Стилтон (сирење)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Стилтон
Stilton Cheese 02.png
Земја на потекло  Англија
Место

Дербишир, Лестершир,

и Нотингемшр
Млеко од крава
Пастеризирано да
Текстура полумеко, кршливо, покремасто со време
Узревање барем 9 недели
Уверение ЗП[1]

Стилтон (англиски: Stilton) — вид англиско сирење. Се произведува во две варијанти: добро познатото сино и помалку познатото бело. Некои го сметаат ова сирење за „кралот на сирењата“. Двете варијанти имаат статус на заштитено потекло од Европската Комисија. Само сирење кое се произведува во трите грофовии Дербишир, Лестершир и Нотингемшир, по најстроги правила, има право да се нарече „Стилтон“.

Иронички, тоа значи дека е правно недозволиво ова сирење да се призведува во местото по кое го носи името. Селото Стилтон денес се наоѓа во Кембриџшир, во некогашната грофовија Хантингдоншир. Моментално постојат само шест млекарници со дозвола за производство на Стилтон, со тоа што секоја е предмет на редовна испекција од назависна агенција назначена од ЕУ по Европскиот Стандард EN 45011. Засега, сите освен една се наоѓаат во Белвоарската Доолина која се протега преку границата помеѓу Нотингемшир и Лестершир. Оваа област се смета за центарот на производството на Стилтон, и единствената друга млекара што го произведува ова сирење која не се наоѓа таму се должи на фактот што еден локален човек од таа долина ја преселил млекарницата од таму пред повеќе од сто години.

Интересно е тоа што самото село Стилтон не се наоѓа во ова подрачје и затоа сирељето направено во него нема право да се нарекува „Стилтон“. Ова се должи на тоа што сирењето го добило името по селото кајшто првпат се продавало, а не кајшто се произведувало.

За да има може да се нарече Стилтон, сирењето мора:

  • Да биде направено само во три грофовии од локално млеко, кое се пастеризира пред употреба.
  • Да биде направено во традиционалиот цилиндричен облик.
  • Да му биде дозволено на самото сирење да си направи своја кора или слој.
  • Да не биде пресувано.
  • Да има фини сини вени кои се шират од центарот.
  • Да има „профил на вкус типичен за Стилтон“.

Сирењето Стилтон е со масленост од ~35%, и протеинска содржина од ~23%. Данското сино сирење се прави на начин сличен на Стилтон и исто така ги има карактеристичните сини вени.

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]