India Today го рангирал за еден од 10-те најмоќни Индијци во светот.[4] Субрата ја основал „Сахара Индија“ во 1978 година,[5] а во 2004 бил прогласен за вториот најголем вработувач во Индија (позади „Индиски железници“) од страна на списанието Тајм.[6]

Рој бил голем спортски обожавател, и ги спонзорирал индиските репрезентации во хокеј и крикет.[7] Тој е исто така медиумски магнат, сопственик на ТВ каналот Samay (посветен исклучиво на вести), на еден неделен весник, како и на повеќе индиски регионални ТВ станици кои емитуваат програма со забавна содржина.

Неговата деловна дејност ја опфаќала туристичката агенција Сахара Травел,[8][9] приватна болница во Лакнау (со капацитет од 350 легла),[10] хотелот со 5 ѕвездички Сахара Стар во Бомбај (210 соби и 9 ресторани),[11] како и елитниот њујоршки хотел „Плаза“.[12]

Неговиот дом се наоѓа во градот Лакнау во сојузната индиска држава Утар Прадеш.

Инвестициските планови во Македонија[уреди | уреди извор]

Субрата Рој во два наврати ја посетил Македонија.[13] Притоа тој остварил средби со речиси целиот државен врв, вклучувајќи ги премиерот Никола Груевски, голем дел од министрите, охридскиот градоначалник Никола Бакрачески, како и претседателот Ѓорѓе Иванов.[14][15]

Според известувањата од Сител, Сахара Груп во следните три години ќе инвестира во агрокомбинатот Џумајлија околу 211 милиони евра, ќе вработи над 2000 лица и ќе изгради фабрика за добиточна храна и млекарница со фарма од 20 илјади грла говеда.[16] Субрата Рој изјави дека млечните производи ќе ги пласира во регионот, но сепак поголемиот дел ќе продава и на пазарите од Истокот и Северна Африка.[17] Освен тоа, Рој планира да гради и туристички комплекс на охридското крајбрежје, за чии потреби веќе го откупил хотелот „Славија“.[18] Тој најавил и дека е заинтересиран да гради споменик на мајка Тереза на плоштадот „Македонија“ во Скопје.[19]

Овие инвестициски планови наишле на негодување во одредени деловни,[20] црковни,[21] политички,[22] медиумски[23] и научни кругови.

Утрински Весник неодамна објави афера поврзана со овој стопанственик. Врховниот суд од Индија уште во 2012 година донел одлука со која побарал од двете фирми, „Сахара Индија недвижнини“ и „Сахара инвестиции за вдомување“ да вратат повеќе од 5 милијарди американски долари со камата. СЕБИ уште тогаш објави дека „Сахара груп“ должи 4,38 милијарди долари, а групацијата во меѓувреме уплатила само 934 милиони долари. „Сахара“ пак, тврди дека останатиот износ од 3,65 милијарди долари им го има вратено директно на две компании што купиле нејзини обврзници.[24]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Sahara India Pariwar“ (англиски). Sahara.in. 23 јануари 2013. Архивирано од изворникот на 2014-03-14. Посетено на 15 јули 2013.
  2. „Owner of Pune Warriors runs Sahara India Pariwar as managing worker“ (англиски). The Australian. 2010-05-06. Посетено на 15 јули 2013.
  3. „Subrata Roy Sahara“ (англиски). businessweek.com. Посетено на 15 јули 2013.
  4. „High and Mighty-2012“ (англиски). India Today. Посетено на 2012-04-07.
  5. „Subrata Roy Sahara“ (англиски). businessweek.com. Посетено на 2011-09-12.
  6. Perry, Alex (2004-12-06). „A Tale of Two Indias“ (англиски). TIME. Архивирано од изворникот на 2013-08-17. Посетено на 2011-08-05.
  7. „Sahara takes 15 shooters under wings - Times Of India“ (англиски). India Times.com. 2009-10-21. Архивирано од изворникот на 2012-09-02. Посетено на 2011-08-05.
  8. „Sahara Global launches travel show“ (англиски). The Economic Times. 6 август 2008. Посетено на 15 јули 2013.
  9. „Sahara Global launches 'Celebrate Life' (англиски). The Economic Times. 6 август 2008. Посетено на 15 јули 2013.
  10. „Nawabi Entry in Healthcare“ (англиски). Express Healthcare. 1 април 2009. Архивирано од изворникот на 2012-12-04. Посетено на 15 јули 2013.
  11. „Sahara group forays into hospitality sector“ (англиски). DNA. 19 јуни 2007. Посетено на 15 јули 2013.
  12. „New York's Plaza Hotel sold to Sahara for 570 million“ (англиски). Hindustan Times. 31 јули 2012. Архивирано од изворникот на 2014-01-28. Посетено на 15 јули 2013.
  13. „Субрата Рој повторно во посета на Македонија“. Бриф.мк. 23 јануари 2013. Посетено на 15 јули 2013.
  14. „Субрата Рој на средба со претседателот Иванов“. Курир. 25 јануари 2013. Архивирано од изворникот на 2013-01-28. Посетено на 15 јули 2013.
  15. „Рој денеска на средби со Иванов, Ставрески и Бакрачевски“. Економски.мк. 25 јануари 2013. Посетено на 12 јули 2013.[мртва врска]
  16. „20000 говеда во Џумајлиа планира Субрата Рој“. Сител. 13 јули 2013. Архивирано од изворникот на 2013-07-16. Посетено на 15 јули 2013.
  17. „Објавен договорот со Субрата Рој, индиецот дал банкарска гарнација“. Сител. 14 јули 2013. Архивирано од изворникот на 2013-07-16. Посетено на 15 јули 2013.
  18. „Субрата Рој: Комплексот во Охрид ќе биде меѓу најдобрите десет во светот“. МКД.мк. 24 јануари 2013. Архивирано од изворникот на 2013-05-27. Посетено на 15 јули 2013.
  19. „Субрата Рој пак во Охрид и Скопје“. Утрински Весник. 23 јануари 2013. Посетено на 15 јули 2013.
  20. „Стопанствениците скептични за најавите за инвестиции на Субрата Рој“. 24 Вести. 14 јули 2013. Посетено на 15 јули 2013.
  21. „Тимотеј: Субрата Рој е обичен мангуп!“. Плус Инфо. 12 јули 2013. Посетено на 15 јули 2013.
  22. „СДСМ се сомнева во инвестициите на Субрата Рој“. Алсат М. 15 јули 2013. Архивирано од изворникот на 2013-07-16. Посетено на 15 јули 2013.
  23. „Субрата како божји пратеник“. Утрински Весник. 10 јули 2013. Посетено на 15 јули 2013.
  24. „Субрата Рој главна тема и во Индија и кај нас“. Утрински Весник. 9 јули 2013. Посетено на 15 јули 2013.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]