Стилијан Петров

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Стилијан Петров
Stiliyan Petrov.JPG
Петров како игра за Petrov Астон Вила
Лични податоци
Полно име Стилијан Аљошев Петров[1]
Роден на 5 јули 1979
Роден во Монтана, Бугарија
Висина 1,80 м[2]
Клупски податоци
Сегашен клуб пензиониран
Младинска кариера
Монтана
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1996–1999 ЦСКА Софија 43 (6)
1999–2006 Келтик 228 (55)
2006–2012 Астон Вила 185 (9)
Репрезентација
1998–2012 Бугарија 106 (8)
* Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 18
25, 31 март 2012 (UTC).

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 18:25, 31 март 2012 (UTC)

Стилијан Аљошев Петров (бугарски: Стилиян Альошев Петров; роден 5 јули 1979) е професионален фудбалер кој игра за Астон Вила во Премиер Лигата и бугарската фудбалска репрезентација. Ја има освоено наградата Бугарски фудбалер на годината во 2003 додека играл за Келтик. Бил капитен на репрезентацијата на Европскиот шампионат во 2004 и има одиграно над сто натпревари со репрезентацијата.

Неговиот прекар е „Стен“, што е скратена форма од неговото лично име.

Во март 2012, кај Петров е дијагностицирана акутна леукемија.[3] На почетокот на натпреварот на Астон Вила против Челзи, во 19 минута се одржал едноминутен аплауз, посветен на бројот 19 на неговиот дрес. Според изјавата на неговиот претставник Стивен Хјуз за Скај спортс, тој нема намера да се повлече од фудбалот.[4]

Наводи[уреди]

  1. „Statistics“. Premier League. http://www.premierleague.com/staticFiles/c2/3b/0,,12306~146370,00.pdf. конс. 10 јануари 2010. 
  2. „Premier League Player Profile“. Premier League. http://www.premierleague.com/page/PlayerProfile/0,,12306~6834,00.html. конс. 11 март 2011. 
  3. | Бугарија: „Ќе победиш, капитену!“ e, Global Voices на македонски, проверено на 1 април 2012.
  4. | Stiliyan Petrov 'not quitting' as fans join for 19th minute round of applause, Метро, проверено на 1 април 2012.

Надворешни врски[уреди]