Стефан (крал на Англија)

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Стефан
Stepan Blois.jpg
Крал на Англија (Прво владеењеmore...)
На престол 22 декември 1135 – април 1141 (5 години)
Крунисување 26 декември 1135
Претходник Хенри I
Наследник Матилда
Крал на Англија (Второ владеење; more...)
На престол ноември 1141 – 25 октомври 1154
Претходник Матилда
Наследник Хенри II
Придружник Матилда
Деца
Евстахиј IV
Вилијам I
Марија I
Династија Династија Блоа
Татко Стефан II Блоа
Мајка Адела
Почивалиште Kent

Стефан (англиски: Stephen of England) (1096 — 25 октомври 1154) бил крал на Англија во периодот од 1135 до 1154 година. Тој бил последниот крал на Англија од Норманската династија. На кралскиот трон се качил во 1135 година.

Татко на Стефан бил Стефан II Блоа, а мајка му бил Адела, ќерка на Вилијам I. По смртта на Хенри I, наместо да на англискиот престол застане неговата ќерка Матилда, за нов крал бил прогласен Стефан. Малку пред неговата смрт, тој абдицирал во корист на својот роднина Хенри II, син на Матилда.

Крал на Англија[уреди]

По смртта на Хенри I во 1135 година, голем број од бароните се заколниле дека ќе ја подржат Матилда да биде идната кралица на Англија. Сепак, по смртта на Хенри, Стефан Блоа го изразил своето право на престолот бидејќи по мајчина линија, тој бил внук на Вилијам Освојувачот. Исто така тој тврдел дека Хенри го променил своето мислење непосредно пред неговата смрт, и да Стефан го именувал за негов наследник. Кога тој бил крунисан за крал, тој ја добил поголемата подршка од страна на бароните и од самиот папа Инокентие II. Првата година од неговото владеење се одликува со стабилност во земјата, но од 1139 година започнала граѓанска војна.

Граѓанска војна[уреди]

Граѓанската војна во Англија била предизвикана од страна на Матилда и нејзините приврзаници. Во битката кај Линколн, на 2 февруари 1141 година Стивен бил заробен и однесен во Бристол. Тој бил разменет со еден од најзначајните команданти на Матилда. По ова, тој повторно се вратил на престолот.

Во 1142 година, под опсада бил ставен градот Оксфорд, но од опсадата Матилда успеала да побегне. Синот на Матилда, идниот Хенри II успеал со својата војска да навлезе во Англија. Сепак, на два пати тој бил поразен и оставен без пари за продолжување на битките.

Стивен бил принуден да пронајде компромис со Матилда. Според последниот договор, синот на Матилда, Хенри II, по смртта на Стивен ќе стане новиот крал.