Степски сокол
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| Степски сокол | |
|---|---|
| Степски сокол (Falco cherrug) | |
| Научна класификација | |
| Царство: | Животни |
| Колено: | Хордати |
| Класа: | Птици |
| Ред: | Штркови |
| Фамилија: | Соколовидни |
| Род: | Сокол |
| Вид: | F. cherrug |
| Биномен назив | |
| Falco cherrug Греј, 1834 |
|
Степскиот сокол (Falco cherrug), за разлика од сивиот е прилагоден да лови и цицачи. Имено, својот плен може да го улови и на земјата. Поголем е од сивиот сокол и може да совлада и поголем плен. Степскиот сокол во Македонија се среќава при неговата миграција кон неговите територии на размножување. Сеуште нема податоци за негово гнездење во Македонија. Бојата на степскиот сокол е темно кафена до светла, во зависност од регионот од кој потекнува. Во првата година младите соколи имаат сина боја на нозете и восковицата - делот кој се наоѓа веднаш над клунот.
Степскиот сокол е една од најупотребуваните птици во соколарството. Арапите го ценат како заслужен за преживување на нивните предци - Бедуините. Во минатото, храната на Бедуините била многу еднолична и се состоела од растенија и корења. Кога увиделе дека степскиот сокол со леснотија лови птици и зајци, го припитомиле и го искористиле за да дојдат до поквалитетна, протеинска храна. Од тогаш степскиот сокол "SAKER" претставува симбол во арапскиот свет. На банкнотата на Обединетите Арапски Емирати - дирхам, тој стои како неизбежен знак на препознатливост.
