Стоечка комедија

Од Википедија — слободната енциклопедија

Стоечка комедија (наречена и стендап од анг. stand-up comedy) — стил на комедија каде што комичарот изведува пред жива публика, обично зборувајќи им директно. Овие изведби често се снимани за да бидат понатаму објавени како ДВД, на Интернет или на телевизија.

Изведувачот често е познат како комичар или стоечки комичар.

Форма[уреди | уреди извор]

Изведбите на стоечка комедија се обично кратки, при што комичарот брзо рецитира низа на хумористички приказни, кратки шеги и сл. Некои стоечки комичари користат театрални вештини, музика или магични трикови за да ги подобрат своите настапи. Стоечката комедија често се изведува во клубови за комедија, барови, факултети и театри, меѓутоа, не постои вистинско ограничување околу тоа каде може вештината да се изведува.