Стреличарство на Летните олимписки игри 2012
Натпреварите во стреличарство на Летните олимписки игри 2012 се одржаа од 27 јули до 3 август 2012 година. Се одржаа натпревари во четири дисциплини и сите од нив беа на Лордовиот терен за крикет во Лондон пред околу 6.500 гледачи.
Содржина |
Формат на натпреварување [уреди]
На турнирот во стеличарство ќе учествуваат 128 натпреварувачи (по 64 во двете конкуренции) во четири дисциплини: мажи поединечно, жени поединечно, мажи екипно и жени екипно.[1]
Натпреварувањето ќе се одвива во склад со правилата на Светската Стреличарска Федерација. Пречникот на метата од 1,22 метра се наоѓа на оддалеченост од 70 метри од натпреварувачот. Погодокот во центарот се вреднува со 10 поени, а доколку се промаши метата натпреварувачот не добива поени. (0 поени)
Поединечно [уреди]
Во поединечната конкуренција учествуваат 64 натпреварувачи во двете конкуренции. Во првата (ранкинг) рунда, натпреварувачите располагаат со 72 стрели (6 серии со 12 стрели). Брз основа на резултатот се одредуваат натпреварите во елиминационата фаза. Па така натпреварувачот што ке издвојува најдобар резултат во првата рунда, за противник во следната рунда ке го има натпреварувачот со најслаб резултат, и т.н.
Екипно [уреди]
Во екипната конкуренција учествуваат 12 тимови, а секој тим има по 3 стреличари кои можат да бидат и учесници од поединечната категорија. Врз основа на резултатот од основната рунда се формира рангирањето на тимовите. Четирите најдобропласирани тимови, директно обезбедуваат пласман во четвртфиналето, додека преостанатите тимови пласирани од 5 до 12 место, ќе се борат за преостанатите 4 места.
Распоред [уреди]
Сите саатници се по Британско летно време (UTC+1).
| Ден | Датум | Почеток | Крај | Дисциплина | Фаза |
|---|---|---|---|---|---|
| Ден 0 | петок, 27 јули | 9:00 | 15:00 | мажи поединечно | Основна рунда |
| жени поединечно | Основна рунда | ||||
| Ден 1 | Сабота, 28 јули | 9:00 | 19:00 | мажи екипно | Елиминации/медал рунда |
| Ден 2 | Недела, 29 јули | 9:00 | 19:00 | жени екипно | Елиминации/медал рунда |
| Ден 3 | Понеделник, 30 јули | 9:00 | 17:40 | мажи поединечно | 1/32 & 1/16 Елиминации |
| жени поединечно | 1/32 & 1/16 Елиминации | ||||
| Ден 4 | Вторник, 31 јули | 9:00 | 17:40 | мажи поединечно | 1/32 & 1/16 Елиминации |
| жени поединечно | 1/32 & 1/16 Елиминации | ||||
| Ден 5 | Среда, 1 август | 9:00 | 19:00 | мажи поединечно | 1/32 & 1/16 Елиминации |
| жени поединечно | 1/32 & 1/16 Елиминации | ||||
| Ден 6 | Четврток, 2 август | 9:00 | 16:20 | жени поединечно | Четврт/полу финале/Медал рунда |
| Ден 7 | Петок, 3 август | 9:00 | 16:20 | мажи поединечно | Четврт/полу финале/Медал рунда |
Дисциплини [уреди]
| Дисциплина | Злато | Сребро | Бронза |
|---|---|---|---|
| Мажи поединечно подробно |
Јужна Кореја (KOR) |
Јапонија (JPN) |
Кина (CHN) |
| Жени поединечно подробно |
Јужна Кореја (KOR) |
Мексико (MEX) |
Мексико (MEX) |
| Мажи екипно подробно |
Микеле Франгили Марко Галиацо Мауро Несполи |
Бреди Елисон Џејк Камински Јаков Вуки |
Им Донг Хјун Ким Буб Минn Ох Џин Хјек |
| Жени екипно подробно |
Ли Сунг Јин Ки По Пе Чои Хјуенџу |
Фанг Јутинг Ченг Минг Ксу Јинг |
Каори Каванака Рен Хајакава Мики Кание |
Освојувачи на медали [уреди]
| Ранг | Земја | Злато | Сребро | Бронза | Вкупно |
|---|---|---|---|---|---|
| 1 | 3 | 0 | 1 | 4 | |
| 2 | 1 | 0 | 0 | 1 | |
| 3 | 0 | 1 | 1 | 2 | |
| 0 | 1 | 1 | 2 | ||
| 0 | 1 | 1 | 2 | ||
| 6 | 0 | 1 | 0 | 1 | |
| Вкупно | 4 | 4 | 4 | 12 | |
Наводи [уреди]
- ↑ „Стреличарство“. Архивирано од оригиналот на 4 јуни 2010. http://web.archive.org/web/20100604025339/http://www.london2012.com/games/olympic-sports/archery.php. проверено на 14 јуни 2010.
Надворешни врски [уреди]
|
|||||||

